中文
DE
EN
  • Компанија
  • Услуги
  • Тим
  • Држави
  • Новости
  • Контакт

Средба на основачот на Берин, Ѓорѓи Филипов со проф. Јозеф Штраус

07.03.2013

 

На состанокот во Салзбург меѓу пријателите, претседателот на Одборот на БЕРИН , д-р Ѓорѓи Филипов и д-р Јозеф Штраус. 

Проф Штраус е: 

-професор по право (Universitäten München und Љубљана)
-почесен научен соработник на Макс Планк Институтот за интелектуална сопственост, конкуренцијата и Законот за данок, Минхен 
-Декан за ИС и Менаџмент на иновации на Универзитетот на Јужна Африка (UNISA), Преторија
-Визитинг професор на меѓународно и компаративно право, Универзитетот Џорџ Вашингтон Правниот факултет, Вашингтон
-Вонреден соработник на Хувер институтот при Универзитетот Стенфорд.

Facebook Twitter LinkedIn Email Print

Друштво за интелектуална сопственост Берин ДОО

бул. Кочо Рацин бр.14/1-1
П.Фах 026, 1000 Скопје,
Северна Македонија
++389 2 3209 111
++389 2 3130 398
berin@berin.com.mk

Berin International GmbH
 

Jurekgasse 1/1/11
1150 Vienna,
Austria
+43 664 2629742
+43 1 89 22 960
office@berin-ip.com

Следете нѐ

  •  

за актуелните случувања во областа на ИС!

Импресум | Услови за користење | Aвторски права: © 2017 - 2022 Берин ДОО.

УЧЕСТВО НА 40-ТА ECTA КОНФЕРЕНЦИЈА ВО КОПЕНХАГЕН ДАНСКА

19.06.2022

Под слоганот  "Дизајнирање на иднината" (Designing the future) во Копенхаген Данска од 15-18-ти Јуни  се одржа 40-та годишна конференција на Асоцијацијата за Трговски Марки на Европска Унија на која учествуваше преставникот на Берин Ванчо Дамјански. 
По една одложена конференција и една одржана во хибриден облик,  во земјата на напредниот нордиски дизајн, над 670 професионалци од областа на заштитата на на трговските марки, индустриски дизајн и ознаки на потекло, присуствуваа на оваа значајна јубилејна конференција.
Покрај редовните средби на надлежните комитетите и извештајот за работата , конференцијата започна со обраќање на директорот на данскиот завод за патенти и трговски марки Суне Соренсен и запознавање со актуелните случувања во WIPO  и EUIPO. Следеа едукативни сесии во кои учесниците се имаа прилика да дознаат за актуелностите во поглед на заштитата и користењето на податоците , алтернативни пристапи во решавање на споровите  и финесите при заштитата во модната индустријата.
Дополнително, во комбинирани панелни и едукативни сесии се опфатија темите и се дискутираше за: заштитата на храна и традиционални јадења како и предизвиците при регулирање на правата од интелектуална сопственост кај стартап и спиноф  компаниите при соработка со академските институции. 
Освен во едукативниот дел, вмрежувањето помеѓу колегите се одвиваше на социјалните настани организирани на неколку значајни локации.  
Од оваа година беше воведен и посебен настан  за учесниците кои прв пат ја посетуваат конференцијата со цел да се запознаат со можноста за партиципација во работата на организцијата.
Конференцијата заврши со предавање на претседателскиот медал од досегашната претседателка г-ѓа Анет Расмунсен на новиот претседател , нашиот драг колега Младен Вукмир кое се одвиваше во првата Европска циркуска зграда Акселторв.

ЌОСЕСКА И ИЛИЕВСКИ ОД АГЕНЦИЈАТА БЕРИН НА 92-ИОТ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТЕНТЕН ИНСТИТУТ

16.05.2022

На 6 и 7 Мај 2022 се одржа 92—ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ). По две и пол години и четири видео конференции, состанокот на советот овојпат се одржа како физичка средба во градот на патентите Минхен (Германија). На состанокот присуствуваа вкупно 120 од вкупно 13.500 европски патентни застапници од 38 земји, меѓу нив и Марија Ќосеска, раководител на оделението за трговски марки и индустриски дизајн во БЕРИН доо и Богољуб Илиевски, раководител на оделението за патенти во БЕРИН доо.
Дента, пред одржувањето на состанокот на Советот, Богољуб Илиевски, во својство на потпретседател на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ) учествуваше на работниот состанок и неформална вечера на президиумот со Извршната директорка на ЕПИ Татјана Лисак како и на официјалниот состанок на членовите на Президиумот кој се одржа следниот ден во претпладневните часови.
На работата на Советот претходеше семинар со назив “Доктрина на еквивалентност кај патентите”. Делегатите на советот ги усвоија извештаите на претседателот и потпретседателите на ЕПИ, на генералниот секретар, на внатрешните ревизори и на чуварот на трезорот. Исто така, со големо мнозинство беа изгласани измени во законот за избор на членови на работни комитети на институтот како и измени во кодексот на однесување на европските патентни застапници предложени од страна на комитетот за професионално однесување во чија работа учествуваше и Марија Ќосеска. Дебатите продолжија на заедничката вечера на делегатите на советот, проследена со вкусни Баварски специјалитети, а претставниците од Берин не ја пропуштија можноста да ги зацврстат старите пријателства и деловни врски и да отворат нови.

„БЕРИН“ НА „ЦЕФТА“ ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА „ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ КАКО ПОТТИК НА ТРГОВИЈАТА И ИНВЕСТИЦИИТЕ“

20.12.2021

Во рамките на Конференцијата „Неделата на CEFTA 2021 – 15 години трговија“, која се одвиваше од 13-16 декември 2021 во Скопје, на 16.12.21 се одржа и панелна дискусија под назив „Правата на интелектуална сопственост (ИС) како поттик на трговијата и инвестициите“, на која говореше и проф. д-р Ѓорѓи Филипов, основач на Агенцијата „Берин“. Останати панелисти беа: м-р Младен Вукмир, водител на CEFTA IPR проектот (Загреб), Јасмина Суљовиќ, адвокат (Сараево), Игнасио де Медрано Кабаљеро, шеф на Службата на областа за меѓународна соработка, Европски завод за интелектуална сопственост (EUIPO), (Аликанте), Драгана Ранитовиќ, директор за ИС, Министерство за економски развој, (Подгорица) и Марија Божиќ, Завод за ИС, (Белград). Со дискусијата модерираше Аурелија Исеану од Секретаријатот на Central European Free Trade Agreement (CEFTA) (Брисел). На конференцијата учествуаа и колегите: Лилјана Филипова, коосновач и европски патентен застапник од „Берин Интернационал ГмбХ“, Виена, ДИ Богољуб Илиевски, шеф на Секторот за патенти во „Берин“, потпретседател на Европскиот патентен институт, м-р Марија Ќосеска, шеф на Секторот за трговски марки и м-р Ивона Секуловска, застапник за ИС и околу педесет претставници од сите земји на ЦЕФТА.
 
Во првиот дел од панелот се дискутираше за важноста на IPR за поттикнување на трговијата во ЦЕФТА и како таа може да генерира економски раст, да привлече инвестиции и нови области на развој. Аурелија Исеану, даде краток вовед, а потоа поставуваше прашања кон секој од панелистите. Заеднички беа прашањата: 1.Зошто треба сериозно да ја сфатиме улогата на ПИС во економскиот развој, поттикнувањето на трговијата и привлекувањето инвестиции? и 2. Како да обезбедиме заедничките правила и минималните стандарди за заштита и спроведување на правата на ИС меѓу ЦЕФТА страните да и служат на целта без да создаваат непотребни трошоци и можни бариери за трговијата? Како да се однесуваме кон загриженоста на бизнисот дека правата добиени на еден пазар не важат на друг пазар на ЦЕФТА? На претставникот на МК, д-р Филипов му беше поставено посебно прашање: „Неодамна Инвестицискиот форум за шестте комори на Западен Балкан објави извештај кој укажува дека ИС е рангирана меѓу нетарифните бариери, кои се сметаат за пречка за водење бизнис во регионот. Со оглед на тоа што вашата компанија нуди низа услуги за ИС во регионот и пошироко, вклучително и државите на ЕУ, што мислите дека претставува додадена вредност за бизнисот доколку ги штити своите права на ИС обезбедувајќи притоа да не се создадат дополнителни бариери за трговијата“?
 
Во вториот дел на панелот дискутантите иницираа низа прашања при што д-р Филипов говореше за не толку честите, но многу непријатните, ситуации кога некои домашни заводи за ИС или ЕУИПО при проценката дали да признаат некоја пријава на трговска марка и да ја регистрираат, наместо одредбите на законот, меѓународни конвенции и договори како критериум за одлучување ја користат припадноста на компанијата, која бара заштита во земјата пред чиј Завод е поднесена пријавата или која е во ЕУ или е надвор од ЕУ. Филипов, исто така, се осврна и на споровите за географските називи, при што претставникот на ЕУИПО, Медрано Кабаљеро одговори дека такви спорови постојат и меѓу заинтересирани компании од самата ЕУ, што не е ништо необично, а ЕУИПО мора да донесе некаква одлука, доколку не се најде компромисно решение меѓу самите страни од спорот.
 
Модераторот, г-ѓа Исеану, нагласи дека целта на Дискусијата е да се разговара за следните чекори за унапредување на соработката за правата на ИС во рамките на ЦЕФТА, можните препораки, остварливите решенија, кои би можеле да се имплементираат во ЦЕФТА. На оваа тема, Филипов предложи да се разгледа можноста за создавање на еден заеднички „Завод за трговски марки и индустриски дизајни“ за сите членки на ЦЕФТА, по примерот на Белгија, Холандија и Луксембург. Тоа би ги анулирало пречките и бариерите за слободна трговија што ги предизвикува протекционизмот во ИС, кој иако не е голема пречка, сепак, според анкетите, учествува со 15% удел во вкупните нетарифни бариери.
 
Имајќи предвид дека освен панелната дискусија, од страна на Европскиот завод за интелектуална сопственост (ЕУИПО) беше одржана и техничка работилница за вработените во заводите за ИС на земјите, членки на ЦЕФТА, Неделата на ЦЕФТА 2021 во РС Македонија ја оценуваме како успешен настан.

АГЕНЦИЈАТА „БЕРИН“ ВО ДЕБАТА ЗА ПРВАТА ВЕРЗИЈА НА МАКЕДОНСКАТА „НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ (2022-2026)“

17.12.2021

М-р Марија Ќосеска дипл. инж. арх., македонски и европски патентен застапник и дипл. инж. Богољуб Илиевски, македонски и европски патентен застапник и потпретседател на Европскиот патентен институт (EPI) како претставници на Агенцијата БЕРИН активно учествуваа во дебатата околу предложената прва верзија на „Националната стратегија за интелектуална сопственост (2022-2026) на МК“. Меѓу другото, тие ја истакнаа потребата за електронско поднесување на пријави пред Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) и неопходноста од измени во законските и подзаконските акти на „Законот за индустриска сопственост“, кои ќе придонесат кон подобрување на процедурите за стекнување на права на индустриска сопственост (патент, трговска марка и индустриски дизајн).
 
Претходно, со свои излагања за Стратегијата изработена во рамките на проектот „EU framework contract for the implementation of external aid 2018 europeaid - Support to the bureau for industrial property” имаа проектниот тим лидер, М-р Жељко Топиќ, хрватски и европски патентен застапник и проф. д-р Валентин Пепељугоски македонски и европски патентен застапник, кои дадоа осврт на процесот на подготовка на Националната стратегија и за спроведување на правата од интелектуална сопственост.
 
Во имe на застапниците од Република Северна Македонија осврт на оваа верзија на стратегијата даде м-р Марин Гавриловски, МКД застапник за индустриска сопственост. За заштитата на колективното управување на правата на ИС во ЕУ – искуства од Хрватска" говореше проф. д-р Романа Матановац Вучковиќ, претседател на Хрватскиот музички завод, како и проф. д-р Јадранка Дабовиќ – Анастасовска, на тема „Правата на индустриската сопственост и новините во ЕУ легислативата за ИС“.

АГЕНЦИЈАТА „БЕРИН“ НА 11.КОНВЕНЦИЈА ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ ВО МИНХЕН

28.11.2021

На 11-тата Конвенција и саем за интелектуална сопственост (ИС) којашто се одржа од 21-24 Ноември 2021 во Минхен (Германија) учествуваше и Агенцијата „Берин“ со двајца претставници, проф. д-р Ѓорѓи Филипов, ЕП и МК патентен застапник и дипл. инж. Кристина Чачовска, МК патентен застапник. Конвенцијата се одржа во согласност со мерките против ширење на Ковид-19. На 75 изложбени штанда и во три сали за панелни сесии, учествуваа околу 650 колеги од 55 држави, од кои што 350 на самото место на настанот, а останатите онлајн. Над 30 говорници говореа на паралелни панелни, а се одржаа и повеќе од 20 сесии на тркалезни маси.
 
Теми за обработка беа: „Зајакнување на иновациската култура“, „Кооперациски договори – колаборација меѓу конкурентите“, „Патентирање на вештачка интелигенција”, “Технолошко набљудување во деверзифицирана глобална економија“, „Не-патентната литература – скриен трезор“, „Употреба на машинско учење и вештачка интелигенција при патентно пребарување и категоризација“, „Трансформација на ИС во деловен успех“, „Патентните, научните и деловните бази на податоци, асистент при стратешко одлучување“, „Состојба на техниката кај услугите за ИС: Технолошки разлики“, „Иднината на ИС“ и многу други. Претставниците на „Берин“ беа едни од ретките од регионот на Југоисточна Европа. ​​
 
На панелната сесија „Нова парадигма за нова декада: „Интегриран менаџмент за животниот циклус на ИС“ и на тркалезна маса „End-to-End IP Management – an Insight into Integrations, APIs and Cloud Based Blended Analytics”, со свој устен прилог (интервенција) учествуваше и проф. Филипов. Во првата сесија, тој го нагласи фактот дека интересот за дополнителниот (SPC) сертификат рапидно расте, оттаму и софтверот за менаџмент на животниот циклус на ИС треба да претрпи измени во квадрантот „Ниска атрактивност на технолошкото подрачје/ Дотраеност на заштитата“ на патентите, коишто би требало да бидат напуштени во случај да се од областа „фармација“.
 
Во втората сесија, Филипов ја нагласи потребата од давање време за трансформација на IP софтверот за менаџмент во класична смисла (сопствен сервер, компјутер, CD или USB) и инсистирањето на инженерите од најновата генерација, сѐ да биде базирано на Cloud (Google, Amazon, Microsoft и т.н.). Тој смета дека треба за почеток да се користи хибриден облак (cloud), каде што се дозволува зачувување на одредени (за фирмата и нејзините клиенти значајни) податоци во своја физичка ИТ инфраструктура, истовремено користејќи ги услугите на јавните „облаци“, споменати претходно.
 
На Конвенцијата учествуваа директори за ИС од BMW, Siemens, Vodafone, CeramTec, Infineon Technologies, Philips, Rheinmetall ABP, Hitachi, Atlas Copco, Danish Patent And Trademark Office, Nordic Patent Institute, Swiss Federal Institute of IP, Hoffman-La Roche и други компании, како и претставници на најголемите IP фирми во светот (Clarivate, Dennemeyer, Questel). Украс на настанот беше настапот на г-ѓата Ellen Lohr, натпреварувачка со брзи коли, учесничка на Rally Dakar, поранешен DTM шампион на Германија, која говореше на тема „Успешно справување со перманентни кризи“, алудирајќи на кризата во која сме принудени да работиме сите, па и ние во областа на ИС повторувајќи го често исказот - „Успехот не е случаен производ“.

БЕРИН НА 42-TA МАКИНОВА И 19-ТА ЕКОНОВА

24.11.2021

Oд 8-10 ноември 2021 г. се одржа 42-то издание МАКИНОВА, Меѓународната изложба за пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско-истражувачко и креативно творештво, како и 19-то издание на ЕКОНОВА, Меѓународна изложба на иновации, пронајдоци и идеи, чија цел е промоција на иновации за подобрување на животната средина. 

Агенцијата за интелектуана сопственост БЕРИН традиционално зеде учество учество во двете манифестации. Имено,  Дипл.инж.Кристина Чачовска од Одделот за патенти на Агенцијата БЕРИН, беше член на жири комисијата, која годинава оценувањето на експонатите го вршеше онлајн (виртуелно).

Свеченото доделување на награди се одржа на 17 ноември 2021 г. во х. Континентал, на која двајцата претставници од БЕРИН, Кристина Чачовска и Богољуб Илиевски, ги доделија посебните награди од БЕРИН за најуспешните учесници во категоријата „млади учесници“.  

Во категоријата „МАКИНОВА 2021“ - Млади учесници, наградата од БЕРИН ја понесоа  Мартин Милчевски и Лука Дамјанов од СЕТУГС „Михалјо Пупин“- Скопје, под менторство на професорката Даниела Сандева, за проектот „LUMA-Ergonomik chair“. 

Во категоријата „ЕКОНОВА 2021“ - Млади учесници, наградата од БЕРИН припадна на Гала Арсовска од ОСТУ  „Наце Буѓони“- Куманово, која под менторство на професорката Славица Караникиќ, го изработи проектот „Природна заштита на пчелите од паразити“. 

Организаторот на двете манифестации „Народна техника“ додели Благодарници на БЕРИН, за долгогодишната подршка на двете манифестации, и на Кристина Чачовска, за учество во жири комисијата.

ПАТЕНТИ

ПАТЕНТ*е збир од исклучиви права дадени од страна на државата на сопственикот патентот (пронаоѓач или носител) за определен временски период во замена за уредено откривање на определени детали на пронајдокот кој може да биде, уред, постапка, начин или состав кој е нов, кој поседува иновативен придонес и е употреблив односно е индустриски применлив. 

Берин доо нуди услуги од областа на заштитата на патентите во следните сегменти:

  • Пребарување, во патентни бази
  • Составување и уредување на патентни спецификации, за пронајдоци од сите области на техниката(фармација, машинство, хемија, електротехника и др.
  • Регистрација на национални патенти, во сите земји од регионот
  • Меѓународна регистрација на патенти:, Поднесување на PCT пријави
  • Застапување пред EPO:, Водење на постапки за признавање на европски патенти пред ЕПО
  • Валидација на европски патенти, пред сите национални заводи
  • Екстензија на европски патенти, пред придружните членки на ЕПО
  • Стручен превод, на патентни спецификации на и од Македонски, Англиски, Германски, Албански, Српски, Хрватски, Словенечки, Бугарски, Турски, Романски, Грчки, Руски и Француски
  • Уредување на патентни спецификаци во согласност со националните законодавства на државите, и подготовка на одговори на приговори и забелешки во фаза на испитување
  • Ануитети:, Одржување на патенти
  • TCM:, Постапки за издавање на дополнителен сертификат за продолжување на важење на патенти
  • Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на патентни права
  • Проценки:, Вредносна евалуација на Патенти и пронајдоци
  • Преноси на право,

*Терминот ПАТЕНТ потекнува од Латинскиот збор patere кој значи „да биде отворено“ (да биде ставено на увид на јавноста) и поимот letters patent, што изворно означувало благороднички декрет со кој се дава исклучиви права на определено лице или дејност.

ТРГОВСКИ МАРКИ

TРГОВСКА МАРКА е право од индустриска сопственост кое се однесува на одреден препознатлив знак кој се употребува од страна на лице, организација или правни субјекти за единствено означување на нивните производи и/или услуги пред потрошувачите, како и за разликување на нивните производи од оние на други субјекти. 

[При водење на управни постапки]

  • Пребарување, во меѓународните и домашните бази;
  • Регистрација на трговски марки , во сите земји од регионот;
  • Меѓународна регистрација на трговски марки;
  • Следење на пазарот и официјални публикации;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
  • Приговори, поднесување и одговарање;
  • Провизорни одбивања,-одговарање и поднесување на предлози;
  • Поништувања,
  • Постапки за промена во регистри,-( договори за пренос, промена на назив и адреса);
  • Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на трговски марки
[При судска заштита и спроведување]
  • Судски спорови;,
  • Медијација:, постапки за разрешување на спорови;
  • Барања за царински мерки;,
  • Инспекциски увид: увид и преземање мерки ;
[Останати услуги]
  • Следење на пазарот и официјални публикации;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
  • Проценки:, Вредносна евалуација на трговски марки

 

*Трговската марка вообичаено се состои од име, збор, израз, графичко лого, симбол, изглед, слика или комбинација од истите. Знакот ® се користи за означување на знаци кои се регистрирани со право на трговска марка, тој е еквивалентен со знакот ТМ кој се користи за територија на Северна Америка.

АВТОРСКИ ПРАВА

Авторско право е термин под кој се подразбираат правата кои се однесуваат на креирањето, употребата и користењето на авторските дела односно специфични изрази на идеи и/информации.
Авторско дело претставува интелектуална творба, на лице или група на лица, од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување.

Агенцијата БЕРИН e авторска агенција која на своите клиенти им нуди:

[При застапување на автори и корисници на авторски дела]

  • Составување на авторски договори , со домашни и меѓународни автори;
  • Посредување при исплата на авторски надомести;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на авторските права;
[Останати услуги]
  • Регистрација на авторски дела;
  • Застапување и водење на судски спорови;
  • Судски вештачења,експертски и економски.

*© е знак кој се употребува за означување на авторските дела, покрај името на нивниот носител, како предупредување дека нивната употреба е можна само со негова согласност.
© - е кратенка изведена од терминот "copyright" и буквално значи „право на копирање“.

ПРАВНО ЗАСТАПУВАЊЕ

Берин, преку својата мрежа од застапници, овластени за застапување пред сите административни и судски органи, обезбедува доверливо и професионално застапување на своите корисници во сите фази од остварувањето и заштитата на правата од интелектуална сопственост. Со континуирано следење на сите законски измени и пракса во соработка со нашите клиенти го обезбедуваме оптималниот исход на секоја започната постапка:

Застапувањето пред управните органи опфаќа

        • Застапување пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост
        • Застапување пред Царинските Органи во постапки поврзани со царински мерки од областа на ИС
        • Застапување пред државниот пазарен инспекторат
        • Застапување пред органите за заштита на конкуренцијата
        • Медијација:, постапки за разрешување на спорови
        • Застапување во Судски спорови;
        • Консултации и совети  од специфични области на правото на Интелектуалн сопственост
        • Анализа на закони и прописи во врска со области кои се однесуваат на интересите на нашите клиенти и нивните трансакции.
        • Длабинска техничка и правна анлиза на технички решемија и состојба со патентна заштита
        • Анализа на измените и дополнувањата на законите и прописите кои се од значење за корисниците и авторите
* Застапниците на Берин се единствените кои биле вклучени во расправи пред судот на Европскиот патентен завод (EPO), застапувајќи и бранејќи патентни спецификации од повеќе области и во име на значајни компании од регионот и пошироко.

ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН

ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН е право од индустриска сопственост кое се однесува на специфичен изглед или форма на на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или комбинација истите што ги задоволува условите на новост и особеност во однос на оние кои предходно и биле познати на јавноста. Индустрискиот дизајн претставува право кое на производите за кои е наменет им дава определен визуелен, естетски, ергономски, практичен или наменски квалитет кој ги разликува од пстанатите производи кои се присутни на пазарот.

Агенцијата БЕРИН во делот на регистрација и заштита на индустриските дизајни ги нуди следните услуги:

[При водење на управни постапки]

  • Пребарување, во меѓународните и домашните бази;
  • Регистрација на индустриски дизајн , во сите земји од регионот;
  • Меѓународна регистрација на индустриски дизајни;
  • Следење на пазарот и официјални публикации;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на индустриски дизајн;
  • Приговори, поднесување и одговарање;
  • Провизорни одбивања,-одговарање и поднесување на предлози;
  • Поништувања,
  • Постапки за промена во регистри,-( договори за пренос, промена на назив и адреса);
  • Лиценци:, Изработка и регистрација на лиценцни договори за користење на трговски марки
[При судска заштита и спроведување]
  • Судски спорови;,
  • Медијација:, постапки за разрешување на спорови;
  • Барања за царински мерки;,
  • Инспекциски увид: увид и преземање мерки ;
[Останати услуги]
  • Следење на пазарот и официјални публикации;
  • Консултативни услуги , поврзани со заштитата на трговските марки;
  • Проценки:, Вредносна евалуација на трговски марки

* Полињата се задолжителни.

ПРИЈАВА ЗА БЕРИН БИЛТЕН

Се пријавувам да добивам Берин Билтен на мојот e-mail*

* Полињата се задолжителни.

КОМПАНИЈА

  • Профил
  • Организација
  • Нашиот пат

Профил

Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН® доо е меѓународно активна компанија основана во 1992 год. На почеток компанијата пружа услуги претежно на домашни фирми, а со текот на времето се разви во водечка компанија во областа на заштитата на интелектуалната сопственост (ИС) во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.

БЕРИН® е специјализирана фирма, којашто застапува или советува поединци и компании во постапките за поднесување на пријави и одржување на патенти за пронајдоци, индустриски дизајн, трговски марки, авторски и сродни права, трансфер на права од интелектуална сопственост, трансфер на технологија, франшизи, know-how или лиценцирање во Македонија, Југоисточна Европа, Европска Унија и во 38те земји членки на Европската патентна организација (ЕПО). Исто така, таа пружа и услуги за своите деловни партнери при решавање на судски спорови, спогодување, медијација, арбитража и советување во областа на правата на ИС.

БЕРИН® пружа услуги при исплата на авторски хонорари на автори од сите области на ИС.

Во БЕРИН® работат експерти од најразлични профили, инженери од различни области на техниката, како и правници, македонски и европски патентни застапници. Секој вработен говори, покрај мајчиниот и англискиот, барем уште еден јазик, којшто се зборува во Европа. БЕРИН® работи споредвостановен ИСО 9001 систем за ефективен и ефикасен начин на извршување и следење на процесот на заштита на патентите, индустрискиот дизајн, трговските марки и авторските права  воведен и контролиран од TÜV Rheinland со што се обезбедува оптимална заштита на правата од ИС на деловниот партнер.

БЕРИН® денес е симбол за посветена и успешна услуга извршена во интерес на на деловните партнери. Обезбедениот континуиран растеж е доказ и гаранција за квалитетот и професионалноста на услугите за нашите клиенти и колеги низ светот.
Листата на домашни и странски деловни партнери на БЕРИН® постојано се продолжува, вклучувајќи и големи европски, американски и азиски компании. Многу од тие фирми се застапувани од БЕРИН® на регионална основа за Југоисточна Европа и Европа во целост.

БЕРИН® е подготвена за сорабока во областа на ИС со застапници и компании од целиот свет. Тој што сака да соработува само треба да го допре знакот за контактирање. 

Организациона структура

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР ПАТЕНТИ ТРГОВСКИ МАРКИ АВТОРСКИ ПРАВА АЛБАНИЈА БУГАРИЈА ХРВАТСКА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА СРБИЈА КОСОВО ЦРНА ГОРА РОМАНИЈА ГРЦИЈА КИПАР ТУРЦИЈА WIPO ЗАСТАПУВАЊЕ & ИС КОНСАЛТИНГ СМЕТКОВОДСТВО ОДДЕЛИ ПУБЛИКАЦИИ BERININTERNATIONALВИЕНА [AT] ОДБОР ПРЕТСЕДАТЕЛ ТИМ ЗАМЕЃУНАРОДНИПРОЕКТИ EIPO EUIPO
  1. 1992
  2. 1993
  3. 1993
  4. 1994
  5. 1994
  6. 1995
  7. 1996
  8. 1997
  9. 2001
  10. 2004
  11. 2005
  12. 2009
  13. 2010
  14. 2012
  15. 2014
  16. 2015
  17. 2016
  18. 2017
  • Prev
  • Next
  1. 1992 : Основање
    Ѓорѓи Филипов решава да поведе постапка за формирање на компанија

  2. 1993 : Регистрација
    Одлука за основање на Претпријатие за маркетинг, истражување и развој БEРИН доо-Скопје

  3. 1993 : Патенти
    ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВАТА ПРИЈАВА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ПАТЕНТ

  4. 1994 : Партнерство
    Како содружник во друштвото се впишува Лилјана Марковска/Филипова

  5. 1994 : Први пријави за индустриски дизајн и трговска марка
    ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВИТЕ ПРИЈАВИ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН И РЕГИСТРАЦИЈА НА ТРГОВСКА МАРКА

  6. 1995 : Прва PCT пријава
    Поднесување на прва меѓународна пријава на патент на пронаоѓач од Република Македонија согласно ДСП (Договор за Проширување на Патенти)

  7. 1996 : Промоција на пронајдоци
    Настап на меѓународен саем за пронајдоци и освојување на Гранд При Еурека 1996

  8. 1997 : Meѓународнa заштита на трговски марки:
    Прва пријава поднесена според Мадридскиот аранжман за меѓународна регистрација на Трговски Марки

  9. 2001 : Меѓународна заштита на индустриски дизајн
    Прва пријава пред СОИС(WIPO) според Хашкиот аранжман за регистрација на индустриски дизајни

  10. 2004 : EPO Застапување
    Почеток на застапување пред Европскиот патентен завод

  11. 2005 : Застапување пред OHIM
    Почеток на застапување пред OHIM

  12. 2009 : Стручно застапување во Судски постапки
    Прва пресуда на Македонскиот суд во Судски спор за повреда на патент на лек

  13. 2010 : Сертификација
    Имплементиран и сертифициран систем за менаџмент со квалитет ISO 9001: 2008

  14. 2012 : Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен
    Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен- посетен од заменик директорот на ЕПО г-дин Жељко Топиќ

  15. 2014 : Проширување
    Основање на Berin International GmbH во Виена Австрија

  16. 2015 : Софтвер
    Воведување (Paperless) целосно електронско администрирање на постапките

  17. 2016 : Прв македонски патент во EPO
    Прв Македонски Патент признаен во Европска патентна организација

  18. 2017 : 25 години
    2 Канцеларии | 11 Вработени | 15 Стручни соработници | 250+ Партнери | 300 + Индустриски дизајни | 3000+ Патенти | 4000+ Трговски Марки | преку 5000 автори...

ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА

ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР ПАТЕНТИ ТРГОВСКИ МАРКИ АВТОРСКИ ПРАВА АЛБАНИЈА БУГАРИЈА ХРВАТСКА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА СРБИЈА КОСОВО ЦРНА ГОРА РОМАНИЈА ГРЦИЈА КИПАР ТУРЦИЈА WIPO ЗАСТАПУВАЊЕ & ИС КОНСАЛТИНГ СМЕТКОВОДСТВО ОДДЕЛИ ПУБЛИКАЦИИ BERININTERNATIONALВИЕНА [AT] ОДБОР ПРЕТСЕДАТЕЛ ТИМ ЗАМЕЃУНАРОДНИПРОЕКТИ EIPO EUIPO

Услови за користење

Следните  одредби, термини и услови се однесуваат на користењето на официјалниот сајт на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, Македонија (www.berin.mk). Ние го задржуваме правото на повремени измени или ажурирање на овие Услови за користење во зависност од потребите. Со користење на нашата веб страна, Вие се согласувате на обврзување со Условите за користење во нивната последна верзија објавени на веб страната.

Содржина

Содржината на оваа веб страна може да е сочинета од информации и/или материјали, вклучувајќи вести, мислења и статии објавени на нашата веб-страница, кои се наменети само за информативни цели во областа на индустриската сопственост.  Содржината не секогаш ќе претставува став, ниту правен совет на  Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, па затоа посетителите на веб страната за своите потреби и интереси, а во врска со содржината н веб страната, се охрабруваат да се консулитраат со стручни лица.

Авторски права

Сите права во веб-страница и содржината се задржани. Можете да пристапите, користење, репродукција и редистрибуираат било кој сегмент на содржина за Ваша некомерцијална употреба, под услов нашите авторски права да не бидат повредени. Потребен е изречна писмена дозвола за употреба на кој било дел од содржината за какви било други цели.

Линкови на трети страни

Нашата веб-страница може да содржи линкови до веб страни на трети лица. Немаме никаква контрола над веб страните на трети лица и не сме одговорни за нивната содржина, квалитет, веродостојност или нивната употреба. Ниту една од содржините кои се објавуваат на веб-страните на трети лица е привилегиран или доверлив. Оваа веб страна, нејзината содржина, како и било која трета страна врски се обезбедени "како што е".

Ограничување на одговорноста

Со поврзување до веб-сајт или веб страница на трети лица, не значи дека Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје одобрува таков веб-сајт или веб страница. Вие сте одговорни за преземање на мерки на претпазливост кои се потребни да се заштитите себе си и вашиот компјутерски систем од вируси други штетни или деструктивни содржини. Се оградуваме од секаква одговорност за било каква штета би можела да произлезе од вашата употреба на веб-сајтови и веб страни на трети лица. Не одговараме за квалитет, веродостојноста, комплетноста и/или точноста на дополнителни факти, неочекувани случувања или донесувањето на нови закони кои се дел од содржината на трети страни.

Заштита на податоци

Ние не собираме или обработка на лични податоци преку нашата веб страница.

Применливо право и надлежност

Овој веб-сајт, содржината и овие Услови на употреба се регулирани со македонското законодавство. Сите спорови кои произлегуваат од користење на нашата веб-страница, содржината или во врска со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и нивната важност, толкување и примена се доставува за решавање во надлежниот суд во Скопје.

Импресум

Главна канцеларија:

Друштво за интелектуална сопственост Берин ДOO, Скопје
бул. Кочо Рацин бр.14/1-1, 1000 Скопје, Северна Македонија
Телефон: +389 (0) 2-3130-367, Факс: 389 (0) 2-3130-398
Матичен број : 4570138  , www.crm.com.mk
Е-пошта: berin@berin.mk

Правни напомени :
Друштво за интелектуална сопственост Берин ДОО, Скопје е  застапник за интелектуална сопственост во Република Северна Македонија и овластен патентен застапник пред Европскиот Патентен Завод (EPO) , како и  член на Здружението на претставници за индустриска сопственост (патенти и трговски марки) на Северна Македонија и меѓународните организации EPI, FICPI, INTA и MARQUES. Компанија која е сертифицирана за управување со квалитет според  ТУВ Рајланд, Германија(TÜV , а согласно ISO: 9001, со број на сертификат ID: 9105059285. Професионалните норми на кои се заснова работата се определени со македонските закони за интелектуална сопственост (Закон за индустриска сопственост и Закон за авторското право и сродните права), професионалните стандарди на ЕПИ(Европскиот патентен институт-EPI) (достапни на: www.patentepi.org) и професионалниот кодекс на FICPI ​​(достапен на: www.ficpi.org).

Преставништво:

Berin International GmbH
Jurekgasse 1/1/11, A-1150 Wien, Österreich
Телефон: +43 (0)1 8922960, Факс: +43 (0)1 8922960
Број на регистрација: FN 424569 Т, Трговски суд Виена
Даночен број: ATU70035838
Е-пошта: office@berin-ip.com

Правни напомени :
Берин Интернационал ГНМХ (Berin International GmbH) се европски патентни застапници и консултанти за интелектуална сопственост и трансфер на технологија за Југоисточна Европа. Членуваат во EPI, FICPI, INTA и MARQUES. Тие се предмет на професионалните стандарди на ЕПИ (достапни на: www.patentepi.com) и професионалните стандарди на FICPI ​​(достапни на: www.ficpi.org).