MKENDE中文

Новости

ОБЈАВЕНА 3 МИЛИОНИТАТА МЕЃУНАРОДНА ПАТЕНТНА ПРИЈАВА ПРЕД WIPO

09.03.2017

Во услови на голема несигурност, со која се соочува економијата во светски рамки, е забележан пораст на глобалната економија на знаење. Имено, во февруари 2017 г. Светската Организација за Интелектуална Сопственост (WIPO)  ја објави 3 милионитата патентна пријава во рамки на својот Дoговор за соработка во областа на патентите (PCT).

Инаку, овој Договор стапи во сила во 1978г. Во првите 26 години од неговата примена, односно до 2004г, бројот на апликации според истиот беше достигнал до 1 милион.  За разлика од тој период, во последните 12 години бројот на пријави бележи забрзан раст.

 

Подносител на 3 милионитата патентна пријава е Fraunhofer Gesellschaft zur Forderung der angewandten Forschung e.V. (Fraunhofer) од Германија.

Повеќе информации се достапни на следниот линк: http://www.wipo.int/wipo_magazine/en/2017/01/article_0001.html .