MKENDE中文

Новости

УЧЕСТВО НА ЗАСТАПНИКОТ ИЛИЕВСКИ ОД „БЕРИН” НА 83та СРЕДБА НА ПОСТОЈАНИОТ КОМИТЕТ ЗА ТЕХНИЧКИ И ОПЕРАТИВНИ ДЕЈНОСТИ ПРИ ЕПО

04.11.2016

Дипл. инж. Богољуб Илиевски, македонски и европски патент застапнки (МЗИС & ЕПЗ), шеф на Оделот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН,  во име на Европскиот Патент Институт (ЕПИ), учествуваше во работата  на Постојниот Комитет за Технички и Оперативни дејности при ЕПО, која што  заседаваше во Европскиот Патент Завод во Хаг на  3 ноември 2016г. 

 

Илиевски е одговорен за спроведување на Системот за менаџирање на квалитет во рамките на ИСО стандардот 9001:2008 во Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН. Со својата работа во областа, тој придонесе кон плодоносна размена на искуствата при имплементација на системот на квалитет во компании, кои се бават со професионално застапништво пред Европскиот Патентен Завод (ЕПЗ).