MKENDE中文

Новости

Одржано 80-то собрание на Европскиот патентен институт (EPI)

25.04.2016

На 23 Април во Атина, Грција редовните членови на собранието на Европскиот патентен институт (EPI) Марија Ќосеска, Ванчо Дамјански и Богољуб Илиевски од БЕРИН присуствуваа на 80-то собрание како претставници на Македонската делегација.

На ова собрание, на коешто беа присутни вкупно 130 членови од 38 Европски земји се дискутираше за актуелните предизвици со кои се соочува институтот во поглед на најавените промени  во Европскиот патентен систем.  

Исто така, делегатите со тајно гласање решија да не се менува системот на распоред на преставници во собранието , така што Македонија и во следниот мандат ќе биде преставена со 4 членови.

Како вовед во собранието беше одржан и семинар кадешто беа претставени најновите случувања во поглед на ратификацијата на Унитарниот патентен систем и патентен суд како и едукативна работилница на тема “Инвентивен чекор кај патентните”.