MKENDE中文

Услуги

Авторскo правo ©*

Авторско право е термин под кој се подразбираат правата кои се однесуваат на креирањето, употребата и користењето на авторските дела односно специфични изрази на идеи и/информации.
Авторско дело претставува интелектуална творба, на лице или група на лица, од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување.

Агенцијата БЕРИН e авторска агенција која на своите клиенти им нуди:

[При застапување на автори и корисници на авторски дела]

  • Составување на авторски договори , со домашни и меѓународни автори;
  • Посредување при исплата на авторски надомести;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на авторските права;
[Останати услуги]
  • Регистрација на авторски дела;
  • Застапување и водење на судски спорови;
  • Судски вештачења,експертски и економски.

*© е знак кој се употребува за означување на авторските дела, покрај името на нивниот носител, како предупредување дека нивната употреба е можна само со негова согласност.
© - е кратенка изведена од терминот "copyright" и буквално значи „право на копирање“.