中文
DE
EN
  • Компанија
  • Услуги
  • Тим
  • Држави
  • Новости
  • Контакт

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА "БЕРИН ИЗВОР" НА БОРИС ЏОРЏЕВ

08.07.2017

На ден 5 јули 2017 година, во Народната библиотека на Пирот (Р. Србија) се одржа промоција на книгата "БЕРИН ИЗВОР", чиј автор е г-нот Борис Џорџев. 

Книгата претставува монографија за селото Берин, во околината на Пирот, кое што оваа година одбележува 200 години постоење. Излегувањето од печат на книга е со спонзортсво на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје. 

На промоцијата на оваа монографија учествуваше и основачот на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, проф. д-р Ѓорѓи Филипов. Меѓу многубројни посетители на промоцијата беа присутни и пријатели, сонародници и деловни соработници на проф. д-р Филипов од Источна Србија. 

Facebook Twitter LinkedIn Email Print

Друштво за интелектуална сопственост Берин ДОО

ул. Македонија 27/2/22
П.Фах 026, 1000 Скопје,
Република Македонија
++389 2 3209 111
++389 2 3130 398
berin@berin.com.mk

Berin International GmbH
 

Jurekgasse 1/1/11
1150 Vienna,
Austria
+43 664 2629742
+43 1 89 22 960
office@berin-ip.com

Следете нѐ

  •  

за актуелните случувања во областа на ИС!

Aвторски права: © 2017 Берин ДОО. Услови за користење

АГЕНЦИЈАТА “БЕРИН” НA “INTELLECTUAL PROPERTY SERVICE WORLD 2018” ВО МИНХЕН

27.11.2018

Дипл. инж. Ванчо Дамјански, европски и македонски патентен застапник, извршен директор на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” и дипл. инж. Богољуб Илиевски, европски и македонски патентен застапник и шеф на Одделот за патенти, учествуваа на Европската конференција и на Саемот на услуги од областа на индустриската сопственост “IP SERVICE WORLD 2018” (26-27.11.2018), кои по 9ти пат се одржаа во Минхен, седиште на Европската патентна организација и на Германскиот завод за патенти и марки. Претставниците на Берин присуствуваа на 60 предавања, панели и тркалезни маси. Тие имаа прилика да ги слушнат и да се сретнат со Steve Gong (Google), Belinda Gascoyne (IBM), Michael Gollwitzer (Siemens), B.Josuhn-Kadner (General Electric), Markus Bedenbecker (BMW), Benjamin Paul (Osram) и со многу други корисници на услуги и еминентни експерти од областа на индустриската сопственост. На конференцијата учествуваа 550 патентни застапници, кои разменуваа искуства на теми од индустриската сопственост и поврзаноста со иновациите, индустриските трендови, софтверски решенија, блокчејн, вештачката интелигенција и менаџментот на интелектуалната сопственост. На Саемот за услуги во индустриска сопственост своите капацитети ги претставија 75 изложувачи од 55 земји од светот. „Берин” настапи на самостоен штанд, преку презентации и разговори запознавајќи ги посетителите на саемот и учесниците на конференцијата со услугите што ги пружа во областа на патентите, трговските марки и индустрискиот дизајн. Дамјански и Илиевски реализираа десетина средби со претставници на повеќе компании корисници, но и со провајдери на услуги во областа на индустриската сопственост. Особена чест на Берин му направи директорот на Google, одговорен за патенти, Стив Гонг, кој го посети штандот на компанијата и се задржа на ручек и разговор за предизвиците што ја очекуваат интелектуалната сопственост во блиска иднина. Агенцијата Берин беше единствен претставник на саемот од регионот на Југоисточна Европа.

ПРЕТСТАВНИЦИ НА “БЕРИН” НА 85. СОВЕТ НА ЕВРОПСКИТЕ ПАТЕНТНИ ЗАСТАПНИЦИ ВО ХЕЛСИНКИ (9-11.11.2018), ФИНСКА

11.11.2018

М-р Марија Ќосеска, диа, европски патентен застапник, амб. проф. д-р Ѓорѓи Филипов, европски патентен застапник и Лилјана Филипова, дипл. инж, европски патентен застапник учествуваа во работата на 85. Совет на европските патентни застапници, којшто се одржа во Хелсинки во периодот од 9.-11. Ноември 2018. Во работата на советот учествуваа околу 200 застапници од 38те земји потписнички на Европската патентна конвенција. Првиот ден беше одржан семинар на тема „Најновиот развој во Европската патентна организација”, иницирана по отпочнување на мандатот на новиот претседател на ЕПО, Антонио Кампинос. Невообичаено, на семинарот присуствуваа речиси сите делегати. 
Вториот ден беше посветен на работните извештаи поднесувани од претседавачот на Бордот, на генералниот секретар, на надлежниот за трезорот и на Комитетите за интерен аудит, за епи-финансии, за буџет, за ЕРРС, за ОСС, за By-Law, за ЕПО финансии, за дисциплина и за хармонизација. Претходно беше погледнато видео-обраќање на претседателот на ЕПО, Кампинос, а по секој поднесен извештај се поставуваа прашања или се коментираше изложеното. На крајот од работниот дел се одржа расправа на тема „Иднината на нашата (патентна) професија”, кадешто се дебатираше околу улогата на вештачката интелегенција во пронаоѓаштвото и во професијата на патентните застапници (ќе може ли робот да биде пронаоѓач или носител на право на патент), но и околу „жешката тема” - мал број на патентите пријави од земјите кои се приклучија на Европската патентна организација подоцна од земјите основачи (со исклучок на Словенија) после 2000 година. На 11. 11. 18, за делегатите беше организирана екскурзија со цел основно запознавање на културно-историските и техничко-технолошките достигнувања на Финска. Договорено е следната средба да се одржи во Софија, во март, 2019.

УЧЕНИЧКИ – ИНОВАТОРКИ: ЕВГЕНИЈА И НАДА, ДОБИТНИЧКИ НА ГОДИШНИТЕ БЕРИНОВИ НАГРАДИ НА „МАКИНОВА” И „ЕКОНОВА”

27.10.2018

Евгенија Дивитарова од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” од Битола за пронајдокот “CNC машина за гравирање со ласер” (МАКИНОВА) и Нада Бакаловска од ОСУ „Ацо Русковски”, од Берово за пронајдокот “Маст за изгореници” (ЕКОНОВА) се добитнички на традиционалните парични награди со дипломи (златени медаљи за младинско творештво), што ги доделува Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин”. Наградите на младите пронајдувачки им ги додели заменик директоррот на „Берин”, дипл. инж. Богољуб Илиевски, европски и македонски патентен застапник, делегат во Советот на Европскиот патентен институт во Минхен. Берин им честита на наградените и ги очекува со нивни нови проекти кандидати за македонски и европски патенти... Агенцијата и оваа година активно учествуваше на сите настани поврзани со пронајдувачите и пронаоѓаштвото, заштитата на индустрискиот дизајн и пронајдоците со право на патент, коишто се одвиваа за време на МАКИНОВА и ЕКОНОВА 2018, (23-28.10.2018), организирани од Народна техника на Македонија и Сојузот на пронајдувачи и автори на технички унапредувања на Македонија (СПАТУМ). Така, член на Комисијата за оценување на пронајдоците беше дипл.инж. Ванчо Дамјански, извршен директор на компанијата, македонски и европски патентен застапник, делегат и член на Дисциплинаската комисија на Европскиот патентен институт во Минхен... Основачот на компанијата „Берин”, амбасадорот проф. д-р Ѓорѓи Филипов, претседател на Сојузот на пронајдувачи на Македонија (СПАТУМ) од 2000та до 2005та година одржа предавање на тема „Цели на пронаоѓаштвото и актуелни состојби со патентите во информатичко-комуникациските технологии”. Предавањето беше посветено на јубилеите „70 години Народна техника” и „60 години на Сојузот на пронајдувачи и автори на технички унапредувања на Македонија (СПАТУМ)”. Д-р Ѓорѓи Филипов се задржа неколку часа во разгледување на изложените пронајдоци, во друштво со пронајдувачите и членовите на Комисијата за оценка, како и со дел од менаџментот на Народна техника на Македонија, претседателот, Зоран Тодоров и Пере Митрев.

УСПЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ИЗЛОЖБА ЗА ПРОНАЈДОЦИ ”TAIWAN INNOTECH EXPO” во Тајпеј

01.10.2018

Изложбата на пронајдоци и нови технологии ”Taiwan INNO TECH EXPO” (Порано позната како TAIPEI INT'L INVENTION SHOW & TECHNOMART односно TAIPEI INST) која е дел од активностите на Бирото за трговија на Тајван, а ја организира  Тајванската организација за промоција на меѓународната трговија(TAITRA), оваа година од 27 –ми до 29 -ти Септември се оджа на површина од 17000 м2, во Меѓународниот Изложбен Центар во Тајпеј со учество на 565 учесници кој заедно со глобалниот настан паралелно беше организиран e-Commerce Expo Asia 2018 беше посетен од 77.0000 посетители.
Во натпреварувачкиот дел од изложбата беа пријавени 480 пронајдоци од 24 земји меѓу кои и еден пронајдок од Македонија кој го претставуваше Агенцијата за Интелектуална Сопственост Берин . 
Пронајдокот на пронјадувачот Виктор Настев, Паметни барииери за намалување на брзина(Smart Bumps) освои сребрен медал, во официјалната конкуренција, што е голем успех за овој пронајдок кој сосема се вклопуваќе во темата на изложбата Одржливост, Иновативни пронајдоци и технологии на иднината.
Надвор од официјалната конкуренција два пронајдоци на македонски пронаоѓачи беа успешно преставени на изложбата: ”Колан за прицврстување на кошула” на тандемот Кристијан Поповски и Ненад Пантовиќ и ”Постројките за прочистување на вода кои користат био филтри ” од Јоти Поповски. 

ДИПЛОМАТСКИ ЛЕТОПИС

31.08.2018

Во рамките на активностите на Дипломатскиот клуб Скопје, а по повод 25 години од зачленувањето на Република Македонија во Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС), проф. д-р Ѓорѓи Филипов даде свој осврт на оваа тема.

Стручниот труд е објавен во Дипломатскиот летопис број 5, од јуни 2018год., каде особено се разгледуваат: создавањето на правната регулатива во РМ како основа за зачленување во СОИС, зачетоците на присуството на претставници на РМ во седиштето на СОИС во Женева, како и формирањето на Заводот за заштита на индустриската сопственост на РМ и негово активирање на работата на СОИС.

Акцент во трудот е даден на пристапувањето кон договорите администрирани од СОИС, односно континуитетот на соработката на Република Македонија со Светската организација за интелектуална сопственост од 1993год. до денес.

Целосниот текст на стручниот труд на проф. д-р Филипов може да се прочита на следниот линк.

 

 

ПРЕДАВАЊЕ НА ПРОФ. Д-Р ЃОРГИ ФИЛИПОВ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА СААРЛАНД

20.07.2018

На покана на „Еуропа институт” од „Универзитетот на Саарланд” во Саарбрикен,Германија, проф. д-р Ѓорѓи Филипов на 18 јули 2018 одржа предавање на тема „Патенти”. Предавањето беше вклопено во рамките на Летната школа „Европско конкурентско право и заштита на правата на интелектуална сопственост” (8-21 јули 2018), организирана за постдипломци и докторанти од земјите на Југоисточна Европа и Германија.

За време на три школски часа, Филипов се задржа на карактеристиките и предизвиците на Договорот за соработка во областа на патентите (Patent Cooperation Treaty) и Европскиот патентен систем, правејќи компарација со патентните системи на САД, Јапонија, Кореја и Кина. Во рамките на посетата на Универзитеот во Саарланд, Филипов беше запознат и со работата на Факултететите и институтите за информатички науки и комјутерско инженерство на овој универзитет (пандан на ФИНКИ на УКИМ). 

Проф. Филипов и Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН изразуваат благодарност до Еуропа институтот,  проф. д-р Томас Гигерих (директор на институтот),  проф. д-р Неда Здравева (координатор на македонската група учесници), до магистрите Марајке, Јана, Реги, како и кон докторантите  Доминик и Јаник за приемот и асистенцијата во текот на престојот. Посебна благодарност им упатува на слушателите кои беа активни учесници во наставата.

ПАТЕНТИ

ПАТЕНТ*е збир од исклучиви права дадени од страна на државата на сопственикот патентот (пронаоѓач или носител) за определен временски период во замена за уредено откривање на определени детали на пронајдокот кој може да биде, уред, постапка, начин или состав кој е нов, кој поседува иновативен придонес и е употреблив односно е индустриски применлив. 

Берин доо нуди услуги од областа на заштитата на патентите во следните сегменти:

  • Пребарување, во патентни бази
  • Составување и уредување на патентни спецификации, за пронајдоци од сите области на техниката(фармација, машинство, хемија, електротехника и др.
  • Регистрација на национални патенти, во сите земји од регионот
  • Меѓународна регистрација на патенти:, Поднесување на PCT пријави
  • Застапување пред EPO:, Водење на постапки за признавање на европски патенти пред ЕПО
  • Валидација на европски патенти, пред сите национални заводи
  • Екстензија на европски патенти, пред придружните членки на ЕПО
  • Стручен превод, на патентни спецификации на и од Македонски, Англиски, Германски, Албански, Српски, Хрватски, Словенечки, Бугарски, Турски, Романски, Грчки, Руски и Француски
  • Уредување на патентни спецификаци во согласност со националните законодавства на државите, и подготовка на одговори на приговори и забелешки во фаза на испитување
  • Ануитети:, Одржување на патенти
  • TCM:, Постапки за издавање на дополнителен сертификат за продолжување на важење на патенти
  • Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на патентни права
  • Проценки:, Вредносна евалуација на Патенти и пронајдоци
  • Преноси на право,

*Терминот ПАТЕНТ потекнува од Латинскиот збор patere кој значи „да биде отворено“ (да биде ставено на увид на јавноста) и поимот letters patent, што изворно означувало благороднички декрет со кој се дава исклучиви права на определено лице или дејност.

ТРГОВСКИ МАРКИ

TРГОВСКА МАРКА е право од индустриска сопственост кое се однесува на одреден препознатлив знак кој се употребува од страна на лице, организација или правни субјекти за единствено означување на нивните производи и/или услуги пред потрошувачите, како и за разликување на нивните производи од оние на други субјекти. 

[При водење на управни постапки]

  • Пребарување, во меѓународните и домашните бази;
  • Регистрација на трговски марки , во сите земји од регионот;
  • Меѓународна регистрација на трговски марки;
  • Следење на пазарот и официјални публикации;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
  • Приговори, поднесување и одговарање;
  • Провизорни одбивања,-одговарање и поднесување на предлози;
  • Поништувања,
  • Постапки за промена во регистри,-( договори за пренос, промена на назив и адреса);
  • Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на трговски марки
[При судска заштита и спроведување]
  • Судски спорови;,
  • Медијација:, постапки за разрешување на спорови;
  • Барања за царински мерки;,
  • Инспекциски увид: увид и преземање мерки ;
[Останати услуги]
  • Следење на пазарот и официјални публикации;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
  • Проценки:, Вредносна евалуација на трговски марки

 

*Трговската марка вообичаено се состои од име, збор, израз, графичко лого, симбол, изглед, слика или комбинација од истите. Знакот ® се користи за означување на знаци кои се регистрирани со право на трговска марка, тој е еквивалентен со знакот ТМ кој се користи за територија на Северна Америка.

АВТОРСКИ ПРАВА

Авторско право е термин под кој се подразбираат правата кои се однесуваат на креирањето, употребата и користењето на авторските дела односно специфични изрази на идеи и/информации.
Авторско дело претставува интелектуална творба, на лице или група на лица, од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување.

Агенцијата БЕРИН e авторска агенција која на своите клиенти им нуди:

[При застапување на автори и корисници на авторски дела]

  • Составување на авторски договори , со домашни и меѓународни автори;
  • Посредување при исплата на авторски надомести;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на авторските права;
[Останати услуги]
  • Регистрација на авторски дела;
  • Застапување и водење на судски спорови;
  • Судски вештачења,експертски и економски.

*© е знак кој се употребува за означување на авторските дела, покрај името на нивниот носител, како предупредување дека нивната употреба е можна само со негова согласност.
© - е кратенка изведена од терминот "copyright" и буквално значи „право на копирање“.

ПРАВНО ЗАСТАПУВАЊЕ

Берин, преку својата мрежа од застапници, овластени за застапување пред сите административни и судски органи, обезбедува доверливо и професионално застапување на своите корисници во сите фази од остварувањето и заштитата на правата од интелектуална сопственост. Со континуирано следење на сите законски измени и пракса во соработка со нашите клиенти го обезбедуваме оптималниот исход на секоја започната постапка:

Застапувањето пред управните органи опфаќа

        • Застапување пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост
        • Застапување пред Царинските Органи во постапки поврзани со царински мерки од областа на ИС
        • Застапување пред државниот пазарен инспекторат
        • Застапување пред органите за заштита на конкуренцијата
        • Медијација:, постапки за разрешување на спорови
        • Застапување во Судски спорови;
        • Консултации и совети  од специфични области на правото на Интелектуалн сопственост
        • Анализа на закони и прописи во врска со области кои се однесуваат на интересите на нашите клиенти и нивните трансакции.
        • Длабинска техничка и правна анлиза на технички решемија и состојба со патентна заштита
        • Анализа на измените и дополнувањата на законите и прописите кои се од значење за корисниците и авторите
* Застапниците на Берин се единствените кои биле вклучени во расправи пред судот на Европскиот патентен завод (EPO), застапувајќи и бранејќи патентни спецификации од повеќе области и во име на значајни компании од регионот и пошироко.

ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН

ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН е право од индустриска сопственост кое се однесува на специфичен изглед или форма на на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или комбинација истите што ги задоволува условите на новост и особеност во однос на оние кои предходно и биле познати на јавноста. Индустрискиот дизајн претставува право кое на производите за кои е наменет им дава определен визуелен, естетски, ергономски, практичен или наменски квалитет кој ги разликува од пстанатите производи кои се присутни на пазарот.

Агенцијата БЕРИН во делот на регистрација и заштита на индустриските дизајни ги нуди следните услуги:

[При водење на управни постапки]

  • Пребарување, во меѓународните и домашните бази;
  • Регистрација на индустриски дизајн , во сите земји од регионот;
  • Меѓународна регистрација на индустриски дизајни;
  • Следење на пазарот и официјални публикации;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на индустриски дизајн;
  • Приговори, поднесување и одговарање;
  • Провизорни одбивања,-одговарање и поднесување на предлози;
  • Поништувања,
  • Постапки за промена во регистри,-( договори за пренос, промена на назив и адреса);
  • Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на трговски марки
[При судска заштита и спроведување]
  • Судски спорови;,
  • Медијација:, постапки за разрешување на спорови;
  • Барања за царински мерки;,
  • Инспекциски увид: увид и преземање мерки ;
[Останати услуги]
  • Следење на пазарот и официјални публикации;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
  • Проценки:, Вредносна евалуација на трговски марки

* Полињата се задолжителни.

ПРИЈАВА ЗА БЕРИН БИЛТЕН

Се пријавувам да добивам Берин Билтен на мојот e-mail*

* Полињата се задолжителни.

КОМПАНИЈА

  • Профил
  • Организација
  • Нашиот пат

Профил

Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН® доо е меѓународно активна компанија основана во 1992 год. На почеток компанијата пружа услуги претежно на домашни фирми, а со текот на времето се разви во водечка компанија во областа на заштитата на интелектуалната сопственост (ИС) во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

БЕРИН® е специјализирана фирма, којашто застапува или советува поединци и компании во постапките за поднесување на пријави и одржување на патенти за пронајдоци, индустриски дизајн, трговски марки, авторски и сродни права, трансфер на права од интелектуална сопственост, трансфер на технологија, франшизи, know-how или лиценцирање во Македонија, Југоисточна Европа, Европска Унија и во 38те земји членки на Европската патентна организација (ЕПО). Исто така, таа пружа и услуги за своите деловни партнери при решавање на судски спорови, спогодување, медијација, арбитража и советување во областа на правата на ИС.

БЕРИН® пружа услуги при исплата на авторски хонорари на автори од сите области на ИС.

Во БЕРИН® работат експерти од најразлични профили, инженери од различни области на техниката, како и правници, македонски и европски патентни застапници. Секој вработен говори, покрај мајчиниот и англискиот, барем уште еден јазик, којшто се зборува во Европа. БЕРИН® работи споредвостановен ИСО 9001 систем за ефективен и ефикасен начин на извршување и следење на процесот на заштита на патентите, индустрискиот дизајн, трговските марки и авторските права  воведен и контролиран од TÜV Rheinland со што се обезбедува оптимална заштита на правата од ИС на деловниот партнер.

БЕРИН® денес е симбол за посветена и успешна услуга извршена во интерес на на деловните партнери. Обезбедениот континуиран растеж е доказ и гаранција за квалитетот и професионалноста на услугите за нашите клиенти и колеги низ светот.
Листата на домашни и странски деловни партнери на БЕРИН® постојано се продолжува, вклучувајќи и големи европски, американски и азиски компании. Многу од тие фирми се застапувани од БЕРИН® на регионална основа за Југоисточна Европа и Европа во целост.

БЕРИН® е подготвена за сорабока во областа на ИС со застапници и компании од целиот свет. Тој што сака да соработува само треба да го допре знакот за контактирање. 

Организациона структура

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР ПАТЕНТИ ТРГОВСКИ МАРКИ АВТОРСКИ ПРАВА АЛБАНИЈА БУГАРИЈА ХРВАТСКА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА СРБИЈА КОСОВО ЦРНА ГОРА РОМАНИЈА ГРЦИЈА КИПАР ТУРЦИЈА WIPO ЗАСТАПУВАЊЕ & ИС КОНСАЛТИНГ СМЕТКОВОДСТВО ОДДЕЛИ ПУБЛИКАЦИИ BERININTERNATIONALВИЕНА [AT] ОДБОР ПРЕТСЕДАТЕЛ ТИМ ЗАМЕЃУНАРОДНИПРОЕКТИ EIPO EUIPO
  1. 1992
  2. 1993
  3. 1993
  4. 1994
  5. 1994
  6. 1995
  7. 1996
  8. 1997
  9. 2001
  10. 2004
  11. 2005
  12. 2009
  13. 2010
  14. 2012
  15. 2014
  16. 2015
  17. 2016
  18. 2017
  • Prev
  • Next
  1. 1992 : Основање
    Ѓорѓи Филипов решава да поведе постапка за формирање на компанија

  2. 1993 : Регистрација
    Одлука за основање на Претпријатие за маркетинг, истражување и развој БEРИН доо-Скопје

  3. 1993 : Патенти
    ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВАТА ПРИЈАВА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ПАТЕНТ

  4. 1994 : Партнерство
    Како содружник во друштвото се впишува Лилјана Марковска/Филипова

  5. 1994 : Први пријави за индустриски дизајн и трговска марка
    ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВИТЕ ПРИЈАВИ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН И РЕГИСТРАЦИЈА НА ТРГОВСКА МАРКА

  6. 1995 : Прва PCT пријава
    Поднесување на прва меѓународна пријава на патент на пронаоѓач од Република Македонија согласно ДСП (Договор за Проширување на Патенти)

  7. 1996 : Промоција на пронајдоци
    Настап на меѓународен саем за пронајдоци и освојување на Гранд При Еурека 1996

  8. 1997 : Meѓународнa заштита на трговски марки:
    Прва пријава поднесена според Мадридскиот аранжман за меѓународна регистрација на Трговски Марки

  9. 2001 : Меѓународна заштита на индустриски дизајн
    Прва пријава пред СОИС(WIPO) според Хашкиот аранжман за регистрација на индустриски дизајни

  10. 2004 : EPO Застапување
    Почеток на застапување пред Европскиот патентен завод

  11. 2005 : Застапување пред OHIM
    Почеток на застапување пред OHIM

  12. 2009 : Стручно застапување во Судски постапки
    Прва пресуда на Македонскиот суд во Судски спор за повреда на патент на лек

  13. 2010 : Сертификација
    Имплементиран и сертифициран систем за менаџмент со квалитет ISO 9001: 2008

  14. 2012 : Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен
    Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен- посетен од заменик директорот на ЕПО г-дин Жељко Топиќ

  15. 2014 : Проширување
    Основање на Berin International GmbH во Виена Австрија

  16. 2015 : Софтвер
    Воведување (Paperless) целосно електронско администрирање на постапките

  17. 2016 : Прв македонски патент во EPO
    Прв Македонски Патент признаен во Европска патентна организација

  18. 2017 : 25 години
    2 Канцеларии | 11 Вработени | 15 Стручни соработници | 250+ Партнери | 300 + Индустриски дизајни | 3000+ Патенти | 4000+ Трговски Марки | преку 5000 автори...

ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР ПАТЕНТИ ТРГОВСКИ МАРКИ АВТОРСКИ ПРАВА АЛБАНИЈА БУГАРИЈА ХРВАТСКА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА СРБИЈА КОСОВО ЦРНА ГОРА РОМАНИЈА ГРЦИЈА КИПАР ТУРЦИЈА WIPO ЗАСТАПУВАЊЕ & ИС КОНСАЛТИНГ СМЕТКОВОДСТВО ОДДЕЛИ ПУБЛИКАЦИИ BERININTERNATIONALВИЕНА [AT] ОДБОР ПРЕТСЕДАТЕЛ ТИМ ЗАМЕЃУНАРОДНИПРОЕКТИ EIPO EUIPO

Услови за користење

Следните  одредби, термини и услови се однесуваат на користењето на официјалниот сајт на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, Македонија (www.berin.mk). Ние го задржуваме правото на повремени измени или ажурирање на овие Услови за користење во зависност од потребите. Со користење на нашата веб страна, Вие се согласувате на обврзување со Условите за користење во нивната последна верзија објавени на веб страната.

Содржина

Содржината на оваа веб страна може да е сочинета од информации и/или материјали, вклучувајќи вести, мислења и статии објавени на нашата веб-страница, кои се наменети само за информативни цели во областа на индустриската сопственост.  Содржината не секогаш ќе претставува став, ниту правен совет на  Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, па затоа посетителите на веб страната за своите потреби и интереси, а во врска со содржината н веб страната, се охрабруваат да се консулитраат со стручни лица.

Авторски права

Сите права во веб-страница и содржината се задржани. Можете да пристапите, користење, репродукција и редистрибуираат било кој сегмент на содржина за Ваша некомерцијална употреба, под услов нашите авторски права да не бидат повредени. Потребен е изречна писмена дозвола за употреба на кој било дел од содржината за какви било други цели.

Линкови на трети страни

Нашата веб-страница може да содржи линкови до веб страни на трети лица. Немаме никаква контрола над веб страните на трети лица и не сме одговорни за нивната содржина, квалитет, веродостојност или нивната употреба. Ниту една од содржините кои се објавуваат на веб-страните на трети лица е привилегиран или доверлив. Оваа веб страна, нејзината содржина, како и било која трета страна врски се обезбедени "како што е".

Ограничување на одговорноста

Со поврзување до веб-сајт или веб страница на трети лица, не значи дека Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје одобрува таков веб-сајт или веб страница. Вие сте одговорни за преземање на мерки на претпазливост кои се потребни да се заштитите себе си и вашиот компјутерски систем од вируси други штетни или деструктивни содржини. Се оградуваме од секаква одговорност за било каква штета би можела да произлезе од вашата употреба на веб-сајтови и веб страни на трети лица. Не одговараме за квалитет, веродостојноста, комплетноста и/или точноста на дополнителни факти, неочекувани случувања или донесувањето на нови закони кои се дел од содржината на трети страни.

Заштита на податоци

Ние не собираме или обработка на лични податоци преку нашата веб страница.

Применливо право и надлежност

Овој веб-сајт, содржината и овие Услови на употреба се регулирани со македонското законодавство. Сите спорови кои произлегуваат од користење на нашата веб-страница, содржината или во врска со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и нивната важност, толкување и примена се доставува за решавање во надлежниот суд во Скопје.