Новости и ресурси

На 21.02.24 во Минхен се одржа средба на членовите на Комитетот за комерцијализација на интелектуалната сопственост (IPCC, IP Commercialization Committee), тело на Европскиот патентен институт (epi). Комитетот се состои од десет члена, експерти од областа. Со комитетот претседаваше Hans Blöche,  а во работата учествуваше и проф. д-р Ѓорѓи Филипов.

Договорот за валидација меѓу Европската патентна организација (EPO) и Грузија стапи на сила на 15-ти Јануари. Како резултат на тоа, пронаоѓачите и разните бизниси сега можат да ги валидираат своите Европски патентни апликации и патенти доделени од Европската канцеларија за патенти (EPO) во Грузија врз основа на националниот закон на земјата.

На 7-ми Декември, во Скопје се одржа свеченост по поводот 30тата годишнина од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост, којшто отпочна со работа на 1. Декември 1993.

НА 02.10.2023 ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА ИНДУСТРСКА СОПСТВЕНОСТ ЗАПОЧНА СО ПРИЕМ НА ОН-ЛАЈН ПРИЈАВИ

Нашата колешка Ивона Секуловска, застапник за индустриска сопственост, оваа година присуствуваше на 41-та годишна конференција на ЕCТА (Асоцијација за трговски марки на Европската заедница) во Прага.

На 1-јуни влезе во сила новиот систем за заштита на патенти во ЕУ кој овозможува на носителите на патенти да стекнат заштита на ниво на ЕУ со една апликација. 

Се одржа 94-от. совет на Европскиот патентен институт (ЕПИ) - асоцијација на европските патентни застапници во Малме, Шведска, на 2 и 3. Мај, 2023.

Петте најголеми светски заводи за Индустриска Сопственост (ИС5) го објавија стаистичкиот извештај за 2021 на својата веб-страница. 

На 21 и 22 Октомври 2022 се одржа 93-ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (епи). Состанокот на советот се одржа како физичка средба во Фуенгирола во близина на Малага (Шпанија).

Црна Гора стана 39та земја полноправен член Европската патентна организација. 

Редовниот есенски состанок на АНИПА (Асоцијација на национални комори и здруженија на патентни застапници и застапници за Трговски марки од Европа) се одржа во Истанбул 

Од 15-18 Јуни во Копенхаген се одржа 40 тата конференција на Ацосијацијата за трговски марки на Европската Унија (ECTA).

На 6 и 7 Мај 2022 се одржа 92—ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ). 

Во рамките на Конференцијата „Неделата на CEFTA 2021 – 15 години трговија“, која се одвиваше од 13-16 декември 2021 во Скопје, на 16.12.21 се одржа и панелна дискусија под назив „Правата на интелектуална сопственост (ИС) како поттик на трговијата и инвестициите“...

Претставници на Агенцијата БЕРИН активно учествуваа во дебатата околу предложената прва верзија на „Националната стратегија за интелектуална сопственост (2022-2026) на МК“

На 11-тата Конвенција и саем за интелектуална сопственост (ИС) којашто се одржа од 21-24 Ноември 2021 во Минхен (Германија) учествуваше и Агенцијата „Берин“ со двајца претставници

Oд 8-10 ноември 2021 г. се одржа 42-то издание МАКИНОВА, Меѓународната изложба за пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско-истражувачко и креативно творештво, како и 19-то издание на ЕКОНОВА, Меѓународна изложба на иновации, пронајдоци и идеи, чија цел е промоција на иновации за подобрување на животната средина. 

На 13 Ноември 2021 година со видеоконференција се одржа 91—ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ), на кој присуствуваа вкупно 188 члена, вклучувајќи тројца претставници од МК:  дипл. инж. Богољуб Илиевски во својство на потпретседател на Институтот и проф. д-р Ѓорѓи Филипов (двајцата постојани членови на Советот) и м-р. инж. Марија Ќосеска, како заменик член на Советот.

На 8 ноември 2021г., се одржа онлајн состанока на претседателот на Европската канцеларија за патенти  (ЕPO), Антонио Кампинос и г-дин Дарен Танг, генерален директор на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) и потпишаа нов Меморандум за разбирање за билатерална соработка,  со цел обновување нанивната заедничка посветеност за  подобрување на поддршката на меѓународниот патентен систем за иновациите.

Двајца претставници на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин“, проф. д-р Ѓорѓи Филипов и м-р Ивона Секуловска, учествуваа на 39тата годишна конференција на Асоцијацијата за трговски марки на Европската Унија, (European Community Trademark Association, ECTA) која се одржи во Виена (Австрија) од 21-22 октомври 2021 г.

Швајцарскиот федерален Врховен суд го потврди поништувањето на знакот за обликот на капсулите Nespresso. Беше апсолутно невозможно да се регистрира технички неопходна форма, дури и ако се воспостави како трговска марка на пазарот.

Светски реномираниот издавач на литература од областа на интелектуалната сопственост Walters Kluver од Холандија издаде втора едиција на делото „Разјаснување на Дополнителниот Сертификат за Заштита на патентите во Европа“, чии главни уредници се европските патентни застапници Oswin Ridderbusch & Dr. Alexa von Uexkuell од Германија. Во делото подготвувано две години се застапени 46 автори од 36 земји, меѓу нив и тројца експерти од Берин (Ванчо Дамјански, Ирена Петкоска и Ѓорѓи Филипов). Книгата излезе од печат во август 2021, има 1028 страници, 34 глави и пет прилози, како и табела на судски случаи. Северна Македонија е сместена во Главата 25 од 647 до 661 страница.

На 25 мај 2021 година, Кинеската национална управа за интелектуална сопственост (ЦНУИС) издаде привремени мерки за обработка на сродни бизниси за испитување во врска со спроведувањето на ревидираниот закон за патенти. Бидејќи изменетиот закон за патенти стапи на сила на 1 јуни 2021 година, а правилата за имплементација сè уште се ревидираат, ЦНУИС ги издаде овие привремени мерки кои се ефективни од 1 јуни 2021 година. Привремените мерки опфаќаат рок за дизајн на патент, делумно испитување на дизајн, прилагодување на рокот на патент, продолжување на рокот на патент и други области. Привремените мерки не опфаќаат поврзаност со патенти.

На 8 мај 2021 година со видеоконференција се одржа 90—ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ), на кој присуствуваа вкупно 160 члена, меѓу кои и тројца претставници од МК: проф. д-р Ѓорѓи Филипов, дипл. инж. Богољуб Илиевски (како постојани членови и м-р Марија Ќосеска, дипл. инж, како супститивен член на Советот).  

За време на состанокот, членовите на Советот ја избраа новата генерална секретарка, г-ѓа Олга СИРАКОВА (БГ), на место на г. Корнелис Мулдер (НЛ), кој поднесе оставка во јануари 2021г.

Под индустриска сопственост се подразбира сопственоста над правата на патенти, трговски марки, индустрискиот дизајн и географските називи. Од слични причини, заради гарантирање на авторските права во различни држави  во 1886г. е склучена Бернската конвенција за заштита на книжевните и уметничките дела. Тука спаѓаат делата во областа на литературата, науката, делата на сликарите, изведувачите, фонограмите, емисиите... Делата кои спаѓаат во индустриска сопственост и авторските и сродните дела заеднички се нарекуваат интелектуална сопственост. 

Од 1 јуни 2021 година, Евроазиската патентен завод ќе прима пријави за евроазиски дизајн.

Нов закон за трговските марки стапи на сила во Србија на 1 февруари 2020 година, воведувајќи важни промени со што дополнително го усогласува законодавството за трговски марки на земјата со соодветниот закон на Европската унија.

На 1 oктомври 2020 г. г-дин Дарен Танг,  официјално го започна својот шестгодишниот мандат на генерален директор на Светската Организација за Интелектуална Сопственост-СОИП (World Intellectual Property Organization - WIPO), со што го започна својот шестгодишниот мандат на чело на Организацијата.

На 88то Собрание на Советот на Европскиот патентен институт, избрано е ново раководство!

Имате одличен пронајдок, кој никој предходно не го смислил Европскиот Патентен Завод(European Patent Office) на својот интернет сајт  epo.org  ве упатува на следните чекори!

Ви посакуваме среќни новогодишни празници!

Од 5-8 декември 2019г., претставникот  на БЕРИН присуствуваше на двата можеби најзначајни фестивали за младите во регионот: 13 фестивал за наука ”РАЗОТКРИВАЊЕ” и 4-от фестивал за игри и поп култура ”GAME CON”.

На 22 и 23 Ноември 2019 г. во Лисабон, Португалија се одржа 87-ми Совет на ЕПИ на кој учествуваа околу 150 од вкупно 12.500 европски патентни застапници, меѓу нив и Марија Ќосеска Илиевска - раководител на оделението за трговски марки и индустриски дизајн во БЕРИН и Богољуб Илиевски - раководител на оделението за патенти во БЕРИН, како двајца од вкупнио четворицата претставници од Македонија.

Претставници од  Агенцијата Берин зедоа учество на регионалниот Семинар: ”Информации за патенти и бази на податоци„ одржан во Скопје.

Наградите од Агенцијата Берин ги понесоа Орхан Багашов од Тетово со иновацијата “Бионска рака” и Миланчо Попоски од Прилеп,  со иновацијата “Велосипедски безбедносен елек”.

Советодавното тело при ЕПО ги претстави мислењата на експертската група во врска со квалитетот на процедурата за признавање на Европски патент која се води пред ЕПО

Од 8-12 oктомври  2019г., во Виена (Австрија) се одржа најголемото годишно собирање на на FICPI (Internationale des Conseils en Propriété Intellectuelle) -Меѓународната федерација на застапници за интелектуална сопственост.

Македонски пронајдоци претставени од Агенцијата Берин на ”TAIWAN INNOTECH EXPO 2019”, освоија награди во конкуренција на повеќе од 600 изложувачи и 1500 пронајдоци.

 

Кина започнува да спроведува строг систем за заштита на интелектуалната сопственост со цел да гради подобро опкружување за иновации и бизнис.

Со дводневен семинар и свеченост одбележан јубилејот на најголемата застапничка куќа од областа на заштита на интелектуална сопственост во Руската федерација

Алибаба Груп во рекордно време, за три месеци, доби патент за вештачка интелигенција

USPTO објавува ново правило за трговски марки, со кое се бара апликантите и регистрираните лица од дома и странство да имаат застапник кој е овластен за постапување пред Американскиот Патентен Завод

Европските награди за пронаоѓачи (European Inventors Awards) повторно и годинава фрли светлина на најиновативните умови во Европа и светот.

Смартофините на Хуавеи нема да имаат пристап до многу популарни апликации.

Советот на ЕПИ, 86ти по ред се одржа на 10 и 11 мај 2019 во Софија, Бугарија. Учествуваа околу 200 од вкупно 12.000 европски патентни застапници ...

Во рамките на едукативната програма на Европскиот Патентен Завод (EPO) и Европската Патенкна Академија излезе публикацијата која ги претставува условите за присилно лиценцирање во сите законодавства кои се дел од Европската Патентна Организација. 

Дипл. инж. Ванчо Дамјански, европски и македонски патентен застапник, извршен директор на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” и дипл. инж. Богољуб Илиевски, европски и македонски патентен застапник и шеф на Одделот за патенти, учествуваа на Европската конференција и на Саемот на услуги од областа на индустриската сопственост “IP SERVICE WORLD 2018”

М-р Марија Ќосеска, диа, европски патентен застапник, амб. проф. д-р Ѓорѓи Филипов, европски патентен застапник и Лилјана Филипова, дипл. инж, европски патентен застапник учествуваа во работата на 85. Совет на европските патентни застапници, којшто се одржа во Хелсинки во периодот од 9-11 ноември 2018г.

Евгенија Дивитарова од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” од Битола за пронајдокот “CNC машина за гравирање со ласер” (МАКИНОВА) и Нада Бакаловска од ОСУ „Ацо Русковски”, од Берово за пронајдокот “Маст за изгореници” (ЕКОНОВА) се добитнички на традиционалните парични награди со дипломи (златени медаљи за младинско творештво), што ги доделува Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин”.

​На една од најголемите изложби за пронајдоци и нови технологии во регионот на Источна Азија ”Taiwan INNO TECH ” која се одржа во Тајпеј од 27- 29 Септември 2018 г., Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН ги претстави дел од пронајдоците на нашите пронајдувачи кои се вклопуваа со темата на изложбата. 

Во рамките на активностите на Дипломатскиот клуб Скопје, а по повод дваесет и пет години од зачленувањето на Република Македонија во Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС), проф. д-р Ѓорѓи Филипов даде свој осврт на оваа тема. 

На покана на „Еуропа институт” од „Универзитетот на Саарланд” во Саарбрикен,Германија, проф. д-р Ѓорѓи Филипов на 18 јули 2018 одржа предавање на тема „Патенти”. Предавањето беше вклопено во рамките на Летната школа „Европско конкурентско право & заштита на правата на интелектуална сопственост” (8-21 јули 2018), организирана за постдипломци и докторанти од земјите на Југоисточна Европа и Германија.

Извештајот на Богољуб Илиевски од БЕРИН ДОО за годишната средба во Европскиот Патентен Завод – Партнерство за Квалитет (ЕПИ – ЕПО) објавен во тримесечниот информативен магазин на Европскиот Патентен Институт ќе може да го погледнете на следниот линк: https://information.patentepi.com/issue-2-2018/report-from-pfq-meeting.html

На 11 јуни 2018 во Виена, претседателот на Република Австрија, д-р Ван дер Белен прими делегација на „Европската академија на науките и уметностите”, предводена од претседателот на академијата, проф. д-р Феликс Унгер. Во делегацијата учествуваше и амбасадорот, проф. д-р Ѓорѓи Филипов, претседател на УО на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” - Скопје и директор на „Берин Интернационал” - Виена. 

Годишното собрание на Меѓународната асоцијација за трговски марки (International Trademark Association, INTA) за 2018 се одржа по 140ти пат од 18-25 мај во Сиетл, САД, градот на Microsoft, на Boeing, Starbucks, Amazon, Jimi Hendriks, Nirvana и на многу други славни компании и личности, коишто дале придонес или го обележале развојот на светската индустрија и култура.

Дипл. инж. Богољуб Илиевски, МЗИС и ЕПЗ, шеф на Оделот за патенти во Агенцијата за ИС БЕРИН, како претседател на поткомитетот за квалитет ја предводеше шесточлената делегација при Европскиот Патентен Институт (ЕПИ) на годишната средба “Партнерство за Квалитет” кој се одржа во Европскиот Патентен Завод во Минхен на 23 aприл 2018г. Илиевски е одговорен и за спроведување на Системот за менаџирање на квалитет во рамките на ИСО стандардот 9001:2008, кој веќе 9 години е имплементиран во БЕРИН. Со своето искуството во областа, тој придонесе кон плодоносна размена на искуствата при имплементација на системот во Европската Патентна Организација.

По повод Меѓународниот ден на интелектуалната сопственост - 26 Април, во организација на Државниот Завод на Република Македонија  во хотел "Солун"  во Скопје се одржа традиционалното  доделување на наградата ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА.

Оваа година наградата ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА беше доделена на авторот Виктор Настев за пронајдокот "Уред со електрично или пневматско задвижување на преклопен механизам за иницирање намалување на брзина на возила", чијашто пријава беше поднесена во јули 2017 година од страна на застапникот БЕРИН.

Делегација на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” во состав м-р Марија Ќосеска и дипл. инж. Богољуб Илиевски учествуваше во работата нa 84. Совет на Европскиот патентен институт (ЕПИ), што се одржа во Валета (МАЛТА) од 13-14 април 2018г. Инаку, Агенцијата Берин, во Европскиот Патентен Институт е претставена во четири комитети: Комитет за професионално спроведување (м-р Марија Ќосеска),  Комитетот за европска патентна пракса (Богољуб Илиевски), Комитет за дисциплинска постапка (Ванчо Дамјански) и Комитет за ЕПО-финансии (проф. д-р Ѓорѓи Филипов).

Светската Организација за Интелектуална Сопственост  - WIPO (World Intelectual Property Organizatio) ја објави годишна статистика за 2017г. од активностите во областа на интелектуална сопственост на светско ниво.

 

 

Дипл. инж. Богољуб Илиевски, македонски и европски патентен застапник (МЗИС & ЕПЗ), шеф на Оделот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН, на состанокот одржан на 25 Јануари во Минхен, беше едногласно избран за претседател на поткомитетот за квалитет и воедно како еден од четирите потпретседатели на комитетот за Европска Патентна Пракса при Европскиот Патентен Институт (ЕПИ). Овие функции тој ќе ги извршува во рамките на мандатот на овој комитет во периодот од 2018 – 2021 година. 

М-р Марија Ќосеска, застапник за индустриска сопственост во  Агенцијата за интелктуална сопственост БЕРИН, за последниот број на магазинот IN Store пишува  за Повреда на правата на интелектуална сопственост преку интернет

Ова е зголемување од 10.4% во однос на претходната година, се вели во најновиот стаистички извештај креиран од страна на Европскиот, Јапонскиот, Кореанскиот, Кинескиот и Американскиот Патентен Завод познати како ИС5 заводи односно пет најголеми патентни заводи во светот.

Делегација на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” во состав: проф. д-р Ѓорѓи Филипов, м-р Марија Ќосеска и дипл. инж. Лилјана Филипова (придружен член) учествуваше во работата на 83-ти Совет на Европскиот патентен институт (ЕПИ), што се одржа од 17-19 ноември 2017г. во Варшава (Полска).

 

Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН награди двајца млади пронајдувачи - учесници  на 38-иот Меѓународниот саем на иновации - Макинова 2017, кој оваа се одржа во спортската сала „Борис Трајковски“ - Скопје од 25-29 октомври 2017г. и на кој своите пронајдувачки проекти  и трудови ги претставија околу 50-ина пронајдувачи во катериите Макинова  и Еконова.

На 153-тиот состанок на Административниот совет на Европската патентна организација, што се одржа во Минхен на 10 октомври 2017 година под претседателство на г. Кристоф Ернст (DE), го избра г-дин Антонио КАМПИНОС за наследник на г-дин Беноит БАТИТИЛИ како претседател на Европскиот патентен завод (ЕПО ). 5-годишниот мандат на КАМПИНОС ќе започне на 1 јули 2018 година.

Претседателот на УО на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” , проф. д-р Ѓорѓи Филипов, член на Европската академија на науки и уметности, учествуваше во работата на 8-мата Конференција на подунавските академии на науки и уметности, која се оддржа од 21-22  септември 2017 во Белград (Р. Србија), во организација на Српската и Европската академија на науки и уметности.

М-р Марија Ќосеска, застапник за индустриска сопственост во  Агенцијата за интелктуална сопственост БЕРИН, за последниот број на магазинот IN Store пишува Совети за Развивање стратегија за интелектуална сопственост. 

 
 

На ден 5 јули 2017 година, во Народната библиотека на Пирот (Р. Србија) се одржа промоција на книгата "БЕРИН ИЗВОР", чиј автор е г-нот Борис Џорџев. 

Книгата претставува монографија за селото Берин, во околината на Пирот, кое што оваа година одбележува 200 години постоење. Излегувањето од печат на книга е со спонзортсво на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје. 

М-р Марија Ќосеска, застапник по индустриска сопственост од Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, на 17 јуни 2017г, во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) одржа две предавања во рамките на интернационалниот саем на современа уметност Паратисима Скопје 2017

Во Барселона (Шпанија), од 20-24 мај 2017 се одржа 139 Годишно собрание на Светската организација за трговски марки ИНТА 2017 на која учествуваат околу 11.000 застапници за патенти и трговски марки од целиот свет. На Собранието учествува и Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН со четворица претставници и еден соработник: проф. д-р Ѓорѓи Филипов, основач, дипл. инж. Лилјана Филипова, ко-основач, дипл. инж. Ванчо Дамјански, извршен директор и м-р Марија Ќосеска дипл. инж., раководител на одделот за трговски марки. Во организацијата беа вклучени и Маја Дамјанска, дипл. психолог, советник за издателство и комуникации од Скопје и м-р Иван Иванов, од ИП консалтинг, соработник од Софија. БЕРИН на 22 мај 2017г. спроведе семинар-работилница наменет за партнерите од Кина и останатите земји на Далечниот Исток. 

На 10 Мај 2017 г., во Минхен се одржа 84-ти состанок на постојаниот комитет за технички и оперативни дејности при Европската Патентна Организација (ЕПО). Овој комитет брои нешто повеќе од 100 членови (по два члена од земјите членки на ЕПО како и од земјите придружни членки на оваа организација). Европскиот Патентен Завод беше претставен од 26 члена делегација на чело со трите потпретседатели д-р Рајмунд Луц, м-р Гилам Миној и м-р Алберто Касадо. Составот на овој комитет е надополнет со по еден претставник на Заводот за Интелектуална Сопственост на ЕУ (ЕУИПО), Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИП) и  Европскиот Патентен Институт (ЕПИ).

Од 23-25 Април 2017, во Минхен (Германија) се одржа 82 Генерално собрание на Советот на Европскиот патентен институт, организација на европските патентни застапници, која брои 11.500 членови од 38 европски земји. На Собранието учествуваа 136 делегати, меѓу нив и четворица од Македонија. На местото на Холанѓанецот, Тони Тангена избран е нов претседател, Френсис Лајден од Белгија, чии потпретседатели се д-р Барбара Куниќ, Словенија и д-р Хаике Фогелсанг, Германија. Нов ГСек е Роаж Переира од Португалија.

Во рамки на редовните подготовки за годишната конференција на INTA (Меѓународна Асоцијација на сопствениците на трговски марки) на 17ти Декември во Загреб беше одржан воведен настан на која присуствуваше и Ванчо Дамјански како претставник на Берин.

 

Основачите на Аганцијата за интелектуална сопственост Берин, дипл. инж. Лилјана Филипова и проф. д-р Ѓорѓи Филипов, амбасадор, македонски и европски патентни застапници, присуствуваа на два настани во Салцбург и тоа на 3ти март на „Симпозиумот за нанотехнологија”, и на 4ти март на „Свечениот Пленум на Европската академија на науките и уметностите”.

Во услови на голема несигурност, со која се соочува економијата во светски рамки, е забележан пораст на глобалната економија на знаење. Имено, во февруари 2017 г. Светската Организација за Интелектуална Сопственост (WIPO) ја објави 3 милионитата патентна пријава во рамки на својот Дoговор за соработка во областа на патентите (PCT).

Пред десетина дена познатата компанија Tesla го промени изгледот на логото за возилата Model 3, така што, наместо досегашните три паралелни ленти, новото лого е со цифрата 3. Од компанијата трвдат дека ваквата промена е стилска промена. Сепак, судските документи укажуваат на фактото дека Adidas имал влијание за ваквата промена.

Нашиот застапник дипл. инж. Богољуб Илиевски учествуваше на Првиот состанок на Постојаното Советодавното Тело пред Европската Патентна Организација (SACEPO), што се одржа на 17 јануари 2017 г. во Минхен (Германија). Оваа нова тело, SACEPO во рамки на Пот-комитетот беше создадено со одлуката на претседателот на Европската Патентна Организација (ЕПО)....

Според статистиката на Заводот за патенти и марки на САД, изминатата 2016 година е одбележана со зголемен пораст на издадени патенти во однос на претходните години. Имено, вкупниот број на издадени патенти во 2016 година изнесува 334.673 што претставува зголемување за 7.793, односно 2,4%, во однос на 2015 година.

2016 година ја одбележа 125 годишнината од основачкиот Договор за создавање на Мадридски систем за Меѓународна регистрација на трговски марки и тој сеуште расте, се очекува во 2019 година, бројот на регистрации на трговски марки да достигне 1, 5 милиони.

Тимот на БЕРИН ДОО Ви посакува среќна, успешна и креативна 2017-та година со срдечни желби за здравје, радост и успех на секој план!

Работилница на тема „Правна заштита на преведувачите/толкувачите како физички лица при наплата на побарувања“ со панел од стручни гости составен од адвокат Александра Гавриловска, Ванчо Дамјански и Маринела Мајнова.

Дипл. инж. Богољуб Илиевски, македонски и европски патентен застапник (МЗИС & ЕПЗ), шеф на Оделот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН, e избран за делегат на Европскиот патентен институт (ЕПИ) во постојаното советодавно тело за квалитет при Европскиот Патентен Завод.

На состанокот на Советот на ЕУ за конкурентност, министерот за интелектуална сопственост на Велика Британија најави дека владата на Велика Британија продолжува со подготовките за ратификување на спогодбата за Унитарен патентен суд (UPC). Судот ќе им олесни на британските бизниси да ги заштитат нивните идеи и пронајдоци од нелегално копирање во други земји.
На 12 Ноември во Берлин, Германија, редовните членови на собранието на Европскиот патентен институт (EPI) Марија Ќосеска, Ванчо Дамјански и Богољуб Илиевски од БЕРИН присуствуваа на 81-то собрание како претставници на Македонската делегација.
Дипл. инж. Богољуб Илиевски, македонски и европски патент застапнки (МЗИС & ЕПЗ), шеф на Оделот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН, во име на Европскиот Патент Институт (ЕПИ), учествуваше во работата на Постојниот Комитет за Технички и Оперативни дејности при ЕПО, која што заседаваше во Европскиот Патент Завод во Хаг на ден 3 ноември 2016г.
Од 1 Јануари 2017 година стапува во сила ново, односно единанесетто (XI) издание на Меѓународната класификација на производи и услуги за потребите на Меѓународната регистрација на трговските марки.
Од 1 Јануари 2017 година стапува во сила ново, односно единанесетто (XI) издание на Меѓународната класификација на производи и услуги за потребите на Меѓународната регистрација на трговските марки.
Во рамки на Месечните лингвистички средби „COLLOQUIA LINGUISTICA” на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика "Божидар Видоески" при Македонакста академија на науките и уметностите (МАНУ), на ден 26. 10. 2016г, на тема „ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И АВТОРСКИ ПРАВА” говореше д-р Ѓорѓи Филипов, основач на Агенцијата за интелектуална сопственост - Берин.
Во неделата на Саем на книгата во Белград, на ден 25 октомври 2016 г, во просториите на Друштвото на писатели во Србија– Белград, се одржа промоција на книгата “Разумни сили”, чиј автор е проф. д-р Ѓорѓи Филипов
22.10.2016, АГЕНЦИЈАТА БЕРИН ДОДЕЛИ ПАРИЧНА НАГРАДА И ПЛАКЕТА НА МАКИНОВА 2016 - НАГРАДЕН МЛАДИОТ ИНВЕНТОР: ФИЛИП РУМЕНОВСКИ

На ден 18 октомври 2016 г. во Кино Култура – Скопје, со почеток во 19.30ч се одржа промоција на книгата “РАДИУС НА СРЦЕТО” од амбасадорот Ѓорѓи Филипов.

Излезе од печат книгата "Радиус на срцето", чиј автор е проф. д-р Ѓорѓи Филипов. Книгата е нов плод на авторот со која формира една трилогија на книги, во кои се собрани објави на неговиот фејсбук профил.
Новите измени во законите за трговски марки и индустриски дизајн имаат за цел приближување на законските рамки кои владеат на оваа територија со оние на територијата на Европската Унија.
КОЈ ГИ ПОСЕДУВА ПРАВАТА НА ОБЈАВЕНИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД ДОБИТНИЦИТЕ НА МЕДАЛИ?
Како застапници во областа на правата на интелектуална сопственост (патенти, индустриски дизајн, трговски марки и авторски права), а по повод излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ве известуваме дека овој чин може да влијае на статусот на вашите права.
Дипл. инж. Богољуб Илиевски, македонски и европски патентен застапник (МЗИС & ЕПЗ), шеф на Оделот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН, во име на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ) излагаше на тема: “Системи за управување на квалитет, сертификација и очекувања на корисниците”.
На 23 Април 2016 во Атина, Грција, редовните членови на собранието на Европскиот патентен институт (EPI) Марија Ќосеска, Ванчо Дамјански и Богољуб Илиевски од БЕРИН присуствуваа на 80-то собрание како претставници на Македонската делегација.
Богољуб Илиевски, Раководител на оделението за патенти во БЕРИН, беше дел од делегацијата на Европскиот Патентен Институт (епи) на годишниот состанок наречен “Партнерство за Квалитет” кој се одржи во седиштето на Европскиот Патентен Завод во Минхен на 19 Април.
Проф. д-р Ѓорѓи Филипов, ЕПА и МЗИС и дипл. инж. Богољуб Илиевски, ЕПА и МЗИС учествуваа во работата на Тркалезната маса за развој на Национална стратегија на Република Македонија за индустриската сопственост
Проф. д-р Ѓорѓи Филипов и дипл. инж. Ванчо Дамјански, извршен директор на Агенцијата за интелектуална сопственост Берин, учествуваа на настанот „Антикорупциски стратегии во стопанството”, подготвен од Германско - македонското стопанско здружение, Австриско-македонското стопанско здружение, Холандската и Американската стопанска комора во македонија.
Основачот на Агенцијата за интелектуална сопственост Берин, проф. д-р Ѓорѓи Филипов ги посети Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков" и Институтот за македонска литература.
ОД 23 МАРТ, КОМУНИТАРНИТЕ ТРГОВСКИ МАРКИ СТАНУВААТ ТРГОВСКИ МАРКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, А OHIM (ЗАВОДОТ ЗА ХАРМОНИЗАЦИЈА НА ВНАТРЕШНИОТ ПАЗАР) СЕ ПРЕИМЕНУВА ВО EUIPO(Завод за интелектуална сопственост на Европската Унија)
Текст во стручното списание “Фармацевтски Информатор” со наслов “Конкуренција помеѓу оригинатори и генерици во однос на заштитата на индустриската сопственост” кој од аспект на индустриската сопственост ја анализира постојаната битка во фармацевтската индустрија
Во Декемвриското издание на списанието “In Store”, беше објавен стручен текст со наслов “СТОП ЗА ИМИТАЦИИ И ФАЛСИФИКАТИ” на нашиот колешка Дипл.Правник. Снежана Марковска
Во Октомвриското издание на списанието “In Store”, беше објавен стручен текст со наслов “МАЛИ ПРОНАЈДОЦИ, ГОЛЕМИ МОЖНОСТИ” на нашиот колега Дипл.Маш.Инж. Богољуб Илиевски
Со стапување во сила на договорот сите патенти поднесени во европскиот патентен завод по овој датум кои ќе бидат признаени ќе имаат можност со постапка на валидација да бидат признаени и на територијата на Молдавија.
17.10.2015 Со доделување на наградите за најуспешните проекти презентирани на изложбата заврши овогодинешната МАКОНОВА на која Берин традиционално го награди најуспешниот млад учесник.
Сега и официјално, Италија стана 26та земја членка на организацијата за соработка при унитарна заштита на патент.
Собранието на Република Македонија го одобри новиот Законот за царински мерки за спроведување на заштитата на правата од интелектуална сопственост, кој стапи во сила на 2015/05/06 . Разработка на главните измени во текстот на Снежана Марковска ....
Од 27 Јули, Македонскиот завод за индустриска сопственост ги стави на располагање податоците за трговски марки на алатката за пребарување на Заводот за усогласување на внатршниот пазар на Европската Унија(OHIM).
Mарија Ќосеска, од БЕРИН доо ќе учествува на годишниот состанок на “Комитетот за Професионално однесување” во рамките на Европскиот Патентен Институт (епи) што ќе се одржи во Минхен на 8 Јуни, 2015.
Во неодамнешната првостепена пресуда на судот в Атина се утврдува дека актуелниот целокупен изглед на лекот против болки “SALOSPIR” не ги нарушува правата, ниту ги повредува марките од добро познатото семејство на “ASPIRIN”.
Собранието на Република Македонија го изгласа новиот Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, кој ќе стапи во сила на 05.06.2015 година.
Ванчо Дамјански, Марија Ќосеска и Богољуб Илиевски, од БЕРИН ДОО се избрани за полноправни членови во Советот на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ) за период од 2014-2017 година.
На 8-ми Март во Салцбург во рамките на свеченоста за прогласување на новите членови на Европската Акедемија на науките и уметностите Проф. д-р Ѓорѓи Филипов беше претставен помеѓу нејзините редовни членови
Европскиот патнтен завод на 17ти Декември ја додаде новата и последната група на јазици во услугата машински превод со наслов "Patent Translate" меѓу кои и албански, естонски, летонски, литвански, македонски, српски, турски и хрватски.
На 25-26 Ноември оваа година, Минхен беше домаќин на 4-тата по ред IP Service World Конференција. На овој настан учествуваа повеќе од 350 учесници и 40 изложувачи на услуги од областа на Индустриската Сопственост.
Под мотото ”Преиспитување на моќта на интелктуалната соспственост”-”Rethinking – The Power of Intellectual Property” во Лихтенштајн на 14 и 15 Ноември се одржа форум на кој присуствуваа значајни ликови од областа на Интелектуалната сопственост на Европа. Извршниот директор на Берин доо Ванчо Дамјански присуствување на настанот и имаше прилика да ги проследи излагањата и учествува во дискусијата на актуелните теми.
18.10.2013, Во Минхен со свечени манифестации одбележан јубилејот, 40 години од потпишувањето на Европската Патентна Конвенција
Во рамките на манифестацијата “Скопска недела на дизајнот” своја презентација на тема “Дизајнот во едно поинакво светло” одржа Марија Ќосеска од Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН.
Шпинделегер: Европскиот патентен суд ќе претставува пресвртница за развојот на нови знаења и интензивирање на истражувањата на просторот на Европа
Проф. д-р Ѓорѓи Филипов е избран за редовен член на Академијата , во Класата V (општествени науки, право и економија)
Во рамките на Меѓународната изложба “Иновации од жени пронајдувачи” што се одржа од 1 – 4 Мај во Сеул, Јужна Кореја, Жаклина Стамболиска која е воедно и наш клиент освои две 2 златни медали за својот пронајдок.
Амбасадорот на РМ во Виена, д-р Ѓорѓи Филипов се сретна со претседателот на УО на компанијата Нестле АГ, д-р Петер Брабек - Летмат.
Генералниот директор. Г-дин Ванчо Дамјански го претставува БЕРИН на овогодишнит годишен собира на Меѓународната Асоцијација за Трговски Марки (ИНТА) која се одржува во Далас, Тексас, САД.
Во рамките на 135-тата годишна конференција на INTA (International Trademark Association) во Далас, извршниот директор на Берин доо , Ванчо Дамјански се сретна со помошникот заменик претседател и колективен раководител на ИП одделот на Нестле Жан Пјер Мадер.
во светот на бизнисот љубовниот бренд или „love brand“ не на- станува случајно, ако претходно неговиот сопственик, со прав- на регистрација, не се увери дека тоа што почнува да го гради, ќе остане, со сигурност, негово. (Текст објавен во мартовското издание на магазинот IN STORE)
На 19.03.2013 Генералниот директор на СОИС(Светска организација за интелектуална сопственост) го претстави извештајот за работата на сите меѓународни системи за апликација и регистрација кои се под надлежност на оваа организација
13 март 2013, Економско, научниот, советодавен одбор (ESAB) при EPO (Европска Патентна Организација) издаде соопштение со препораки за подобрување на системот за патенти, врз основа на главните наоди од активностите во 2012. Заедно со оваа изјава, ESAB, исто така, објави извештаи од три работилници кои ги спроведе во 2012 година.
На 6-ти и 7-ми Март, во рамките на редовната постапка за ресертификација на инплементираниот систем за управување на квалитет ISO 9001: 2008, беше спроведен аудит од страна на сертификационото тело на TUV Rheinland.
На состанокот во Салзбург меѓу пријателите, претседателот на Одборот на БЕРИН , д-р Ѓорѓи Филипов и д-р Јозеф Штраус
На 24 Декември, во хотелот Стоун Бриџ во Скопје се одржа традиционалното 19-то по ред доделување на наградата ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА во организација на Државниот Завод на Република Македонија.

Во рамките на тридневната конференција за Мобилни Апликации Mobile App Camp која се одржа од 30.11 до 02.12 во MBC конференцискиот простор на Скопски Саем, во организација на Yes Incubator со учество на над 120 учесници, од кои повеќе од 70, од странство и 20тина меѓународни ментори од оваа област, Агенцијата за Интелектуална Сопственост БЕРИН доо зеде активно учество.1

На 26-27 Ноември, повеке од 300 учесници, 38 спонзори и изложувачи земаа учество на 3-тата по ред IP Service World Конференција која се одржа во Минхен, срцето на индустриската Сопственост на Европа.
Тимот на БЕРИН доо Скопје предводен од Ванчо Дамјански и Богољуб Илиевски ќе учествува на 3-тата конференција за Интелектуална Сопственост која ќе се одржи во Минхен од 26-27 Ноември.