MKENDE中文

Новости

На крајот од 37мата изложба МАКИНОВА доделена традиционалната беринова награда

22.10.2016

АГЕНЦИЈАТА БЕРИН ДОДЕЛИ ПАРИЧНА НАГРАДА И ПЛАКЕТА НА МАКИНОВА 2016 - НАГРАДЕН МЛАДИОТ ИНВЕНТОР: ФИЛИП РУМЕНОВСКИ

Берин ја додели наградата по 22 пат. Овој пат награден беше младиот иноватор Филип РУМЕНОВСКИ за пронајдокот "Ласерски алармен систем". Наградата беше врачена од страна на партнер- основач на Агенцијата Ѓ-ѓа Лилјана Филипова, дипл.инж., европски и македонски патентен застапник. На наградениот му честитаме и му посакуваме натамошни успеси во кариерата. На церемонијата присуствуваше и проф. д-р Ѓорѓи Филипов, основач на Агенцијата, европски и македонски патентен застапник.