MKENDE中文

Новости

ЗА ДИГИТАЛНИОТ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

26.10.2016

Во рамки на Месечните лингвистички средби „COLLOQUIA LINGUISTICA” на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика "Божидар Видоески" при Македонакста академија на науките и уметностите (МАНУ), на ден 26. 10. 2016г,  на тема „ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И АВТОРСКИ ПРАВА” говореше д-р Ѓорѓи Филипов, основач на Агенцијата за интелектуална сопственост - БЕРИН.  Дипл.инж. информатичар и основач на компанијата САМ97 од Берлин, Шинаси Деребеј, излагаше на тема „КОРПУС НА ДИГИТАЛНИОТ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК”. Предавањата предизвикаа широка дискусија и коментари, но најзначајно беше тоа што се иницијализира концепцијата за обединување на напорите да се создаде вистински, убедителен корпус на македонскиот јазик со почитување на правата на авторите, чии дела се внесуваат како составен дел на корпусот. Дигиталниот речник е значаен сегмент за препознавање на ентитетот на македонскиот народ во ова време на дигитализација. Ресурсите, материјалните како и кадровските, што се на располагање за креација на ова дело се мали и штета е да се дисперзираат. БЕРИН и Сам97 им благодарат на МАНУ и на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика и на академик Луан Старова за поддршката околу организацијата на предавањата.