MKENDE中文

Новости

РЕФОРМИ ВО РЕГИСТРАЦИЈАТА НА ТРГОВСКИТЕ МАРКИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

16.02.2016

ОД 23 МАРТ, КОМУНИТАРНИТЕ ТРГОВСКИ МАРКИ СТАНУВААТ ТРГОВСКИ МАРКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, А OHIM (ЗАВОДОТ ЗА ХАРМОНИЗАЦИЈА НА ВНАТРЕШНИОТ ПАЗАР) СЕ ПРЕИМЕНУВА ВО (Завод за интелектуална сопственост на Европската Унија)

 

Допонително на неодамнешната реформа на Регулативата за трговска марка на Заедницата (Регулатива (ЕУ) 2015/2424 на Европскиот парламент и на Советот од 16 декември 2015 година, за измени на Регулативата на Советот (ЕЗ) бр 207/2009 година, за трговска марка на Заедницата), почнувајќи од 23 Март 2016 година, нова практика ќе биде воведена во врска со трговски марки на Заедницата. Меѓу главните промени ги напомнуваме:

 

- Заводот за хармонизација на внатрешниот пазар (OHIM) ќе биде преименуван во Завод за интелектуална сопственост на Европска Унија (EUIPO);

- Комунитарните трговски марки ќе бидат преименувани во трговски марки на Европската унија (ЕУ);

- Спроведен е нов систем на една такса-по-класа за пријава и обновување;

- Трговска марка која опфаќа заглавје на класа од Ничанската класификација на производи и услуги е заштитена само во однос на оние стоки и услуги кои буквално се наведенни во релевантната класа, а не во поглед на сите стоки и услуги што се во соодветната класа.

Сопствениците на комунитарни трговски марки поднесени до 22 јуни, 2012 година и регистрирани за најмалку едно цело заглавје на класа на Ничанската класификација на производи и услуги имаат можност да детализираат спецификација на производ врз основа барање до EUIPO, не подоцна од 24 септември 2016 година.

Отсуство на било кое појаснување на заглавје на класа во рамките на споменатиот рок, или во случај на задоцнета изјава, регистрацијата ќе се смета дека ги опфаќа исклучиво стоките и услугите кои се јасно вклучени во буквалното значење на тоа заглавје.