MKENDE中文

Новости

„БРЕГЗИТ” И ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ (ПАТЕНТИ, ДИЗАЈН, МАРКИ И АВТОРСКИ ПРАВА)

02.07.2016

Пријатели! Како застапници во областа на правата на интелектуална сопственост (патенти, индустриски дизајн, трговски марки и авторски права), а по повод излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ве известуваме дека овој чин може да влијае на статусот на вашите права. Поединечно за секое право, како првична информација ги даваме следните толкувања. 

ПАТЕНТИ: Европскиот унитарен патент (ЕУП) и Европскиотт обединет патентен суд (ЕПК) нема да стапат во сила до 2017 година. Европската патентна конвенција (ЕПО) и Европскиот патентен завод (ЕПЗ) во Минхен не се директно поврзани со Европската Унија, што значи дека вашите стекнати права и постоечки британски и европски патенти нема да бидат засегнати. Постапката за патентна заштита ќе се спроведува, стекнува и одржува на ист начин како што беше случај и досега.

ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН И ТРГОВСКИ МАРКИ: Европските индустриски дизајни и трговски марки кои биле заштитени во Европската унија преку Заводот за интелектуална сопственост на ЕУ (ЕУИПО) во Аликанте, а со кои била опфатена и Велика Британија можно е да престанат да важат по завршувањето на преговорите за излез на земјата од ЕУ (претпоставка е некаде 2018/19). Во моментов не постои целосно јасно законско решение, но треба да се има предвид и да се внимава на „слободните јавачи” (кратци) кои можат да се обидат да и наштетат или ја украдат вашата марка. Со цел да се осигурате од такви злоупотреби ве молиме да се консултирате со нас за секоја марка поединечно. Нашите експерти ќе ви дадат соодветна, релевантна и оптимална солуција која може да се предложи овој момент.

АВТОРСКИ ПРАВА: Согласно Бернската конвенција, авторските права се штитат со самото настанување на територија на целиот свет (територија на земјите потписнички на конвенцијата), такашто некое директно влијание на БРЕГЗИТ не се наѕира во овој момент. Агенцијата за ИС „Берин” и натаму повикува на депонирање на правата кои се важни за вас, со што се обезбедува сведоштво за приоритетот на вашето дело.