MKENDE中文

Новости

КОМПАНИЈАТА TESLA ГО ПРОМЕНИ ЛОГОТО ЗА ВОЗИЛАТА MODEL 3

13.02.2017

Пред десетина дена познатата компанија Tesla го промени изгледот на логото за возилата Model 3, така што, наместо досегашните три паралелни ленти, новото лого е со цифрата 3. Од компанијата трвдат дека ваквата промена е стилска промена. Сепак, судските документи укажуваат на фактото дека Adidas имал влијание за ваквата промена.

Имено, Tesla поднел барање за признавање на правото на трговска марка во изглед со три линии во март 2016 година,  и тоа за класите 22,25 и 39. По објавувањето на трговска марка, во август 2016, Adidas поднел  приговор до Заводот за петенти и марки во САД, со кое Adidas укажал дека трите линии на старото лого на електронските возила Model 3 на Tesla, се слични со логото нa „3 Stripes Mark“ на Adidas. Во својот понатамошен приговор Adidas наведува дека нивното лого датира од далечната 1952 и е познат бренд за чија промоција под тоа лого имаат потрошено стотици милиони долари. 

Повеќе информации на следниот линк: http://www.geekwire.com/2017/court-documents-show-tesla-tweaked-model-3-logo-amid-trademark-fight-adidas/