MKENDE中文

Новости

СИМПОЗИУМ ЗА НАНОТЕХНОЛОГИЈА И ПЛЕНУМ НА ЕВРОПСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ ВО САЛЦБУРГ

09.03.2017

Основачите на Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО, дипл. инж. Лилјана Филипова и прпф. д-р Ѓорѓи Филипов, амбасадор, македонски и европски патентни застапници, присуствуваа на два настана во Салцбург и тоа на 3 март 2017 на "Симпозиумот за нанотехнологија" и на 4 март 2017 на "Свечениот Пленум на Европската академија на науките и уметностите".

Настаните беа организирани од страна на Академијата, а под покровителство на Владата на Австрија, Универзитето Салцбург и Универзитетот Моцартеум, како и од компанијата "Шефлер". На симпозиумот беа прикажани најновите достигнувања во областа на нанотехнологијата од страна на професорите: Ханс Зункел, Марцел ван де Воорде, Штефано Лоби, Иван Штих ("Атом по атом"), Мартин Шлот ("Магнетстко складирање на податоци"), Ханс Јерг Фехт ("Напредно производство преку конвергенција од микро кон нанотехнологиа / топ даун верзус ботом ап"), Херберт Глајтер ("Нано стакла: врата кон нов свет на технологиите"), Ернест Вагнер ("Наномедицина / стратеии кон целна терапија"), Биргит Шпенкух ("Развој и примена на наночестички како систем за примање лекови во терапија на болни од рак"), а дискусијата ја модерираше проф. Бригите Таг. На пленумот покрај поздравните говори на претседателката на Парламентот на сојузната држава Салцбург, Бригита Палауф и претседателот на Академијата, проф. Феликс Унгер и доделувањето на уверенијата на новопримените членови, посебно внимание предизвика импресивното предавање на најмладиот редовен професор на Виенскиот Универзитет, д-р Михаел Ајхмајр (30 год.),  под наслов: "Од Дидо, кралицата на Картагена, до теоријата на црните дупки". 

Меѓу другото, претставниците од БЕРИН остварија разговори со претседателот проф. Ункер, потпретседателката на академијата, проф. Таг, проф. Глајтер, како и со ѕвездата на настанот - на јмладиот професор Ајхмајр, како и со останати колеги со кои беа дискутирани и потенцирани предизвиците на патентната заштита и авторски права врз пронајдоците и откритијата, односно научните трудови од областа на нанотехнологијата.