MKENDE中文

Новости

На филoлoшкиот факултет „Блаже Конески“ се одржа работилница за правна заштита на преведувачите

11.12.2016

Во организација на Здружението на преведувачи на Македонија на 10.12.2016 во Амфитеатарот на Филолошкиот Факултет во Скопје беше одржана работилница за правната заштита на преведувачите.

Нашата авторска агенција, претставувана од управителот Ванчо Дамјански, се одзва на поканата на организаторот и го даде својот придонес со осврт на улогата на авторските агенции во системот на заштита на авторските права на преведувачите. Многу прашања и многу аспекти беа обработени во непосредна работна атмосфера. Честитки до организаторот и учесниците!