MKENDE中文

Компанија

Профил

БЕРИН доо е меѓународно активна компанија формирана во 1992 год. Во почетокот скромно, давајќи услуги претежно на домашните фирми, а со текот на времето се разви во водечка компанија во областа на заштитата интелектуалната сопственост во република Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

Обезбедува ислуги во областа на ИС и застапува клиенти од целиот свет.

БЕРИН доо е специјализиран во постапките на трансфер на технологија, франжшизи, know-how или лиценцирање во југоисточна Европа. Исто така обезбедува услуги за своите клиенти и решава проблеми од обласа на правата на интелектуална сопственост.

БЕРИН доо вработува луѓе од најразлични профили, инженери од различни области како и правници и адвокати, повеќето од нив патентни застапници. Нашите вработени говорат многу странски јазици, кои им овозможуваат комуникација со клиенти и извршување на задачи и надвор од Македонија.

Во изминатите години БЕРИН доо. востанови многу ефективен и продуктен начин на заштита на трговските марки и патентите преку правни совети и поднесување на приговори, обезбедувајќи оптимална заштита на нашите клиенти.

Името БЕРИН доо денес е симбол за предана и успешна услуга извршена во интерес на на нашите клиенти. Обезбедениот континуиран и постојан растеж во минатото, се гаранција за квалитетни и професионални услуги за нашите клиенти и колеги низ светот.

Нашата листа на домашни и странски клиенти постојано се зголмува, вклучувајќи ги големите Европски и Прекуокеански комнании. Многу од нашите клиенти не избраа како регионални застапници за нивните случаи од интелектуалната сопственост во голем број земји од Југоисточна Европа.

Спремни сме за сорабока со застапници од целиот свет и подготвени да одговориме на сите прашања кои би ги имале од областа на интелектуалната сопственост.