Нашиот тим

Проф. д-р Ѓорѓи Филипов

Европски Патентен застапник, Национален застапник за индустриска сопственост, основач на БЕРИН и претседател на Управното тело.

Прв директор на Заводот за индустриска сопственост на Република Македонија од неговото основање (1993-1999). Претседател на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија (СПАТУМ) (2001-2005). Од 2005-2010г. ја извршувал функцијата Амбасадор на Република Македонија во Берлин, потоа од 2010-2015г. е Амбасадор на Република Македонија во Виена и акредитиран Амбасадор на Република Македонија во Токио (Јапонија) и Братислава (Република Словачка).

Член е на INTA од 2000, FICPI од 2002 година и MARQUES 2011. Aвтор е на неколку книги и повеќе од стотина научни и стручни трудови. Професор е на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) при универзитетот Св.“Кирил и Методиј“ во Скопје по предметите „Менаџмент на индустриска сопственост” и „Менаџмент во ИТК”, од 2013 е член на Европската академија на науки и уметности  со седиште во Салцбург.

Области на стручност: Проценка и менаџмент со интелектуална сопственост, преговарање и склучување на договори, лиценци, трансфер на know-how и технологии, патентни спорови поврзани со машинството, обработка на податоци, информатика, автоматика и електроника.

Јазици: Македонски, англиски, германски, руски, српски, бугарски и хрватски.

За повеќе информации погледнете на  wikipedia и на страницата filipov.mk .


Лилјана Филипова Дипл. Инж.

Европски патентен застапник, Соосновач и член на управното тело на БЕРИН ДОО

Образование: Дипломиран електро инжинер на EТФ при УКИМ,  Скопје.

Искуство: Застапување пред административните органи и во судски постапки.

Области на стручност: Специјализирана пракса на Индустриски дизајн и Трговски марки, Патенти од областа на електричните постројки и автоматизација, физика и меѓународна заштита.

Специјални обуки: Женева -Швајцарија

Јазици: Македонски, англиски, француски, германски, бугарски, српски и хрватски.

Ванчо Дамјански, Дипл. Инж.

Европски патентен застапник, Национален застапник за Индустриска сопственост, Управител на БЕРИН ДОО

Образование: Дипломиран Електро инжинер на Електротехничкиот факултет на Универзитетот  “Св.Кирил и  Методиј” -Скопје.

Искуство: Застапување пред административните органи. Член на Советот и Дисциплинскиот Комитетот на Европски Патентен Институт (2014-2022).

Области на стручност: Експерт од технички аспекти на индустриската сопственост, патенти од областа на автоматска обработка на податоци, телекомуникации и физика, меѓународна заштита на права, медијација и проценка на права од индустриската сопственост.

Јазици: Македонски, англиски, српски, хрватски и бугарски.

Ива Бернхардт, Дипл. Инж., MBE

Европски Патентен застапник, Раководител за Меѓународни Односи и Евалуација, Поранешен Директор на Берин

Образование: Мастер по бизнис и инженеринг со специјализација на информатичка технологија на Универзитетот Steinbeis во Берлин, Германија. Дипломирала инженерство на животната средина на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” - Скопје.

Докторски студии по одржливи енергии на Техничкиот универзитет во Берлин, Германија. 

Квалифициран EU-Fundraiser со специјализација за EU-Проекти.

 

Искуство:   Раководни позиции во полето на меѓународни односи, евалуација, одржливи енергии, енергетска ефикасност и животна средина, системи на менаџмент на квалитет, интерна ревизија и аудит, трансфер на технологии и интелектуална сопственост.

 

Ги развива меѓународните односи за Берин со сите Меѓународни Организации и ја развива соработката со Влади.

Евалуации на мулти-милионски проекти и програми за UNIDO (Организација на Обинетите Нации за Индустриски Развој), UNEP, EU, GEF (Global Environment Facility), USAID, UNEP, EU, GEF (Глобален Еколошки Фонд), USAID, GIZ и други Меѓународни Организации. Има менаџирано меѓународни тимови во повеќе од дваесет земји на четири континенти (Африка, Европа, Азија и Латинска Америка).

 

Области на стручност:  Меѓународни Односи, Соработка со Влади, Евалуација на проекти за енергија и животна средина, Вработување на млади и проекти за рурален развој, Патенти (технологија, фармација и хемија) и Индустриски дизајн.

 

Јазици: Македонски, англиски, германски, француски, шпански, српски, хрватски, бугарски и руски јазик.

Проф. д-р Владимир Дуковски

Специјален консултант за развој

Образование: Доктор на технички науки, Универзитетот во Загреб. Дипломирал на универзитетот во Лвов.

Искуство: Редовен професор по автоматика на Машинскиот факултет во Скопје. Вонреден професор во Бредфорд, Англија и Аризона, САД.

Области на стручност: Машински алати и роботиката.

Јазици: македонски, руски, украински, англиски, српски, хрватски и бугарски јазик.


М-р Ирена Петкоска, дипл. фарм.

Застапник за патенти и трговски марки

Образование: Дипломиран Фармацевт (B.Sc.Pharm) - Фармацевтски факултет - Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” Скопје; Магистер по право на интелектуална сопственост (LL.M.) - Правен факултет „Јустинијан Први“; Универзитет “Св.Кирил и Методиј” Скопје во соработка со Центарот за меѓународни студии по интелектуална сопственост на Универзитетот во Стразбур.

Искуство: Застапник за патенти и трговски марки. Советник за патенти од областа на фармација и хемија, систем за патенти, дополнителен сертификат за заштита на патенти, систем за ануитети. Искуство во различни проекти, како член на научно-истражувачки сојуз на Факултетот за фармација.

Јазици: Македонски, англиски, германски, холандски, српски, хрватски и бугарски јазик.

M-р Ивона Секуловска

Застапник за индустриска сопственост, Правник (правни и судски постапки)

Образование:Дипломиран правник и Магистер по право од областа на интелектуалната сопственост (двојна диплома на ЦЕИПИ Институтот при Универзитетот од Стразбур и Правниот факултет Јустинијан Iпри УКИМ, Скопје).

Диплома за завршен правосуден испит во РМ.

Сертификат за завршена WIPO-UNIGE школа за Интелектуална сопственост, Женева, Швајцарија

Искуство:Изготовка на правни списи од областа на интелектуалната сопственост, водење постапка за заштита на трговски марки во Македонија, 

Област на стручност:Управна постапка за национална регистрација на трговски марки во Македонија, заштита и спроведување на правата на интелектуална сопственост, судски постапки во областа на индустриската сопственост.

Јазици: Македонски, англиски, српски, бугарски.

М-р Тијана Филипова, Дипл. Инж.

Консултант за подрачјето на Сојузна Република Германија

Образование: Магистер по воздухопловно инженерство  на Техничкиот универзитет во Берлин, Германија. Диплома за наука (дипломиран) во транспортни системи - воздухопловно инженерство  на Техничкиот универзитет во Берлин, Германија. Межународна диплома од гимназијата “Јосип Броз Тито” во Скопје, Македонија.

Искуство: Ролс-Ројс Германија Ltd & Co KG (  ) во Dahlewitz, Германија.

Јазици: Македонски, англиски, германски, српски, хрватски.

Кристина Чачовска, дипл. инж.

Застапник за индустриска сопственост

 

Certificates: Polymer Chemistry and Technology of Polymers (Slovak University of Technology);Innovation School Sprungbrett (Conferences on Biotechnical Faculty, University of Ljubljana and Department of Architecture, Wood and Civil Engineering, Bern University of Applied Sciences; Practical projects in Russhouse, Saint Petersburg, Russia, Faculty of Forestry, University of Belgrade, Serbia and Feydom, Skopje);

Autodesk for completed AutoCad 2D, AutoCad 3D, 3D Studio Max Design and Fusion 360 Essentials (in Semos Computers Educational Centar). 

Experience: Assistant in the field of patents (drafting a patent specifications and filing patent applications), design and consultations.

Field of expertise: Engineering, materials and technology.

Languages: Macedonian, English, Serbian, Italian, German.

Образование:  Дипломиран инжинер за дизајн и технологија на мебел и внатрешно уредување ( областа на дрвна индустрија на Факултетот за дизајн и технологија на маебел .

Област на стручност: Изработка на патентни спецификации од спецични области ( матерјали и технолошки постапки), водење на регионални постапки за валидација на патенти, индустриски дизајн,

Искуство: Практични проекти во Russhouse, Saint Petersburg, Russia, Faculty of Forestry, University of Belgrade, Serbia и Feydom,Скопје); Autodesk за завршени AutoCad 2D, AutoCad 3D, 3D Studio Max Design и Fusion 360 Essentials (во Semos Computers Educational Centar).  

Јазици: Македонски, англиски, српски, италијански, германски.

Татјана Побегун

Авторски права и надоместоци

Образование:  Универзитетска диплома по бизнис економија  од Економски факултет "Киеvski Институтот за национална економија" -Киев (Украина). 

Искуство: Администратор, исплата на авторски хонорари, сметководство.

Јазици: Украински, руски, македонски, српски, хрватски и англиски јазик.

Ана Марија Павловска

Авторски права и надоместоци

Образование: Гимназија степен во економијата.

Искуство: Работа во областа на индустриската сопственост.

Област на стручност: Авторски права и сметководство.

Јазици: Македонски, англиски, германски, српски, бугарски и хрватски јазик.

Соња Крстевска

Финансии, сметководство и авторски надоместоци

Образование: Средно економско училиште "Васил Антевски - Дрен", Скопје.

Искуство: Финансиско сметководство и работа во областа на индустриска сопственост.

Област на стручност: Финансиско сметководство, завршни сметки, исплата на авторски хонорар и уплата на ануитети на патенти.

Јазици: Македонски, англиски,  српски, бугарски и хрватски јазик.

М-р Елена Симјановска

Застапник за индустриска сопственост, Правник (управна постапка)

Образование: Дипломиран правник и Магистер по право од областа на интелектуалната сопственост (двојна диплома на ЦЕИПИ Институтот при Универзитетот од Стразбур и Правниот факултет Јустинијан I при УКИМ, Скопје).

Искуство: Изготовка на правни списи од областа на интелектуалната сопственост, водење постапка за заштита на трговски марки во Македонија, 

Област на стручност: Управна постапка за национална регистрација на трговски марки во Македонија, заштита и спроведување на правата на интелектуална сопственост, судски постапки во областа на индустриската сопственост.

Јазици: Македонски, англиски, српски, хрватски, француски

Елена Среброва

Администратор во одделот за патенти

Образование: Средно економско.

Искуство: Сметководство, книговодство, администратор, работа во областа на патенти (водење на управна постапка пред државни органи), следење на ануитети.

Област на стручност: патенти, ануитети, превод на патенти.

Јазици: Македонски, српски, хрватски, англиски, германски, грчки и бугарски јазик.

М-р Иван Иванов

Консултант на БЕРИН во Софија, Бугарија

Образование: Магистратура и диплома на Универзитетот во Софија, Бугарија.

Искуство: Консултант  и застапник за  патенти и трговски марки.

Јазици: Бугарски, руски, англиски, македонски и српски јазик.

М-р Аглика Иванова

Адвокат, Управни и судски постапки во Бугарија

Образование: Магистратура и диплома на Универзитетот во Софија, Бугарија.

Искуство: Консултант  и застапник за  патенти и трговски марки.

Јазици: Бугарски, руски, англиски, германски, македонски и српски јазик.

Проф. д-р Искра Дуковска Поповска

Советник

Образование: Докторат на Универзитетот во Алборг, Магистер на науки на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје. Диплома од Машински факултет на Универзитетот  "Св.Кирил и Методиј" во Скопје.

Искуство: Професор на универзитетот во Алборг, Работа во областа на контрола на квалитетот и интелектуална сопственост.

Јазици: Македонски, англиски, дански, хрватски и српски јазик.

 

Луиза Стајиќ

Адвокат, Судски спорови

Образование: Диплома по право на Универзитетот во Скопје.

Искуство: правно застапување во граѓански и стопански предмети, како и судски постапки од индустриска сопственост.

Област на стручност: трговски марки, судски постапки и географските ознаки.

Јазици: македонски, француски, српски, бугарски и хрватски јазик.

Ванчо Филипов Дипл. Инж.

Надворешен Советник

Образование: Дипломиран машински инжинер, на МФС при Универзитет "Св.Кирил и Методиј" во Скопје.

Искуство: Работа во областа на патенти, хидраулика, пневматика и енергетиката.

Специјална обука: Белград, Србија.

Јазици: македонски, германски, српски, хрватски и бугарски јазик.

Јасмина Давитковска

Застапник за индустриска сопственост, Правник (aдминистративни постапки)

Образование: Правен факултет "Јустинијан I" при Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје.

Искуство: Изготовка на правни списи и застапување странки во судски постапки.

Област на стручност: Управна постапка за национална регистрација на трговски марки во Македонија, судски постапки во областа на индустриската сопственост.

Јазици: Македонски, англиски, српски, хрватски, бугарски и италијански јазик.

М-р Слаѓана Стојановиќ

Консултант на Берин за територија на Србија

Образование: Дипломиран филолог и  Магистер по право на интелектуална сопственост (LL.M.), Правен факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Скопје. 

Универзитетска диплома по право на интелектуална сопственост на Универзитетот од Стразбур, Франција.

Искуство: Работи во областа на интелектуалната сопственост од 2000 год. 20-годишно искуство во деловна активност и 10 години управување со интелектуална сопственост во мултинационална компанија.

Нејзината професионална пракса опфаќа различни аспекти на национални и меѓународни регистрации и правни анализи на трговски марки, патенти и индустриски дизајни.

Дел од нејзината работа опфаќа и консултативни услуги од областа на регистрација, заштита и спроведување на прaвата на интелектуална сопственост, менаџмент со интелектуална сопственост, преговарање и склучување на договори, лиценци, трансфер на know-how и технологии.

Јазици: Српски, македонски, англиски, француски

Горан Илиќ

Образование: средно насочено образование, лиценца за Јава програмирање од Oracle.

Искуство: администрација, архивирање на документација, изработка и оддржување на веб страници, графичка обработка на материјал и припрема за печат, работа во слободен софтвер. 

Области на стручност: веб дизајн, администрација, Јава, Gnu/Linux, припрема за печат.

Јазици: македонски, српски, хрватски, англиски.

Мартин Живковски

Образование: Дипломиран машински инженер и Магистер по технички науки од областа на машинството – Машински факултет-Скопје. Стекнати сертификати за 3D Studio MAX, SolidWorks, Германски јазик;

Искуство: раководни позиции во одржување и производство, организација и водење на проекти, реализација на разни продукти од графички дизајн и моделирање;

Јазици: Македонски, англиски, српски, хрватски и германски;