Кипар
Кипар
Факти за државата:
Главен град:
Број на жители:
Површина: km²
БДП: $ (GDP per capita, PPP. World Bank )
Валута:
Инфраструктура за регистрација:
ТРГОВСКИ МАРКИ
Filing the Application – Requirements
2. One representation of the mark (in color if claimed)
3. List of goods/ services according to the Nice classification.
One application is to be filed for each international class
4. Signed and sealed Power of Attorney, no notarization
5. Priority Certificate and priority data (if priority is claimed)
Duration:
Duration of protection: 7 years after the filing
date and renewable for 14 years
Recording changes in the Register:
Assignment:
1. Signed and sealed Powers of Attorney in the name of the Assignor
and the Assignee, no legalization
2. Original Assignment (or its Certified copy) or a signed and
sealed Deed of Assignment, notarization is required
ПАТЕНТИ
Filing a conventional Application – Requirements:
- Name and address of the Applicant
- Name and address of the Inventor(s) or a declaration that the Inventor does not wish to be mentioned by name in the Application
- Priority date, country and number
- Description of Patent
- Patent Claims
- Drawings (if any)
- Abstract – summary of the invention
- Applicant’s statement declaring the basis of its right to file the application
- Priority document
- The Application is to be filed within one year from the priority date
- Translation of the description, claims and abstract into the local language, can be filed subsequently
Filing a National Phase of PCT Application – Requirements
- PCT application as published
- International Search report
- International Preliminary examination report
- Applicant’s statement declaring the base of its right to file the application
- Power of Attorney simply signed by the Applicant
- Translation of description, claims and abstract into local language, can be filed subsequently.
ДИЗАЈН
Filing the Application – Requirements
- Name and address of the Applicant
- Name and address of the author or a declaration that the author chooses not to be mentioned in the application
- Information regarding the number of external shapes the protection is requested for
- Full and short title of the industrial design
- A two-dimensional presentation of the shape for which protection is sought (photograph or a graphic presentation of for which product the protection is requested)
- Description
- Legal basis for filing the Application (if the Author of the Design is not the Applicant)
- Power of Attorney simply signed by the Applicant's representative
Duration:
Duration of protection: 5 years after the filing date
Renewal: 4 times for period of 5 years

Дарен Танг ги презема функциите како Генерален Директор на СОИС(WIPO)
02.10.2020
Пред неговото назначување за генерален директор на WIPO, г. Танг беше главен извршен директор на Заводот за Интелектуална Сопственост на Сингапур ( IPOS). Пред да се приклучи на IPOS во периодот помеѓу 1997 и 2012 година, г. Танг извршувал повеќе јавни функции во Министерството за трговија и индустрија на Сингапур и Јавното правобранителство. Во работата на WIPO активно е вклучен од мај 2017 како претседавач на постојаниот комитет за авторски права и сродни права.
Членовите на собранието на WIPO со консензус на 8 мај 2020 година, го именуваа г. Танг за следен генерален директор на Организацијата, по неговото номинирање од страна на координативниот комитет на WIPO во март 2020 година.
При неговото назначување тој ја истакна ориентацијата на својата работа на три главни теми: инклузивност, рамнотежа и ориентација кон иднината.
Г-дин Танг е петтиот генерален директор на WIPO, наследувајќи го г-дин Франсис Гири (2008-2020), г-дин Камил Идрис (1997-2008), г-дин Арпад Богш (1973-1997) и г. Георг Боденхаузен (1970-1973).
Агенцијата Берин му го честита почетокот на новата функција и му посакуваме успешна работа!

БОГОЉУБ ИЛИЕВСКИ ОД БЕРИН – ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ИНСТИТУТ ВО МИНХЕН
29.06.2020
На 88то Собрание на Советот на Европскиот патентен институт, организација на професионалните застапници пред Европскиот патентен завод во Минхен, кое се одржа денес, 29ти јуни 2020 (онлајн), избрано е ново раководство на Институтот, во кое на едно од двете потпретседателски места е избран македонскиот и европски патентен застапник, Богољуб Илиевски, директор на Секторот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” од Скопје, МК.
Во Европскиот патентен институт членуваат околу 12.000 патентни застапници од Европа од 38 земји (сите членки на ЕУ, плус Турција, Северна Македонја, Србија, Албанија, Швајцарија, Обединетото Кралство, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка, и Сан Марино). Овој избор е големо признание за него лично, за Агенцијата Берин и за сите македонски патентни застапници.
На денешното собрание, на кое учествуваше и проф. д-р Ѓорѓи Филипов, основач на Берин, беше потврден уште еден мандат во Дисциплинската комисија на Европскиот патенетен институт за македонскиот и европски патентен застапник, Ванчо Дамјански, главен извршен директор на Берин. Им благодариме на сите колеги што го подржаа изборот!
Честито да им е на Боби и на Ване!
Честито да им е на сите македонски патентни застапници!

EPO на својот сајт го објави прирачникот за пронајдувачи
28.02.2020
"Целта на овој прирачник за пронаоѓачи е да ви обезбеди основни упатства за сите клучни фази на претворање на иновацијата во комерцијален производ. Или можеби треба да речеме клучните фази на претворање идеја во компанија, ако сакаме да се прошириме нашата дефиниција за „иновација“ да вклучува нови процеси, деловни методи, социјални интеракции итн. знаење.
Иако овој прирачник е објавен од Европскиот Патентен Завод, неговата содржина е далеку над прашањата за интелектуална сопственост (ИП). Иако ИС е несомнено суштинска за успешно искористување на новите идеи, тој е само еден од неколкуте важни аспекти на иновациите “.
Од воведот на прирачникот објавен на сајтот на Европскиот Патентен Завод.
За комплетната содржина посетете го следниот линк.... epo.org
Го препорачуваме на сите кои имаат креативни идеи за нови технички решенија да ги погледнат во кратко основните препораки за патот од иновација до комерцијален пронајдок.
Секако би сакале да потсетиме дека Берин со своите 6 европски патентни застапници од различни области им стои на располагање во реализација на патентната заштита.

ВО НОВАТА 2020, ОСТАНЕТЕ ИНСПИРИРАНИ!!!
31.12.2019
.jpg)
Од 5-8 Декември во Белград -Се одржаа регионалните фестивали за наука ”Разоткривање„ и за игри и поп-култура “GAME CON”
12.12.2019
Изминатиот викенд, претставникот на БЕРИН присуствуваше на двата можеби најзначајни фестивали за младите во регионот: 13-от фестивал за наука ”РАЗОТКРИВАЊЕ” и 4-тиот фестивал за игри и поп култура ”GAME CON”.
Четвртиот фестивал за игри имаше програма која се одвиваше во 3 хали и оваа година ги надмина сите досегашни изданија во поглед на бројот на земји, учесници, посетители, екипи и индивидуални играчи. Имено, 40000 посетители можеа да ги посетат 108-те штандови, десетте специјални арени, на кои се одвиваа игрите и турнирите во различни натпреварувачки дисциплини.
Како посебен дел од програмата беа неколкуте регионални премиери на нови верзии на компјутерски игри и хардверски поддршки кои беа претставени ексклузивноо на фестивалот. Индустријата за компјутерски игри, која беше најзабележителна на фестивалот, во светски рамки претставува најпрогресивниот дел од софтверската индустрија чиј број на корисници и сегменти е во постојан пораст, што секако неслучајно резултираше со присуство на сите големи светски брендови кои имаат интерес да бидат асоцирани со оваа публика.
Фестивалот за наука, овој пат беше сместен во три хали и се одвиваше паралелно со фестивалот за игри и поп култура го посетија 30.000 посетители, воглавно ученици и студенти, кои во 3-дневната програма беа сведоци на актуелните достигнувања од сите научни дисциплини презентирани на еднао место од страна на 63 научни установи-институти, факултети и училишта.
Посебен акцент на 13-от по ред фестивал играше учеството на младите во научните експерименти преку презентацијата на нивните резултати постигнати во текот на годината но и преку забавно едукативни игри низ кои можеа да дојдат во допир со сите области на науката.
Наградите, кои на затварањето на фестивалот беа доделени на најуспешните учесници беа проследени со музичка програма и присуство на значајни личности од научниот и политичкиот живот на Србија.
Претставникот на Берин , г-дин Ванчо Дамјански имаше прилика да се запознае со актуелностите во двете области на кои се однесуваа фестивалите и да оствари контакти со дел од регионалните претставниците на индустријата за игри како и регионални компании чии производи се добро пласирани на глобалниот пазар.

Ќосеска и Илиевски од Берин на 87-иот Совет на Европскиот патентен институт
10.12.2019
Советот на ЕПИ, 87-ми по ред се одржа на 22 и 23 Ноември 2019 во Лисабон, Португалија. Учествуваа околу 150 од вкупно 12.500 европски патентни застапници, меѓу нив и Марија Ќосеска Илиевска, раководител на оделението за трговски марки и индустриски дизајн во БЕРИН доо и Богољуб Илиевски, раководител на оделението за патенти во БЕРИН доо како двајца од вкупнио четворицата претставници од Македонија.
На работата на Советот претходеше семинар со назив „Постапки на повреда на право на Европски патент во Земјите од Европска Унија”.
Делегатите на советот ги усвоија извештаите на претседателот и потпретседателите на ЕПИ, на генералниот секретар, на внатрешните ревизори, на финансискиот комитет, на чуварот на трезорот и на останатите комитети. Понатаму се дискутираше за предложениот буџет план за 2020 година како и за можноста за создавање на нов комитет во рамките на институтот со назив “Комитет за комерцијализација на патентите” чијашто главна задача ќе биде евалуација и монетаризација на патентите, оптимизација на портфолио, преноси на права на патенти како и издавање на лиценци.
Сепак, како главен настан во рамките на работата на советот беше излагањето на претседателот на Европската патентна организација, г-дин Антонио Кампинос, во врска со стратегискиот развоен план ЕПО 2023.
Кампинос дополнително одговараше на прашањата на членовите на советот кој највеќе се интересираа за статусот на воведени мерки за подобрување на квалитетот на производите и услугите на ЕПЗ.
Дебатите продолжија на заедничката вечера на учесниците, проследена со фолклорни песни и танцови на изведувачи од Португалија, а претставниците од Берин не ја пропуштија можноста да учествуваат во фолклорните активности како и да ги зацврстат старите пријателства и деловни врски и да отворат нови.
ПАТЕНТИ
ПАТЕНТ*е збир од исклучиви права дадени од страна на државата на сопственикот патентот (пронаоѓач или носител) за определен временски период во замена за уредено откривање на определени детали на пронајдокот кој може да биде, уред, постапка, начин или состав кој е нов, кој поседува иновативен придонес и е употреблив односно е индустриски применлив.
Берин доо нуди услуги од областа на заштитата на патентите во следните сегменти:
- Пребарување, во патентни бази
- Составување и уредување на патентни спецификации, за пронајдоци од сите области на техниката(фармација, машинство, хемија, електротехника и др.
- Регистрација на национални патенти, во сите земји од регионот
- Меѓународна регистрација на патенти:, Поднесување на PCT пријави
- Застапување пред EPO:, Водење на постапки за признавање на европски патенти пред ЕПО
- Валидација на европски патенти, пред сите национални заводи
- Екстензија на европски патенти, пред придружните членки на ЕПО
- Стручен превод, на патентни спецификации на и од Македонски, Англиски, Германски, Албански, Српски, Хрватски, Словенечки, Бугарски, Турски, Романски, Грчки, Руски и Француски
- Уредување на патентни спецификаци во согласност со националните законодавства на државите, и подготовка на одговори на приговори и забелешки во фаза на испитување
- Ануитети:, Одржување на патенти
- TCM:, Постапки за издавање на дополнителен сертификат за продолжување на важење на патенти
- Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на патентни права
- Проценки:, Вредносна евалуација на Патенти и пронајдоци
- Преноси на право,
*Терминот ПАТЕНТ потекнува од Латинскиот збор patere кој значи „да биде отворено“ (да биде ставено на увид на јавноста) и поимот letters patent, што изворно означувало благороднички декрет со кој се дава исклучиви права на определено лице или дејност.
ТРГОВСКИ МАРКИ
TРГОВСКА МАРКА е право од индустриска сопственост кое се однесува на одреден препознатлив знак кој се употребува од страна на лице, организација или правни субјекти за единствено означување на нивните производи и/или услуги пред потрошувачите, како и за разликување на нивните производи од оние на други субјекти.
[При водење на управни постапки]
- Пребарување, во меѓународните и домашните бази;
- Регистрација на трговски марки , во сите земји од регионот;
- Меѓународна регистрација на трговски марки;
- Следење на пазарот и официјални публикации;
- Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
- Приговори, поднесување и одговарање;
- Провизорни одбивања,-одговарање и поднесување на предлози;
- Поништувања,
- Постапки за промена во регистри,-( договори за пренос, промена на назив и адреса);
- Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на трговски марки
- Судски спорови;,
- Медијација:, постапки за разрешување на спорови;
- Барања за царински мерки;,
- Инспекциски увид: увид и преземање мерки ;
- Следење на пазарот и официјални публикации;
- Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
- Проценки:, Вредносна евалуација на трговски марки
*Трговската марка вообичаено се состои од име, збор, израз, графичко лого, симбол, изглед, слика или комбинација од истите. Знакот ® се користи за означување на знаци кои се регистрирани со право на трговска марка, тој е еквивалентен со знакот ТМ кој се користи за територија на Северна Америка.
АВТОРСКИ ПРАВА
Авторско право е термин под кој се подразбираат правата кои се однесуваат на креирањето, употребата и користењето на авторските дела односно специфични изрази на идеи и/информации.
Авторско дело претставува интелектуална творба, на лице или група на лица, од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување.
Агенцијата БЕРИН e авторска агенција која на своите клиенти им нуди:
[При застапување на автори и корисници на авторски дела]
- Составување на авторски договори , со домашни и меѓународни автори;
- Посредување при исплата на авторски надомести;
- Консултативни услуги , поврзани со заштитата на авторските права;
- Регистрација на авторски дела;
- Застапување и водење на судски спорови;
- Судски вештачења,експертски и економски.
*© е знак кој се употребува за означување на авторските дела, покрај името на нивниот носител, како предупредување дека нивната употреба е можна само со негова согласност.
© - е кратенка изведена од терминот "copyright" и буквално значи „право на копирање“.
ПРАВНО ЗАСТАПУВАЊЕ
Берин, преку својата мрежа од застапници, овластени за застапување пред сите административни и судски органи, обезбедува доверливо и професионално застапување на своите корисници во сите фази од остварувањето и заштитата на правата од интелектуална сопственост. Со континуирано следење на сите законски измени и пракса во соработка со нашите клиенти го обезбедуваме оптималниот исход на секоја започната постапка:
Застапувањето пред управните органи опфаќа
• Застапување пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост
• Застапување пред Царинските Органи во постапки поврзани со царински мерки од областа на ИС
• Застапување пред државниот пазарен инспекторат
• Застапување пред органите за заштита на конкуренцијата
• Медијација:, постапки за разрешување на спорови
• Застапување во Судски спорови;
• Консултации и совети од специфични области на правото на Интелектуалн сопственост
• Анализа на закони и прописи во врска со области кои се однесуваат на интересите на нашите клиенти и нивните трансакции.
• Длабинска техничка и правна анлиза на технички решемија и состојба со патентна заштита
• Анализа на измените и дополнувањата на законите и прописите кои се од значење за корисниците и авторите
* Застапниците на Берин се единствените кои биле вклучени во расправи пред судот на Европскиот патентен завод (EPO), застапувајќи и бранејќи патентни спецификации од повеќе области и во име на значајни компании од регионот и пошироко.
ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН
ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН е право од индустриска сопственост кое се однесува на специфичен изглед или форма на на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или комбинација истите што ги задоволува условите на новост и особеност во однос на оние кои предходно и биле познати на јавноста. Индустрискиот дизајн претставува право кое на производите за кои е наменет им дава определен визуелен, естетски, ергономски, практичен или наменски квалитет кој ги разликува од пстанатите производи кои се присутни на пазарот.
Агенцијата БЕРИН во делот на регистрација и заштита на индустриските дизајни ги нуди следните услуги:
[При водење на управни постапки]
- Пребарување, во меѓународните и домашните бази;
- Регистрација на индустриски дизајн , во сите земји од регионот;
- Меѓународна регистрација на индустриски дизајни;
- Следење на пазарот и официјални публикации;
- Консултативни услуги , поврзани со заштитата на индустриски дизајн;
- Приговори, поднесување и одговарање;
- Провизорни одбивања,-одговарање и поднесување на предлози;
- Поништувања,
- Постапки за промена во регистри,-( договори за пренос, промена на назив и адреса);
- Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на трговски марки
- Судски спорови;,
- Медијација:, постапки за разрешување на спорови;
- Барања за царински мерки;,
- Инспекциски увид: увид и преземање мерки ;
- Следење на пазарот и официјални публикации;
- Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
- Проценки:, Вредносна евалуација на трговски марки
ПРИЈАВА ЗА БЕРИН БИЛТЕН
КОМПАНИЈА
Профил
Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН® доо е меѓународно активна компанија основана во 1992 год. На почеток компанијата пружа услуги претежно на домашни фирми, а со текот на времето се разви во водечка компанија во областа на заштитата на интелектуалната сопственост (ИС) во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.
БЕРИН® е специјализирана фирма, којашто застапува или советува поединци и компании во постапките за поднесување на пријави и одржување на патенти за пронајдоци, индустриски дизајн, трговски марки, авторски и сродни права, трансфер на права од интелектуална сопственост, трансфер на технологија, франшизи, know-how или лиценцирање во Македонија, Југоисточна Европа, Европска Унија и во 38те земји членки на Европската патентна организација (ЕПО). Исто така, таа пружа и услуги за своите деловни партнери при решавање на судски спорови, спогодување, медијација, арбитража и советување во областа на правата на ИС.
БЕРИН® пружа услуги при исплата на авторски хонорари на автори од сите области на ИС.
Во БЕРИН® работат експерти од најразлични профили, инженери од различни области на техниката, како и правници, македонски и европски патентни застапници. Секој вработен говори, покрај мајчиниот и англискиот, барем уште еден јазик, којшто се зборува во Европа. БЕРИН® работи споредвостановен ИСО 9001 систем за ефективен и ефикасен начин на извршување и следење на процесот на заштита на патентите, индустрискиот дизајн, трговските марки и авторските права воведен и контролиран од TÜV Rheinland со што се обезбедува оптимална заштита на правата од ИС на деловниот партнер.
БЕРИН® денес е симбол за посветена и успешна услуга извршена во интерес на на деловните партнери. Обезбедениот континуиран растеж е доказ и гаранција за квалитетот и професионалноста на услугите за нашите клиенти и колеги низ светот.
Листата на домашни и странски деловни партнери на БЕРИН® постојано се продолжува, вклучувајќи и големи европски, американски и азиски компании. Многу од тие фирми се застапувани од БЕРИН® на регионална основа за Југоисточна Европа и Европа во целост.
БЕРИН® е подготвена за сорабока во областа на ИС со застапници и компании од целиот свет. Тој што сака да соработува само треба да го допре знакот за контактирање.
Организациона структура
-
1992 : Основање
Ѓорѓи Филипов решава да поведе постапка за формирање на компанија -
1993 : Регистрација
Одлука за основање на Претпријатие за маркетинг, истражување и развој БEРИН доо-Скопје -
1993 : Патенти
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВАТА ПРИЈАВА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ПАТЕНТ -
1994 : Партнерство
Како содружник во друштвото се впишува Лилјана Марковска/Филипова -
1994 : Први пријави за индустриски дизајн и трговска марка
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВИТЕ ПРИЈАВИ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН И РЕГИСТРАЦИЈА НА ТРГОВСКА МАРКА -
1995 : Прва PCT пријава
Поднесување на прва меѓународна пријава на патент на пронаоѓач од Република Македонија согласно ДСП (Договор за Проширување на Патенти) -
1996 : Промоција на пронајдоци
Настап на меѓународен саем за пронајдоци и освојување на Гранд При Еурека 1996 -
1997 : Meѓународнa заштита на трговски марки:
Прва пријава поднесена според Мадридскиот аранжман за меѓународна регистрација на Трговски Марки -
2001 : Меѓународна заштита на индустриски дизајн
Прва пријава пред СОИС(WIPO) според Хашкиот аранжман за регистрација на индустриски дизајни -
2004 : EPO Застапување
Почеток на застапување пред Европскиот патентен завод -
2005 : Застапување пред OHIM
Почеток на застапување пред OHIM -
2009 : Стручно застапување во Судски постапки
Прва пресуда на Македонскиот суд во Судски спор за повреда на патент на лек -
2010 : Сертификација
Имплементиран и сертифициран систем за менаџмент со квалитет ISO 9001: 2008 -
2012 : Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен
Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен- посетен од заменик директорот на ЕПО г-дин Жељко Топиќ -
2014 : Проширување
Основање на Berin International GmbH во Виена Австрија -
2015 : Софтвер
Воведување (Paperless) целосно електронско администрирање на постапките -
2016 : Прв македонски патент во EPO
Прв Македонски Патент признаен во Европска патентна организација -
2017 : 25 години
2 Канцеларии | 11 Вработени | 15 Стручни соработници | 250+ Партнери | 300 + Индустриски дизајни | 3000+ Патенти | 4000+ Трговски Марки | преку 5000 автори...
ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА
Услови за користење
Следните одредби, термини и услови се однесуваат на користењето на официјалниот сајт на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, Македонија (www.berin.mk). Ние го задржуваме правото на повремени измени или ажурирање на овие Услови за користење во зависност од потребите. Со користење на нашата веб страна, Вие се согласувате на обврзување со Условите за користење во нивната последна верзија објавени на веб страната.
Содржина
Содржината на оваа веб страна може да е сочинета од информации и/или материјали, вклучувајќи вести, мислења и статии објавени на нашата веб-страница, кои се наменети само за информативни цели во областа на индустриската сопственост. Содржината не секогаш ќе претставува став, ниту правен совет на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, па затоа посетителите на веб страната за своите потреби и интереси, а во врска со содржината н веб страната, се охрабруваат да се консулитраат со стручни лица.
Авторски права
Сите права во веб-страница и содржината се задржани. Можете да пристапите, користење, репродукција и редистрибуираат било кој сегмент на содржина за Ваша некомерцијална употреба, под услов нашите авторски права да не бидат повредени. Потребен е изречна писмена дозвола за употреба на кој било дел од содржината за какви било други цели.
Линкови на трети страни
Нашата веб-страница може да содржи линкови до веб страни на трети лица. Немаме никаква контрола над веб страните на трети лица и не сме одговорни за нивната содржина, квалитет, веродостојност или нивната употреба. Ниту една од содржините кои се објавуваат на веб-страните на трети лица е привилегиран или доверлив. Оваа веб страна, нејзината содржина, како и било која трета страна врски се обезбедени "како што е".
Ограничување на одговорноста
Со поврзување до веб-сајт или веб страница на трети лица, не значи дека Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје одобрува таков веб-сајт или веб страница. Вие сте одговорни за преземање на мерки на претпазливост кои се потребни да се заштитите себе си и вашиот компјутерски систем од вируси други штетни или деструктивни содржини. Се оградуваме од секаква одговорност за било каква штета би можела да произлезе од вашата употреба на веб-сајтови и веб страни на трети лица. Не одговараме за квалитет, веродостојноста, комплетноста и/или точноста на дополнителни факти, неочекувани случувања или донесувањето на нови закони кои се дел од содржината на трети страни.
Заштита на податоци
Ние не собираме или обработка на лични податоци преку нашата веб страница.
Применливо право и надлежност
Овој веб-сајт, содржината и овие Услови на употреба се регулирани со македонското законодавство. Сите спорови кои произлегуваат од користење на нашата веб-страница, содржината или во врска со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и нивната важност, толкување и примена се доставува за решавање во надлежниот суд во Скопје.