04.10.2023
Државниот Завод за индустриска сопственост во соработка со Европската патентна организација ЕПО изминатиот период развија е-платформа за дигитализација на услугите. Front Office платформата беше пуштена во употреба на 02.10.2023 година, која што содржи модули за поднесување на национални и меѓународни патентни пријави, како и пријави за проширување на европски патенти и сертификати за дополнителна заштита на медицински производи.
Со оваа платформа особено е поедноставен процесот на поднесување во полето на патентите, а истовремено е овозможено и побрз и поедноставен пристап кон истите.
Берин беше една од фирмите кои беа вклучени уште од самиот почеток на фазата на тестирање на платформата, успешно поднесувајќи ја првата национална патентна е-пријава на 26.06.2023 во тест-периодот.
Со официјалното стартување на Front Office на 02.10.2023, со задоволство можеме да потврдиме дека успешно поднесовме барање за валидација на европска пријава во Северна Македонија. Тенденцијата на Државниот Завод за индустриска сопственост за модернизирање и работење по светските стандарди, како и постепениот премин во дигитализација, остава простор да се надеваме дека во скоро време ќе се имплементира платформата Front Office и во областа на трговските марки.
06.07.2023
Нашата колешка Ивона Секуловска, застапник за индустриска сопственост, оваа година присуствуваше на 41-та годишна конференција на ЕCТА (Асоцијација за трговски марки на Европската заедница) во Прага, чии архитектонски чуда и културен шарм послужија како совршена позадина на конференцијата.
Цела благодарност до организацискиот одбор за нивната напорна работа во организирањето на еден ваков успешен настан.
Повеќе од 800 учесници од заедницата на интелектуалната сопственост имаа задоволство да слушаат и дискутираат за различни IP теми со ценети говорници и презентери од целиот свет, чии сознанија и истражувања го зголемија значењето на конференцијата.
Ќе истакнеме неколку од многуте современи теми, како што се реформите во областа на индустрискиот дизајн, унитарниот систем за патенти, дополнителните сертификати за заштита (СПЦ), делата на применета уметност и многу други.
БЕРИН ДОО беше единствената компанија која имаше свој претставник на конференцијата од Македонија, а Ивона е подготвена да го сподели своето искуство со секој кој сака да дознае повеќе за настанот или воопшто за интелектуалната сопственост.
За да почувствувате дел од атмосферата, уживајте во следните слики, како илустрација за целиот настан.
Конференцијата ECTA 2023 помина успешно и едвај ја чекаме следната.
16.06.2023
На 1-јуни влезе во сила новиот систем за заштита на патенти во ЕУ кој овозможува на носителите на патенти да стекнат заштита на ниво на ЕУ со една апликација.
На воспоставувањето на моделот се работеше многу години, но дури неодамна беше ратификуван од повеќето земји кои иницијално пристапија.
На почетокот постапката за единствена регистрација на признаените Европски патенти ќе се однесува на 17-те земји, од вкупно 25 кои го потпишаа договорот за Единствен Европски Патент, кои успеаа да го ратификуваат во своите парламенти. Додека обединетиот суд, чија работа започна на 1ви Јуни ќе има надлежност над сите унитарни и европски патенти на територијата на цела европска унија.
Европскиот Патентен Завод (EPO) ќе ги води работите поврзани со единствената постапка за регистрација на унитарниот патент. Водењето на постапката и одржувањето на овие патенти ќе се одвива преку единствена администрација за која ќе се грижи оваа институција.
Се очекува, со ратификацијата во парламентите на останнатите потписнички, овој договор да стапи во сила во сите земји кои иницијално го потпишаа.
Единствено Шпанија, од активните членки на Европската Унија одби да го потпише договорот додека Хрватска не беше дел од унијата кога се одвиваше процесот на потпишување.
Покрај економските бенефити кои ќе ги имаат носителите, за Унијата посебно е значајно формирањето на единствениот патентен суд кој има надлежност да одлучува за териториите на сите земји членки, што е чекор кон формирање на единствен судски систем на ниво на Европската Унија.
Нашата канцеларија е подготвена за застапување во овој нов систем и нуди помош при регистрација на новиот Патент на Европската Унија таканаречен (Унитарен Патент).
Сите детали за оваа значајна промена на европскиот систем на патентирање се наоѓаат на официјалната страна на Европскиот Патентен Завод.
08.05.2023
На 94. Совет на Европскиот патентен институт (ЕПИ) - асоцијација на европските патентни застапници од 39 земји, во која членуваат околу 14.000 претставници, меѓу нив и 18 од Северна Македонија (МК), кој се одржа во Малме, Шведска, на 2 и 3. Мај, 2023, беше востановен составот на Советот и избрано ново претседателство. Новите советници од МК се: Ванчо Дамјански, член, (Берин), Богољуб Илиевски (присутен), член, Ѓорѓи Филипов, присутен, (Берин), зам. член и Валентин Пепељугоски, зам. член. Ванчо Дамјански е избран за член на Дисциплинскиот комитет, како претставник од МК. Членовите на останатите комитети ќе се бираат најмалку еден месец пред есенската средба на Советот. Новиот Совет на ЕПИ ги избра и членовите на Бордот (Претседателството) во чиј состав влегоа: претседател, Петер Томсен, Швајцарија (CH), потпретседатели: г-ѓа Катерина Хартвичова, Чешка (CZ) и Тимен Рејнс, Холандија (NL), генерален секретар, г-ѓа Магдалена Аугустинјак, Полска (PL), зам. ген. секретар, г-ѓа Анн Де Клерк, Белгија (BE), ризничар, Золт Сцентпетери, Унгарија, (HU) и зам. ризничар, Анреас Винтер, Германија (DE). Со видео порака до присутните на Советот се обрати претседателот на Европската канцеларија за патенти (ЕПО), Антонио Кампинос.
За време на дводневната работа на Советот беа презентирани и утврдени резултатите од изборот на новите советници, усвоени извештаите од работата на претходното претседателство (претседател, потпретседатели, генерален секретар, извршниот директор), а членовите на Советот беа запознаени и со кандидатите за новото претседателство. По паузата за ручек се пристапи кон избор на новите членови на Претседателството, после што Советот гласаше и ги избра гореспомнатите коеги. Стариот ризничар и новиот претседател на Совето, Петер Томсен поднесе финансиски извештај и го претстави буџетот на Советот за следната година, на којшто беа поднесен амандмани со барање за повишување заради учество на членовите на Советот на големата прослава по повод 50 години од Европската патентна конвенција, којашто ќе се одржи во октомври годинава во Минхен. На вториот ден од работата на Советот, после извештаите кои ги поднесуваа претседателите на соодветните комитети на Советот, а после извештајот за работа на Дисциплинскиот комитет, беше избран нов Дисциплински комитет, во којшто МК ја претставува, колегата Дамјански. Беа избрани и нови двајца аудитори и нивни заменици и презентирани амандмани на постапката за избори на членовите на комитетите. Пред завршување на работата беше направен преглед на сите донесени одлуки, усвоени извештаи и презентации, за потоа Советот да ја заврши работата со обраќање на новиот претседател и симболично заземање места на претседавачката маса од страна на сите новоизбрани членови на претседателството.
Советот се одржуваше во Clarion Hotel Malmö Live, а домаќините организираа ексурзии до Копенхаген (Данска), со посета на кралската палата и Лунд (универзитетски центар, втор најстар во Шведска, после Упсала) и Малме (Шведска), на кои смееја да учествуваат и придружниците на членовите на Советот. Само за придружниците беше организирана специјална еднодневна ексурзија „Истражете го Малме пешки и со брод“. За завршен чин на настанот беше приредена ексклузивна вечера во ресторанот „Луфткастелет“, на самиот брег на морето, со прекрасна глетка на залезот на сонцето и комбинацијата меѓу футуристичка архитектура и природа на шведскиот крај од мостот којшто ги поврзува Малме и Копенхаген.
На членовите на поранешното претседателство и на колегите од шведската група на европски патентни застапници, како и на вработените во секретаријатот на ЕПИ им честитаме за успешната организацијата на настанот, како од професионална, така и од социјална и колегијална точпка на набљудување.
01.02.2023
Петте најголеми светски заводи за Индустриска Сопственост (ИС5) го објавија стаистичкиот извештај за 2021 на својата веб-страница. Според овој извештај, во 2021 година, ИС5 признале 1,5 милиони патенти, што е зголемување од 10% во однос на претходната година и прими 2,9 милиони барања за патенти (+3,7%).
Извештајот е годишна компилација на статистиката за патенти објавена од Европскиот патентен завод (ЕПО), Јапонскиот завод за патенти (ЈПО), Корејската канцеларија за интелектуална сопственост (КИПО), Кинеската национална администрација за интелектуална сопственост (ЦНИПА) и Патентниот завод и Канцеларија за трговски марки на САД (УСПТО). Извештајот вклучува случувања во сите пет канцеларии, детално покривање на сличностите и разликите во нивните процедури за признавање на право на патент, како и сеопфатни светски податоци од Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИП)
Заводите од ИС5 соработуваат од 2007 година за да ја подобрат ефикасноста и квалитетот на глобалниот систем за патенти преку испорака на заеднички производи и услуги.
Повеќе детали на: https://www.fiveipoffices.org/node/9151
23.10.2022
На 21 и 22 Октомври 2022 се одржа 93-ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (епи). Состанокот на советот се одржа како физичка средба во Фуенгирола во близина на Малага (Шпанија). На состанокот присуствуваа вкупно 132 од вкупно околу 14.000 европски патентни застапници од 38 земји, меѓу нив и Ванчо Дамјански, извршен директор на БЕРИН доо и Богољуб Илиевски, раководител на оделението за патенти во БЕРИН доо.
Дента, пред одржувањето на состанокот на Советот, Богољуб Илиевски, во својство на потпретседател на Европскиот Патентен Институт (епи) учествуваше на неформална вечера на президиумот со г-дин Макс Брунер од Генералниот секретаријат на Министерство за Правда при Европската мисија, со кој се дискутираше за предизвиците на Европскиот патентен суд како и на официјален состанок на президиумот кој се одржа следниот ден.
На работата на Советот претходеше семинар со назив “Најнови случувања во Унитарниот патентен систем и Европскиот патентен суд”. Делегатите на советот ги усвоија извештаите на претседателот и потпретседателите на ЕПИ, на генералниот секретар и на чуварот на трезорот. Исто така, беа избрани членовите на изборната комисија за Изборите за советот на институтот. Советот на епи не го одобри барањето на бордот за независно покренување на дисциплински постапки пред ЕПО без консултација на дисциплинскиот комитет. Во оваа, на моменти бурна дискусија активно учествуваше и Ванчо Дамјански, активен член на дисциплинската комисија.
Главен настан во попладневниот дел од работата на советот беше излагањето на потпретседателот на Европската патентна организација, г-дин Стивен Рован, во врска со стратегискиот развоен план ЕПО 2023.Рован дополнително одговараше на прашањата на членовите на советот кој највеќе се интересираа за статусот на воведени мерки за подобрување на квалитетот на производите и услугите на ЕПЗ.
Вечерниот дел на состанокот беше посветен на извештајот на комитетите пришто во делот на дебатата околу работата на комитетот на Европската патентна пракса активно учество имаше и Богољуб Илиевски, кој ја истакна улогата на европските патентни застапници во комуникацијата со ЕПО и повика на активно учество на заедничките новоформирани тело на епи-ЕПО кој се задолжени за подигнување на квалитетот на услугите.
Дебатите продолжија на заедничката вечера на делегатите на советот, проследена со вкусни Андалузискиспецијалитети како и локално Фламенго шоу, а претставниците од Берин не ја пропуштија можноста да ги зацврстат старите пријателства и деловни врски и да отворат нови.
ПАТЕНТ*е збир од исклучиви права дадени од страна на државата на сопственикот патентот (пронаоѓач или носител) за определен временски период во замена за уредено откривање на определени детали на пронајдокот кој може да биде, уред, постапка, начин или состав кој е нов, кој поседува иновативен придонес и е употреблив односно е индустриски применлив.
Берин доо нуди услуги од областа на заштитата на патентите во следните сегменти:
*Терминот ПАТЕНТ потекнува од Латинскиот збор patere кој значи „да биде отворено“ (да биде ставено на увид на јавноста) и поимот letters patent, што изворно означувало благороднички декрет со кој се дава исклучиви права на определено лице или дејност.
TРГОВСКА МАРКА е право од индустриска сопственост кое се однесува на одреден препознатлив знак кој се употребува од страна на лице, организација или правни субјекти за единствено означување на нивните производи и/или услуги пред потрошувачите, како и за разликување на нивните производи од оние на други субјекти.
[При водење на управни постапки]
*Трговската марка вообичаено се состои од име, збор, израз, графичко лого, симбол, изглед, слика или комбинација од истите. Знакот ® се користи за означување на знаци кои се регистрирани со право на трговска марка, тој е еквивалентен со знакот ТМ кој се користи за територија на Северна Америка.
Авторско право е термин под кој се подразбираат правата кои се однесуваат на креирањето, употребата и користењето на авторските дела односно специфични изрази на идеи и/информации.
Авторско дело претставува интелектуална творба, на лице или група на лица, од областа на книжевноста, науката, уметноста и од други области на творештвото, независно од видот, начинот и формата на изразување.
Агенцијата БЕРИН e авторска агенција која на своите клиенти им нуди:
[При застапување на автори и корисници на авторски дела]
*© е знак кој се употребува за означување на авторските дела, покрај името на нивниот носител, како предупредување дека нивната употреба е можна само со негова согласност.
© - е кратенка изведена од терминот "copyright" и буквално значи „право на копирање“.
Берин, преку својата мрежа од застапници, овластени за застапување пред сите административни и судски органи, обезбедува доверливо и професионално застапување на своите корисници во сите фази од остварувањето и заштитата на правата од интелектуална сопственост. Со континуирано следење на сите законски измени и пракса во соработка со нашите клиенти го обезбедуваме оптималниот исход на секоја започната постапка:
Застапувањето пред управните органи опфаќа
• Застапување пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост
• Застапување пред Царинските Органи во постапки поврзани со царински мерки од областа на ИС
• Застапување пред државниот пазарен инспекторат
• Застапување пред органите за заштита на конкуренцијата
• Медијација:, постапки за разрешување на спорови
• Застапување во Судски спорови;
• Консултации и совети од специфични области на правото на Интелектуалн сопственост
• Анализа на закони и прописи во врска со области кои се однесуваат на интересите на нашите клиенти и нивните трансакции.
• Длабинска техничка и правна анлиза на технички решемија и состојба со патентна заштита
• Анализа на измените и дополнувањата на законите и прописите кои се од значење за корисниците и авторите
* Застапниците на Берин се единствените кои биле вклучени во расправи пред судот на Европскиот патентен завод (EPO), застапувајќи и бранејќи патентни спецификации од повеќе области и во име на значајни компании од регионот и пошироко.
ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН е право од индустриска сопственост кое се однесува на специфичен изглед или форма на на тело, слика, цртеж, контура, композиција на бои, текстура или комбинација истите што ги задоволува условите на новост и особеност во однос на оние кои предходно и биле познати на јавноста. Индустрискиот дизајн претставува право кое на производите за кои е наменет им дава определен визуелен, естетски, ергономски, практичен или наменски квалитет кој ги разликува од пстанатите производи кои се присутни на пазарот.
Агенцијата БЕРИН во делот на регистрација и заштита на индустриските дизајни ги нуди следните услуги:
[При водење на управни постапки]
Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН® доо е меѓународно активна компанија основана во 1992 год. На почеток компанијата пружа услуги претежно на домашни фирми, а со текот на времето се разви во водечка компанија во областа на заштитата на интелектуалната сопственост (ИС) во Македонија и регионот на Југоисточна Европа.
БЕРИН® е специјализирана фирма, којашто застапува или советува поединци и компании во постапките за поднесување на пријави и одржување на патенти за пронајдоци, индустриски дизајн, трговски марки, авторски и сродни права, трансфер на права од интелектуална сопственост, трансфер на технологија, франшизи, know-how или лиценцирање во Македонија, Југоисточна Европа, Европска Унија и во 38те земји членки на Европската патентна организација (ЕПО). Исто така, таа пружа и услуги за своите деловни партнери при решавање на судски спорови, спогодување, медијација, арбитража и советување во областа на правата на ИС.
БЕРИН® пружа услуги при исплата на авторски хонорари на автори од сите области на ИС.
Во БЕРИН® работат експерти од најразлични профили, инженери од различни области на техниката, како и правници, македонски и европски патентни застапници. Секој вработен говори, покрај мајчиниот и англискиот, барем уште еден јазик, којшто се зборува во Европа. БЕРИН® работи споредвостановен ИСО 9001 систем за ефективен и ефикасен начин на извршување и следење на процесот на заштита на патентите, индустрискиот дизајн, трговските марки и авторските права воведен и контролиран од TÜV Rheinland со што се обезбедува оптимална заштита на правата од ИС на деловниот партнер.
БЕРИН® денес е симбол за посветена и успешна услуга извршена во интерес на на деловните партнери. Обезбедениот континуиран растеж е доказ и гаранција за квалитетот и професионалноста на услугите за нашите клиенти и колеги низ светот.
Листата на домашни и странски деловни партнери на БЕРИН® постојано се продолжува, вклучувајќи и големи европски, американски и азиски компании. Многу од тие фирми се застапувани од БЕРИН® на регионална основа за Југоисточна Европа и Европа во целост.
БЕРИН® е подготвена за сорабока во областа на ИС со застапници и компании од целиот свет. Тој што сака да соработува само треба да го допре знакот за контактирање.
1992 : Основање
Ѓорѓи Филипов решава да поведе постапка за формирање на компанија
1993 : Регистрација
Одлука за основање на Претпријатие за маркетинг, истражување и развој БEРИН доо-Скопје
1993 : Патенти
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВАТА ПРИЈАВА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ПАТЕНТ
1994 : Партнерство
Како содружник во друштвото се впишува Лилјана Марковска/Филипова
1994 : Први пријави за индустриски дизајн и трговска марка
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРВИТЕ ПРИЈАВИ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРАВО НА ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН И РЕГИСТРАЦИЈА НА ТРГОВСКА МАРКА
1995 : Прва PCT пријава
Поднесување на прва меѓународна пријава на патент на пронаоѓач од Република Македонија согласно ДСП (Договор за Проширување на Патенти)
1996 : Промоција на пронајдоци
Настап на меѓународен саем за пронајдоци и освојување на Гранд При Еурека 1996
1997 : Meѓународнa заштита на трговски марки:
Прва пријава поднесена според Мадридскиот аранжман за меѓународна регистрација на Трговски Марки
2001 : Меѓународна заштита на индустриски дизајн
Прва пријава пред СОИС(WIPO) според Хашкиот аранжман за регистрација на индустриски дизајни
2004 : EPO Застапување
Почеток на застапување пред Европскиот патентен завод
2005 : Застапување пред OHIM
Почеток на застапување пред OHIM
2009 : Стручно застапување во Судски постапки
Прва пресуда на Македонскиот суд во Судски спор за повреда на патент на лек
2010 : Сертификација
Имплементиран и сертифициран систем за менаџмент со квалитет ISO 9001: 2008
2012 : Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен
Прв самостоен настап на меѓународен саем за ИС во Минхен- посетен од заменик директорот на ЕПО г-дин Жељко Топиќ
2014 : Проширување
Основање на Berin International GmbH во Виена Австрија
2015 : Софтвер
Воведување (Paperless) целосно електронско администрирање на постапките
2016 : Прв македонски патент во EPO
Прв Македонски Патент признаен во Европска патентна организација
2017 : 25 години
2 Канцеларии | 11 Вработени | 15 Стручни соработници | 250+ Партнери | 300 + Индустриски дизајни | 3000+ Патенти | 4000+ Трговски Марки | преку 5000 автори...
Следните одредби, термини и услови се однесуваат на користењето на официјалниот сајт на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, Македонија (www.berin.mk). Ние го задржуваме правото на повремени измени или ажурирање на овие Услови за користење во зависност од потребите. Со користење на нашата веб страна, Вие се согласувате на обврзување со Условите за користење во нивната последна верзија објавени на веб страната.
Содржина
Содржината на оваа веб страна може да е сочинета од информации и/или материјали, вклучувајќи вести, мислења и статии објавени на нашата веб-страница, кои се наменети само за информативни цели во областа на индустриската сопственост. Содржината не секогаш ќе претставува став, ниту правен совет на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје, па затоа посетителите на веб страната за своите потреби и интереси, а во врска со содржината н веб страната, се охрабруваат да се консулитраат со стручни лица.
Авторски права
Сите права во веб-страница и содржината се задржани. Можете да пристапите, користење, репродукција и редистрибуираат било кој сегмент на содржина за Ваша некомерцијална употреба, под услов нашите авторски права да не бидат повредени. Потребен е изречна писмена дозвола за употреба на кој било дел од содржината за какви било други цели.
Линкови на трети страни
Нашата веб-страница може да содржи линкови до веб страни на трети лица. Немаме никаква контрола над веб страните на трети лица и не сме одговорни за нивната содржина, квалитет, веродостојност или нивната употреба. Ниту една од содржините кои се објавуваат на веб-страните на трети лица е привилегиран или доверлив. Оваа веб страна, нејзината содржина, како и било која трета страна врски се обезбедени "како што е".
Ограничување на одговорноста
Со поврзување до веб-сајт или веб страница на трети лица, не значи дека Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје одобрува таков веб-сајт или веб страница. Вие сте одговорни за преземање на мерки на претпазливост кои се потребни да се заштитите себе си и вашиот компјутерски систем од вируси други штетни или деструктивни содржини. Се оградуваме од секаква одговорност за било каква штета би можела да произлезе од вашата употреба на веб-сајтови и веб страни на трети лица. Не одговараме за квалитет, веродостојноста, комплетноста и/или точноста на дополнителни факти, неочекувани случувања или донесувањето на нови закони кои се дел од содржината на трети страни.
Заштита на податоци
Ние не собираме или обработка на лични податоци преку нашата веб страница.
Применливо право и надлежност
Овој веб-сајт, содржината и овие Услови на употреба се регулирани со македонското законодавство. Сите спорови кои произлегуваат од користење на нашата веб-страница, содржината или во врска со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и нивната важност, толкување и примена се доставува за решавање во надлежниот суд во Скопје.
Друштво за интелектуална сопственост Берин ДOO, Скопје
бул. Кочо Рацин бр.14/1-1, 1000 Скопје, Северна Македонија
Телефон: +389 (0) 2-3130-367, Факс: 389 (0) 2-3130-398
Матичен број : 4570138 , www.crm.com.mk
Е-пошта: berin@berin.mk
Правни напомени :
Друштво за интелектуална сопственост Берин ДОО, Скопје е застапник за интелектуална сопственост во Република Северна Македонија и овластен патентен застапник пред Европскиот Патентен Завод (EPO) , како и член на Здружението на претставници за индустриска сопственост (патенти и трговски марки) на Северна Македонија и меѓународните организации EPI, FICPI, INTA и MARQUES. Компанија која е сертифицирана за управување со квалитет според ТУВ Рајланд, Германија(TÜV , а согласно ISO: 9001, со број на сертификат ID: 9105059285. Професионалните норми на кои се заснова работата се определени со македонските закони за интелектуална сопственост (Закон за индустриска сопственост и Закон за авторското право и сродните права), професионалните стандарди на ЕПИ(Европскиот патентен институт-EPI) (достапни на: www.patentepi.org) и професионалниот кодекс на FICPI (достапен на: www.ficpi.org).
Berin International GmbH
Jurekgasse 1/1/11, A-1150 Wien, Österreich
Телефон: +43 (0)1 8922960, Факс: +43 (0)1 8922960
Број на регистрација: FN 424569 Т, Трговски суд Виена
Даночен број: ATU70035838
Е-пошта: office@berin-ip.com
Правни напомени :
Берин Интернационал ГНМХ (Berin International GmbH) се европски патентни застапници и консултанти за интелектуална сопственост и трансфер на технологија за Југоисточна Европа. Членуваат во EPI, FICPI, INTA и MARQUES. Тие се предмет на професионалните стандарди на ЕПИ (достапни на: www.patentepi.com) и професионалните стандарди на FICPI (достапни на: www.ficpi.org).