04.10.2021
Швајцарскиот федерален Врховен суд го потврди поништувањето на знакот за обликот на капсулите Nespresso. Беше апсолутно невозможно да се регистрира технички неопходна форма, дури и ако се воспостави како трговска марка на пазарот.
Спорот за трговска марка околу добро познатите капсули Nespresso на Nestle (Швајцарија) трае со години, вклучително и во Германија. Nestе веќе го регистрираше обликот на капсулата Nespresso како швајцарска трговска марка во 2000 година (број 486 889) и ја прошири оваа заштита на заштитниот знак Nespresso на меѓународно ниво (IR трговска марка) преку Мадридскиот систем на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO), вклучувајќи ги земјите членки на ЕУ. Сепак, Nestle не можеше да добие заштита како трговска марка на ЕУ; ЕUIPО одби да ја регистрира трговската марка во април 2002 година, со образложение дека формата немала карактеристичен карактер.
Во Германија, сепак, регистрацијата на трговски марки беше прифатена, а капсулите Nespresso беа заштитени во Германија од април 2003 година. Но, летото 2014 година, германската канцеларија за патенти и трговски марки (DPМА) одлучи да ја поништи заштитата на трговски марки за Германија. Оттогаш, Nestle води правна битка во Германија против швајцарската компанија за Ethical Coffee, но досега залудно. Федералниот суд за патенти пресуди во 2017 година дека капсулите Nespresso ја губат заштитата на трговска марка во Германија. Капсулите Nespresso беа контејнер за пакување со дизајн само од технички причини. Пакувањето треба да се поистовети со обликот на стоката.
Барањето за поништување беше поднесено од Ethical Coffee Company (Швајцарија), која разви биоразградлива капсула за кафе со слична форма која е компатибилна со машините Nespresso. Како резултат на тоа, Nestle поднесе тужба против Ethical Coffee, во Германија, a исто така во Швајцарија.
Извор: https://legal-patent.com/trademark-law/swiss-mark-nespresso-capsules-deleted/
13.10.2024
Oд 8-ми до 10-ти Октомври 2024 година во Минхен Германија се одржа Life Sciences Strategy Summit on IP & Exclusivity. Настанот собра 285 учесници и над 60 експерти говорници, потврдувајќи се како клучен во областа на Биотек, животните науки и заштита на интелектуалната сопственост. Со влијателни дискусии за актуелни теми, со инклузивни компаративни погледи во искуствата на САД и останатите територии, самитот ги истакна клучните трендови кои ја обликуваат иднината на стратегиите за заштита на ИС.
Меѓу учесниците беше и претставникот на Берин, управителот Ванчо Дамјански кој како Европски Патентен застапник беше дел од исклучителни можности за активни дискусии, вмрежување и проширување на соработката со овој сектор.
Самитот, со присуството на релевантни учесници во својство на предавачи и учесници, ја потврди својата важност на глобалната мапа на настани од биотек сферата и заштитата на ИС, обезбедувајќи платформа за лидерите на индустријата да споделат согледувања за глобалните предизвици, како што се ексклузивноста на производство и усовршување на системите за развој и заштита.
04.10.2024
Проф. д-р Ѓорѓи Филипов говореше на работилницата под наслов: „Еxport management: задолжителни правила и правни аспекти при извоз“, на тема: Запознавање со интелектуалната сопственост“, како еден од нужните елементи на кои треба да се внимава во креирањето стратегии и операционализација на извозот на една компанија на домашно и интернационално ниво. Покрај основните карактеристики на интелектуалната сопственост, нејзините видови, дефиниции, заедничките елементи, но и разлики во приодот па дури и во овозможувањето заштита на државно, територијално, европско или светско ниво, проф. Филипов зборуваше и за основите на Бренд менаџментот, Бренд лидерството, Патентниот менаџмент, и матриците на брендово или патентното портфолио, слични на Бостон Консалтинг Груп основната матрица, која ги опфаќа атрактивноста на пазарот и пазарниот удел на производите заштитени како трговска марка, индустрски дизајн или патент. Притоа проф. Филипов го претстави и БЕРИН МФС Портфолиото, софтвер развиен на основа на математичкиот модел создаден од него и останати експерти во Берин, чија матрица ги набљудува и овозможува донесување заклучоци за однесување на пазарот врз основа на атрактивноста на технолошкото подрачје и релативната позиција на индустриска сопоственост во која се наоѓаат производите кои претендираат извоз на одредено подрачје.
31.05.2024
Претставничката на „Берин“ – м-р Ивона Секуловска (застапник за трговски марки) присуствуваше на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација за трговски марки (INTA) 2024 во Атланта, САД. Придружувајќи им се на преку 9.000 учесници од целиот свет, претставничката на Агенцијата „Берин“ имаше привилегија да се вклучи во значајни дискусии и да ја искористи можноста за вмрежување на компанијата во глобалната рамка на IP структурата. Настанот започна со инспиративна церемонија на отворањето со главниот говорник, д-р Бернис А. Кинг, ценет американски адвокат, министер и најмладо дете на борецот за граѓански права, икона, д-р Мартин Лутер Кинг. Церемонијата на затворање на импресивниот стадион Мерцедес-Бенц, домашен терен на американскиот фудбалски тим „Атланта Фалконс“ беше незаборавен момент. Учесниците уживаа во уникатен спој на деловни средби и разговори и спортски активности организирани од INTA, поттикнувајќи поврзувања и другарство меѓу колегите застапници за трговски марки. Со нетрпение очекуваме да ги примениме знаењата, контактите и конекциите стекнати од ова извонредно искуство за подобро да им служиме на нашите деловни партнери во областа на интелектуалната сопственост и трговските марки. #BerinIPAgency на #INTA2024
29.04.2024
04.03.2024
На 21.02.24 во Минхен се одржа средба на членовите на Комитетот за комерцијализација на интелектуалната сопственост (IPCC, IP Commercialization Committee), тело на Европскиот патентен институт (epi). Комитетот се состои од десет члена, експерти од областа. Со комитетот претседаваше Hans Blöche, а во работата учествуваше и проф. д-р Ѓорѓи Филипов. После воведнте точки и изборот на секретар на Комитетот (Anders Isaksson), се пристпи кон работа на точки кои се однесуваат на некои предлози на Европската Комисија, сместени во т.н., ЕУ патентен пакет со кој се предвидуваат и некои патентни функции во Европскиот завод за интелектуална сопственост (EUIPO), што е мало изненадување и на кое IPCC гледа со резерва. Беа разгледани и прашања од ЕПО практитките во однос на асигнацијата како еден од начините за комерцијализација на ИС, во однос на можнaтa новa директивa за принудни лиценци во областа на патентите од фармација, како и за советодавната поддршка од страна на членовите на epi кон микро-компаниите (фирми со годишен приход <2 мил.и евра). Беше разгледана и директивата на ЕУ за корпорациската одржливост, како и учеството на членовите на IPCC во обука на европските застапници во областа на комерцијализација на патентите. Во своите излагања Филипов говореше за методите на монетизација и комерцијализација, за евалузацијата на патеннтите пријави и за неопходноста од почитување на одредбите од Париската конвенција при доделување на лиценци, асигнации и воопшто при трансфер на технологија имајќи ја предвид подготвеноста на примачот на лиценца за задржување на квалитеот на производот или на услугата нудена од носителот на правото на ИС. Во работата на Комитетот учествуваше онлајн и претседателот на epi, Peter Thomsen.
Заседавањето на Комитетот за европски практити (European Patent Practice Committee, EPPC) траеше три дена (27-29.24) и содржеше три сесии: 1. Подготвителна сесија, во која членовите на ЕРРС ги разгледуваа детално точките од Агендата за средба со потпретседателот на Европскиот патентен завод, Steve Rowan и членовите на неговата делегација (седуммина останати директори); 2. Пленарна седница со Steve Rowan и делгацијата (околу 130 учесници, хибридно, онсајт и онлајн), одржување на две break-out session со членови на работните групи за механика и ИКТ и за групата на биофармација и хемија; и 3. Известувања од брeјк-аут средбите и заклучоци по секоја точка од агендата. Од страна на ЕРРС претседавашр, Christopher Mercer, а од ЕПО, Steve Rowan, а потоа Razik Menindjel. Во поздравната реч Роуван се осврна на приоритетите на ЕПЗ за 2024, за националностите на патентните испитувачи, за работата на Постојаниот советодавен комитет на ЕПО (SАСЕРО), за квалитетот, за соработката со СОИС и РСТ, за вкупниот број на пријави, направените пребарувања и испитувања , како и за бројот на доделени патенти, потребата од амандмани на правилниците за описот на пронајдоците,за департманот за испити и вклученоста на испитувачите, како и за малите и средните претпријатија и поволностите при поднесување патентни пријави. Од страна на останатите членови на делегацијата од ЕПЗ говореа: Ема Донабан за Акцискиот план за квалитетот во 2024, Никлас Мореј за жалбите во 2023, за временските позиции при пребарување, испитување и опозиционирање, Ане Редијк за канцеларијата на омбудсманот, како и за дополнителните пребарувања, точните цитирања на релевантни текстови и за неиспитувањата на одредени зависни патеннти барања, Хели Пилајама за забрзување на постапката на опозиција во случај на унијски патент во паралелна судска постапка. Во рамките на брејк-аоут сесијата за Биотехнологија и фармацеутика, со која претседавањше Мартин Вилминг, се говореше за соработката на Заводот за патенти и трговски марки на САД со Администрација за храна и лекови, клиничките испитувања на патентите, за медицинската и немидицинската примена на производите, како и патентирањето на нови видови растенија, додека на брејк-аоут сесијата за Хемија, Механика и ИКТ се говореше за параметрите и методите на мерење, големиот процеп во заштитата на пронајдоците во областа на вештачката интелегенција и проблемите и решенијата во случаевите на патенти во информатичко комуникациската технологија.
Во работата на пленарната седница и на брејк-аут сесијата за биотехнологија и фрмациска хемија активно учествуваше д-р Филипов, како претставник на МК во ЕППС, кој во повеќе дискусии: а) потенцираше дека сѐ уште се трага по дефиниција или по покусо објанување на тоа што се подразбира под квалитет на работа на еден завод за патенти (во случајов, Европскиот завод за патенти) и даде предлог како би можело да се најде решение за таа дилема, б) побара поширока елаборација за соработката на Европскиот патентен завод во рамките на големите пет заводи во светот (USPTO, CIPPA, JPO, KIPO & EPO), в) побара надминување на проблемите со испишувањето на секвенцните листи во фармацевтските пронајдоци и предложи мерки што да се направи во преоден период на адаптација на новиот стандард и г) го нагласи прашањето на употребата на ЕПО Смарт картичката за идентификација и можноста за дво-факторна аутентификација преки ЕПО мејл бокс не заборавајќи на инсистирањата на Унифицираниот патентен суд.
31.01.2024
Договорот за валидација меѓу Европската патентна организација (EPO) и Грузија стапи на сила на 15-ти Јануари. Како резултат на тоа, пронаоѓачите и разните бизниси сега можат да ги валидираат своите Европски патентни апликации и патенти доделени од Европската канцеларија за патенти (EPO) во Грузија врз основа на националниот закон на земјата.
Европските патентни пријави и патенти валидирани во Грузија според договорот ќе го имаат истиот ефект и ќе подлежат на истите услови како и националните патенти во Грузија. Придружната техничка соработка помеѓу EPO и Националниот центар за интелектуална сопственост на Грузија (SAKPATENTI), ќе го зајакне развојот на националниот систем за патенти во Грузија и дополнително ќе ги поттикне иновациите. Валидацијата на Европските патенти е исто така важен елемент за привлекување странски инвестиции во Грузија.
Договорот првично беше потпишан на 31 октомври 2019 година и е петти од ваков вид што стапи на сила по договорите склучени меѓу Европската патентна организација и Мароко, Република Молдавија, Тунис и Камбоџа. Со стапувањето во сила на сегашниот договор и договорот за проширување со Босна и Херцеговина, бројот на земји за кои може да се добие заштита на патент врз основа на единствена европска патентна пријава се искачува на 45.
ПАТЕНТ*е збир од исклучиви права дадени од страна на државата на сопственикот патентот (пронаоѓач или носител) за определен временски период во замена за уредено откривање на определени детали на пронајдокот кој може да биде, уред, постапка, начин или состав кој е нов, кој поседува иновативен придонес и е употреблив односно е индустриски применлив.
Берин доо нуди услуги од областа на заштитата на патентите во следните сегменти:
*Терминот ПАТЕНТ потекнува од Латинскиот збор patere кој значи „да биде отворено“ (да биде ставено на увид на јавноста) и поимот letters patent, што изворно означувало благороднички декрет со кој се дава исклучиви права на определено лице или дејност.
TРГОВСКА МАРКА е право од индустриска сопственост кое се однесува на одреден препознатлив знак кој се употребува од страна на лице, организација или правни субјекти за единствено означување на нивните производи и/или услуги пред потрошувачите, како и за разликување на нивните производи од оние на други субјекти.
[При водење на управни постапки]
*Трговската марка вообичаено се состои од име, збор, израз, графичко лого, симбол, изглед, слика или комбинација од истите. Знакот ® се користи за означување на знаци кои се регистрирани со право на трговска марка, тој е еквивалентен со знакот ТМ кој се користи за територија на Северна Америка.
Авторско право е термин под кој се подразбираат правата кои се однесуваат на креирањето, употребата и користењето на авторските дела односно специфични изрази на идеи и/информации.
Авторско дело претставува интелектуална творба, на лице или група на лица, од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување.
Агенцијата БЕРИН e авторска агенција која на своите клиенти им нуди:
[При застапување на автори и корисници на авторски дела]
*© е знак кој се употребува за означување на авторските дела, покрај името на нивниот носител, како предупредување дека нивната употреба е можна само со негова согласност.
© - е кратенка изведена од терминот "copyright" и буквално значи „право на копирање“.
Берин, преку својата мрежа од застапници, овластени за застапување пред сите административни и судски органи, обезбедува доверливо и професионално застапување на своите корисници во сите фази од остварувањето и заштитата на правата од интелектуална сопственост. Со континуирано следење на сите законски измени и пракса во соработка со нашите клиенти го обезбедуваме оптималниот исход на секоја започната постапка:
Застапувањето пред управните органи опфаќа
• Застапување пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост
• Застапување пред Царинските Органи во постапки поврзани со царински мерки од областа на ИС
• Застапување пред државниот пазарен инспекторат
• Застапување пред органите за заштита на конкуренцијата
• Медијација:, постапки за разрешување на спорови
• Застапување во Судски спорови;
• Консултации и совети од специфични области на правото на Интелектуалн сопственост
• Анализа на закони и прописи во врска со области кои се однесуваат на интересите на нашите клиенти и нивните трансакции.
• Длабинска техничка и правна анлиза на технички решемија и состојба со патентна заштита
• Анализа на измените и дополнувањата на законите и прописите кои се од значење за корисниците и авторите
* Застапниците на Берин се единствените кои биле вклучени во расправи пред судот на Европскиот патентен завод (EPO), застапувајќи и бранејќи патентни спецификации од повеќе области и во име на значајни компании од регионот и пошироко.
ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН е право од индустриска сопственост кое се однесува на специфичен изглед или форма на на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или комбинација истите што ги задоволува условите на новост и особеност во однос на оние кои предходно и биле познати на јавноста. Индустрискиот дизајн претставува право кое на производите за кои е наменет им дава определен визуелен, естетски, ергономски, практичен или наменски квалитет кој ги разликува од пстанатите производи кои се присутни на пазарот.
Агенцијата БЕРИН во делот на регистрација и заштита на индустриските дизајни ги нуди следните услуги:
[При водење на управни постапки]
Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН® доо е меѓународно активна компанија основана во 1992 год. На почеток компанијата пружа услуги претежно на домашни фирми, а со текот на времето се разви во водечка компанија во областа на заштитата на интелектуалната сопственост (ИС) во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.
БЕРИН® е специјализирана фирма, којашто застапува или советува поединци и компании во постапките за поднесување на пријави и одржување на патенти за пронајдоци, индустриски дизајн, трговски марки, авторски и сродни права, трансфер на права од интелектуална сопственост, трансфер на технологија, франшизи, know-how или лиценцирање во Македонија, Југоисточна Европа, Европска Унија и во 38те земји членки на Европската патентна организација (ЕПО). Исто така, таа пружа и услуги за своите деловни партнери при решавање на судски спорови, спогодување, медијација, арбитража и советување во областа на правата на ИС.
БЕРИН® пружа услуги при исплата на авторски хонорари на автори од сите области на ИС.
Во БЕРИН® работат експерти од најразлични профили, инженери од различни области на техниката, како и правници, македонски и европски патентни застапници. Секој вработен говори, покрај мајчиниот и англискиот, барем уште еден јазик, којшто се зборува во Европа. БЕРИН® работи споредвостановен ИСО 9001 систем за ефективен и ефикасен начин на извршување и следење на процесот на заштита на патентите, индустрискиот дизајн, трговските марки и авторските права воведен и контролиран од TÜV Rheinland со што се обезбедува оптимална заштита на правата од ИС на деловниот партнер.
БЕРИН® денес е симбол за посветена и успешна услуга извршена во интерес на на деловните партнери. Обезбедениот континуиран растеж е доказ и гаранција за квалитетот и професионалноста на услугите за нашите клиенти и колеги низ светот.
Листата на домашни и странски деловни партнери на БЕРИН® постојано се продолжува, вклучувајќи и големи европски, американски и азиски компании. Многу од тие фирми се застапувани од БЕРИН® на регионална основа за Југоисточна Европа и Европа во целост.
БЕРИН® е подготвена за сорабока во областа на ИС со застапници и компании од целиот свет. Тој што сака да соработува само треба да го допре знакот за контактирање.
1992 : Основање
Ѓорѓи Филипов решава да поведе постапка за формирање на компанија
1993 : Регистрација
Одлука за основање на Претпријатие за маркетинг, истражување и развој БEРИН доо-Скопје
1993 : Патенти
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВАТА ПРИЈАВА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ПАТЕНТ
1994 : Партнерство
Како содружник во друштвото се впишува Лилјана Марковска/Филипова
1994 : Први пријави за индустриски дизајн и трговска марка
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВИТЕ ПРИЈАВИ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН И РЕГИСТРАЦИЈА НА ТРГОВСКА МАРКА
1995 : Прва PCT пријава
Поднесување на прва меѓународна пријава на патент на пронаоѓач од Република Македонија согласно ДСП (Договор за Проширување на Патенти)
1996 : Промоција на пронајдоци
Настап на меѓународен саем за пронајдоци и освојување на Гранд При Еурека 1996
1997 : Meѓународнa заштита на трговски марки:
Прва пријава поднесена според Мадридскиот аранжман за меѓународна регистрација на Трговски Марки
2001 : Меѓународна заштита на индустриски дизајн
Прва пријава пред СОИС(WIPO) според Хашкиот аранжман за регистрација на индустриски дизајни
2004 : EPO Застапување
Почеток на застапување пред Европскиот патентен завод
2005 : Застапување пред OHIM
Почеток на застапување пред OHIM
2009 : Стручно застапување во Судски постапки
Прва пресуда на Македонскиот суд во Судски спор за повреда на патент на лек
2010 : Сертификација
Имплементиран и сертифициран систем за менаџмент со квалитет ISO 9001: 2008
2012 : Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен
Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен- посетен од заменик директорот на ЕПО г-дин Жељко Топиќ
2014 : Проширување
Основање на Berin International GmbH во Виена Австрија
2015 : Софтвер
Воведување (Paperless) целосно електронско администрирање на постапките
2016 : Прв македонски патент во EPO
Прв Македонски Патент признаен во Европска патентна организација
2017 : 25 години
2 Канцеларии | 11 Вработени | 15 Стручни соработници | 250+ Партнери | 300 + Индустриски дизајни | 3000+ Патенти | 4000+ Трговски Марки | преку 5000 автори...
Следните одредби, термини и услови се однесуваат на користењето на официјалниот сајт на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, Македонија (www.berin.mk). Ние го задржуваме правото на повремени измени или ажурирање на овие Услови за користење во зависност од потребите. Со користење на нашата веб страна, Вие се согласувате на обврзување со Условите за користење во нивната последна верзија објавени на веб страната.
Содржина
Содржината на оваа веб страна може да е сочинета од информации и/или материјали, вклучувајќи вести, мислења и статии објавени на нашата веб-страница, кои се наменети само за информативни цели во областа на индустриската сопственост. Содржината не секогаш ќе претставува став, ниту правен совет на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, па затоа посетителите на веб страната за своите потреби и интереси, а во врска со содржината н веб страната, се охрабруваат да се консулитраат со стручни лица.
Авторски права
Сите права во веб-страница и содржината се задржани. Можете да пристапите, користење, репродукција и редистрибуираат било кој сегмент на содржина за Ваша некомерцијална употреба, под услов нашите авторски права да не бидат повредени. Потребен е изречна писмена дозвола за употреба на кој било дел од содржината за какви било други цели.
Линкови на трети страни
Нашата веб-страница може да содржи линкови до веб страни на трети лица. Немаме никаква контрола над веб страните на трети лица и не сме одговорни за нивната содржина, квалитет, веродостојност или нивната употреба. Ниту една од содржините кои се објавуваат на веб-страните на трети лица е привилегиран или доверлив. Оваа веб страна, нејзината содржина, како и било која трета страна врски се обезбедени "како што е".
Ограничување на одговорноста
Со поврзување до веб-сајт или веб страница на трети лица, не значи дека Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје одобрува таков веб-сајт или веб страница. Вие сте одговорни за преземање на мерки на претпазливост кои се потребни да се заштитите себе си и вашиот компјутерски систем од вируси други штетни или деструктивни содржини. Се оградуваме од секаква одговорност за било каква штета би можела да произлезе од вашата употреба на веб-сајтови и веб страни на трети лица. Не одговараме за квалитет, веродостојноста, комплетноста и/или точноста на дополнителни факти, неочекувани случувања или донесувањето на нови закони кои се дел од содржината на трети страни.
Заштита на податоци
Ние не собираме или обработка на лични податоци преку нашата веб страница.
Применливо право и надлежност
Овој веб-сајт, содржината и овие Услови на употреба се регулирани со македонското законодавство. Сите спорови кои произлегуваат од користење на нашата веб-страница, содржината или во врска со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и нивната важност, толкување и примена се доставува за решавање во надлежниот суд во Скопје.
Друштво за интелектуална сопственост Берин ДOO, Скопје
бул. Кочо Рацин бр.14/1-1, 1000 Скопје, Северна Македонија
Телефон: +389 (0) 2-3130-367, Факс: 389 (0) 2-3130-398
Матичен број : 4570138 , www.crm.com.mk
Е-пошта: berin@berin.mk
Правни напомени :
Друштво за интелектуална сопственост Берин ДОО, Скопје е застапник за интелектуална сопственост во Република Северна Македонија и овластен патентен застапник пред Европскиот Патентен Завод (EPO) , како и член на Здружението на претставници за индустриска сопственост (патенти и трговски марки) на Северна Македонија и меѓународните организации EPI, FICPI, INTA и MARQUES. Компанија која е сертифицирана за управување со квалитет според ТУВ Рајланд, Германија(TÜV , а согласно ISO: 9001, со број на сертификат ID: 9105059285. Професионалните норми на кои се заснова работата се определени со македонските закони за интелектуална сопственост (Закон за индустриска сопственост и Закон за авторското право и сродните права), професионалните стандарди на ЕПИ(Европскиот патентен институт-EPI) (достапни на: www.patentepi.org) и професионалниот кодекс на FICPI (достапен на: www.ficpi.org).
Berin International GmbH
Jurekgasse 1/1/11, A-1150 Wien, Österreich
Телефон: +43 (0)1 8922960, Факс: +43 (0)1 8922960
Број на регистрација: FN 424569 Т, Трговски суд Виена
Даночен број: ATU70035838
Е-пошта: office@berin-ip.com
Правни напомени :
Берин Интернационал ГНМХ (Berin International GmbH) се европски патентни застапници и консултанти за интелектуална сопственост и трансфер на технологија за Југоисточна Европа. Членуваат во EPI, FICPI, INTA и MARQUES. Тие се предмет на професионалните стандарди на ЕПИ (достапни на: www.patentepi.com) и професионалните стандарди на FICPI (достапни на: www.ficpi.org).