MKENDE中文

Новости

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ СОСТАНОК НА ПОСТОЈНОТО СОВЕТОДАВНО ТЕЛО ПРЕД ЕВРОПСКАТА ПАТЕНТА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МИНХЕН

25.01.2017

Нашиот застапник дипл. инж. Богољуб Илиевски учествуваше на Првиот состанок на Постојаното Советодавното Тело пред Европската Патентна Организација (SACEPO), што се одржа на 17 јануари 2017 г. во Минхен (Германија).

Оваа нова тело, SACEPO во рамки на Пот-комитетот беше создадено со одлуката на претседателот на Европската Патентна Организација (ЕПО), со цел да се  обезбеди уште еден канал за собирање на повратни информации за квалитет на ЕПO врз основа на искуствата на големи групи на корисници. Тоа претставува дел од пошироката стратегија на ЕПO за постојано подобрување на своите услуги, како и начините на кои корисниците и Европскиот Завод комуницираат едни со други. Нашиот застапник дипл. инж. Богољуб Илиевски, македонски и европски патентен застапник (МЗИС & ЕПЗ), шеф на Оделот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН, е претставник на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ) во ова тело за период од 2017г - 2020г.  

 На средбата присуствуваа разновиден спектар на учесници од индустријата, патент професија и организации, вклучувајќи патентни застапници од различни земји-членки на ЕПО, претставници на Европскиот Патентен Завод и бизнис во Европа, како и к групи-корисници од Јапонија, Кина, Кореја и САД.

 Назначувањето на Илиевски како делегат на Европскиот Патентен Институт во ова советаодавно тело е големо лично признание, како и признание за квалитетот на услугите што ги врши Агенцијата Берин на европско и светско ниво, која одамна воведе ИСО 9001 во своето работење. Илиевски, е одговорен за спроведување на Системот за менаџирање на квалитет во рамките на ИСО стандардот 9001:2015 во Агенцијата Берин. Со својата работа во областа, тој придонесе кон плодоносна размена на искуствата при имплементација на системот на квалитет во компании, кои се бават со професионално застапништво пред Европскиот Патентен Завод и коишто се крајни корисници на производите и услугите на таа организација.