MKENDE中文

Новости

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ИЗДАДЕНИ ПАТЕНТИ ВО САД ВО 2016

16.01.2017

Според статистиката на Заводот за патенти и марки на САД, изминатата 2016 година е одбележана со зголемен пораст на издадени патенти во однос на претходните години. Имено, вкупниот број на издадени патенти во 2016 година изнесува 334.673  што претставува зголемување за 7.793, односно 2,4% во однос на 2015 година.

Во 2016 година се објавени вкупно 381.792 патенти, што претставува благо опаѓање за 791 во однос на бројот на објавени патенти во 2015 година. Од вкупно објавените патенти во 2016 година, 90.61%  се  корисни патенти (мали патенти), 8.6 % патенти за дизајн  и по 1% им припаѓа на патенти за нови растителни видови, обновени патенти и на отфрлените.

Интересен тренд е забeлежан кај приватниот сектор,  односно кај компаниите кои во 2016 година се јавуваат како најголеми носители на патенти. Само за визуелилзација, на компанијата IBM се издадени 8088 исправи за регистрирани патенти, на SAMSUNG ELECT 7119,  на CANON 3758, додека на GOOGLE 3294. За разлика од компаниите, најголем носител на патенти меѓу универзитетите е  Универзитот Калифорнија со вкупно 520 патенти.  

Се чини дека битен фактор што придонесува трендот на пораст на компаниите како  носители на корисни патенти е нивната интенција да ги подобрат своите производи и усовршат процесита на работа.  Корисни патенти  на компаниите соодвествуваат со нивната стратегија, односно портфолијата на патенти вршат подбра заштита на нивните производи и насоки, или ги заштитуваат од употреба производите, како и остварување профит преку лиценцирање, продажба или спроведување на патентите.

Друг интересен тренд забележан во статистичките податоци на Заводот за патенти и марки на САД е  зголемување на стапката на напуштени патенти  од 18,6% во 2012 година на 21,6% во 2016 година.