На 21.02.24 во Минхен се одржа средба на членовите на Комитетот за комерцијализација на интелектуалната сопственост (IPCC, IP Commercialization Committee), тело на Европскиот патентен институт (epi). Комитетот се состои од десет члена, експерти од областа. Со комитетот претседаваше Hans Blöche, а во работата учествуваше и проф. д-р Ѓорѓи Филипов.
Договорот за валидација меѓу Европската патентна организација (EPO) и Грузија стапи на сила на 15-ти Јануари. Како резултат на тоа, пронаоѓачите и разните бизниси сега можат да ги валидираат своите Европски патентни апликации и патенти доделени од Европската канцеларија за патенти (EPO) во Грузија врз основа на националниот закон на земјата.
Oд 8-10 ноември 2021 г. се одржа 42-то издание МАКИНОВА, Меѓународната изложба за пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско-истражувачко и креативно творештво, како и 19-то издание на ЕКОНОВА, Меѓународна изложба на иновации, пронајдоци и идеи, чија цел е промоција на иновации за подобрување на животната средина.
На 13 Ноември 2021 година со видеоконференција се одржа 91—ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ), на кој присуствуваа вкупно 188 члена, вклучувајќи тројца претставници од МК: дипл. инж. Богољуб Илиевски во својство на потпретседател на Институтот и проф. д-р Ѓорѓи Филипов (двајцата постојани членови на Советот) и м-р. инж. Марија Ќосеска, како заменик член на Советот.
На 8 ноември 2021г., се одржа онлајн состанока на претседателот на Европската канцеларија за патенти (ЕPO), Антонио Кампинос и г-дин Дарен Танг, генерален директор на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) и потпишаа нов Меморандум за разбирање за билатерална соработка, со цел обновување нанивната заедничка посветеност за подобрување на поддршката на меѓународниот патентен систем за иновациите.
Светски реномираниот издавач на литература од областа на интелектуалната сопственост Walters Kluver од Холандија издаде втора едиција на делото „Разјаснување на Дополнителниот Сертификат за Заштита на патентите во Европа“, чии главни уредници се европските патентни застапници Oswin Ridderbusch & Dr. Alexa von Uexkuell од Германија. Во делото подготвувано две години се застапени 46 автори од 36 земји, меѓу нив и тројца експерти од Берин (Ванчо Дамјански, Ирена Петкоска и Ѓорѓи Филипов). Книгата излезе од печат во август 2021, има 1028 страници, 34 глави и пет прилози, како и табела на судски случаи. Северна Македонија е сместена во Главата 25 од 647 до 661 страница.
На 25 мај 2021 година, Кинеската национална управа за интелектуална сопственост (ЦНУИС) издаде привремени мерки за обработка на сродни бизниси за испитување во врска со спроведувањето на ревидираниот закон за патенти. Бидејќи изменетиот закон за патенти стапи на сила на 1 јуни 2021 година, а правилата за имплементација сè уште се ревидираат, ЦНУИС ги издаде овие привремени мерки кои се ефективни од 1 јуни 2021 година. Привремените мерки опфаќаат рок за дизајн на патент, делумно испитување на дизајн, прилагодување на рокот на патент, продолжување на рокот на патент и други области. Привремените мерки не опфаќаат поврзаност со патенти.
На 8 мај 2021 година со видеоконференција се одржа 90—ти состанок на Советот на Европскиот Патентен Институт (ЕПИ), на кој присуствуваа вкупно 160 члена, меѓу кои и тројца претставници од МК: проф. д-р Ѓорѓи Филипов, дипл. инж. Богољуб Илиевски (како постојани членови и м-р Марија Ќосеска, дипл. инж, како супститивен член на Советот).
За време на состанокот, членовите на Советот ја избраа новата генерална секретарка, г-ѓа Олга СИРАКОВА (БГ), на место на г. Корнелис Мулдер (НЛ), кој поднесе оставка во јануари 2021г.
Под индустриска сопственост се подразбира сопственоста над правата на патенти, трговски марки, индустрискиот дизајн и географските називи. Од слични причини, заради гарантирање на авторските права во различни држави во 1886г. е склучена Бернската конвенција за заштита на книжевните и уметничките дела. Тука спаѓаат делата во областа на литературата, науката, делата на сликарите, изведувачите, фонограмите, емисиите... Делата кои спаѓаат во индустриска сопственост и авторските и сродните дела заеднички се нарекуваат интелектуална сопственост.
Имате одличен пронајдок, кој никој предходно не го смислил Европскиот Патентен Завод(European Patent Office) на својот интернет сајт epo.org ве упатува на следните чекори!
На 22 и 23 Ноември 2019 г. во Лисабон, Португалија се одржа 87-ми Совет на ЕПИ на кој учествуваа околу 150 од вкупно 12.500 европски патентни застапници, меѓу нив и Марија Ќосеска Илиевска - раководител на оделението за трговски марки и индустриски дизајн во БЕРИН и Богољуб Илиевски - раководител на оделението за патенти во БЕРИН, како двајца од вкупнио четворицата претставници од Македонија.
Дипл. инж. Ванчо Дамјански, европски и македонски патентен застапник, извршен директор на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” и дипл. инж. Богољуб Илиевски, европски и македонски патентен застапник и шеф на Одделот за патенти, учествуваа на Европската конференција и на Саемот на услуги од областа на индустриската сопственост “IP SERVICE WORLD 2018”
М-р Марија Ќосеска, диа, европски патентен застапник, амб. проф. д-р Ѓорѓи Филипов, европски патентен застапник и Лилјана Филипова, дипл. инж, европски патентен застапник учествуваа во работата на 85. Совет на европските патентни застапници, којшто се одржа во Хелсинки во периодот од 9-11 ноември 2018г.
Евгенија Дивитарова од СОТУ „Ѓорѓи Наумов” од Битола за пронајдокот “CNC машина за гравирање со ласер” (МАКИНОВА) и Нада Бакаловска од ОСУ „Ацо Русковски”, од Берово за пронајдокот “Маст за изгореници” (ЕКОНОВА) се добитнички на традиционалните парични награди со дипломи (златени медаљи за младинско творештво), што ги доделува Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин”.
На една од најголемите изложби за пронајдоци и нови технологии во регионот на Источна Азија ”Taiwan INNO TECH ” која се одржа во Тајпеј од 27- 29 Септември 2018 г., Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН ги претстави дел од пронајдоците на нашите пронајдувачи кои се вклопуваа со темата на изложбата.
На покана на „Еуропа институт” од „Универзитетот на Саарланд” во Саарбрикен,Германија, проф. д-р Ѓорѓи Филипов на 18 јули 2018 одржа предавање на тема „Патенти”. Предавањето беше вклопено во рамките на Летната школа „Европско конкурентско право & заштита на правата на интелектуална сопственост” (8-21 јули 2018), организирана за постдипломци и докторанти од земјите на Југоисточна Европа и Германија.
Извештајот на Богољуб Илиевски од БЕРИН ДОО за годишната средба во Европскиот Патентен Завод – Партнерство за Квалитет (ЕПИ – ЕПО) објавен во тримесечниот информативен магазин на Европскиот Патентен Институт ќе може да го погледнете на следниот линк: https://information.patentepi.com/issue-2-2018/report-from-pfq-meeting.html
На 11 јуни 2018 во Виена, претседателот на Република Австрија, д-р Ван дер Белен прими делегација на „Европската академија на науките и уметностите”, предводена од претседателот на академијата, проф. д-р Феликс Унгер. Во делегацијата учествуваше и амбасадорот, проф. д-р Ѓорѓи Филипов, претседател на УО на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” - Скопје и директор на „Берин Интернационал” - Виена.
Годишното собрание на Меѓународната асоцијација за трговски марки (International Trademark Association, INTA) за 2018 се одржа по 140ти пат од 18-25 мај во Сиетл, САД, градот на Microsoft, на Boeing, Starbucks, Amazon, Jimi Hendriks, Nirvana и на многу други славни компании и личности, коишто дале придонес или го обележале развојот на светската индустрија и култура.
Дипл. инж. Богољуб Илиевски, МЗИС и ЕПЗ, шеф на Оделот за патенти во Агенцијата за ИС БЕРИН, како претседател на поткомитетот за квалитет ја предводеше шесточлената делегација при Европскиот Патентен Институт (ЕПИ) на годишната средба “Партнерство за Квалитет” кој се одржа во Европскиот Патентен Завод во Минхен на 23 aприл 2018г. Илиевски е одговорен и за спроведување на Системот за менаџирање на квалитет во рамките на ИСО стандардот 9001:2008, кој веќе 9 години е имплементиран во БЕРИН. Со своето искуството во областа, тој придонесе кон плодоносна размена на искуствата при имплементација на системот во Европската Патентна Организација.
По повод Меѓународниот ден на интелектуалната сопственост - 26 Април, во организација на Државниот Завод на Република Македонија во хотел "Солун" во Скопје се одржа традиционалното доделување на наградата ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА.
Оваа година наградата ПАТЕНТ НА ГОДИНАТА беше доделена на авторот Виктор Настев за пронајдокот "Уред со електрично или пневматско задвижување на преклопен механизам за иницирање намалување на брзина на возила", чијашто пријава беше поднесена во јули 2017 година од страна на застапникот БЕРИН.
Делегација на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” во состав м-р Марија Ќосеска и дипл. инж. Богољуб Илиевски учествуваше во работата нa 84. Совет на Европскиот патентен институт (ЕПИ), што се одржа во Валета (МАЛТА) од 13-14 април 2018г. Инаку, Агенцијата Берин, во Европскиот Патентен Институт е претставена во четири комитети: Комитет за професионално спроведување (м-р Марија Ќосеска), Комитетот за европска патентна пракса (Богољуб Илиевски), Комитет за дисциплинска постапка (Ванчо Дамјански) и Комитет за ЕПО-финансии (проф. д-р Ѓорѓи Филипов).
Дипл. инж. Богољуб Илиевски, македонски и европски патентен застапник (МЗИС & ЕПЗ), шеф на Оделот за патенти во Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН, на состанокот одржан на 25 Јануари во Минхен, беше едногласно избран за претседател на поткомитетот за квалитет и воедно како еден од четирите потпретседатели на комитетот за Европска Патентна Пракса при Европскиот Патентен Институт (ЕПИ). Овие функции тој ќе ги извршува во рамките на мандатот на овој комитет во периодот од 2018 – 2021 година.
Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН награди двајца млади пронајдувачи - учесници на 38-иот Меѓународниот саем на иновации - Макинова 2017, кој оваа се одржа во спортската сала „Борис Трајковски“ - Скопје од 25-29 октомври 2017г. и на кој своите пронајдувачки проекти и трудови ги претставија околу 50-ина пронајдувачи во катериите Макинова и Еконова.
На 153-тиот состанок на Административниот совет на Европската патентна организација, што се одржа во Минхен на 10 октомври 2017 година под претседателство на г. Кристоф Ернст (DE), го избра г-дин Антонио КАМПИНОС за наследник на г-дин Беноит БАТИТИЛИ како претседател на Европскиот патентен завод (ЕПО ). 5-годишниот мандат на КАМПИНОС ќе започне на 1 јули 2018 година.
Претседателот на УО на Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин” , проф. д-р Ѓорѓи Филипов, член на Европската академија на науки и уметности, учествуваше во работата на 8-мата Конференција на подунавските академии на науки и уметности, која се оддржа од 21-22 септември 2017 во Белград (Р. Србија), во организација на Српската и Европската академија на науки и уметности.
На ден 5 јули 2017 година, во Народната библиотека на Пирот (Р. Србија) се одржа промоција на книгата "БЕРИН ИЗВОР", чиј автор е г-нот Борис Џорџев.
Книгата претставува монографија за селото Берин, во околината на Пирот, кое што оваа година одбележува 200 години постоење. Излегувањето од печат на книга е со спонзортсво на Друштвото за интелектуална сопственост БЕРИН ДОО Скопје.
Во Барселона (Шпанија), од 20-24 мај 2017 се одржа 139 Годишно собрание на Светската организација за трговски марки ИНТА 2017 на која учествуваат околу 11.000 застапници за патенти и трговски марки од целиот свет. На Собранието учествува и Агенцијата за интелектуална сопственост БЕРИН со четворица претставници и еден соработник: проф. д-р Ѓорѓи Филипов, основач, дипл. инж. Лилјана Филипова, ко-основач, дипл. инж. Ванчо Дамјански, извршен директор и м-р Марија Ќосеска дипл. инж., раководител на одделот за трговски марки. Во организацијата беа вклучени и Маја Дамјанска, дипл. психолог, советник за издателство и комуникации од Скопје и м-р Иван Иванов, од ИП консалтинг, соработник од Софија. БЕРИН на 22 мај 2017г. спроведе семинар-работилница наменет за партнерите од Кина и останатите земји на Далечниот Исток.
На 10 Мај 2017 г., во Минхен се одржа 84-ти состанок на постојаниот комитет за технички и оперативни дејности при Европската Патентна Организација (ЕПО). Овој комитет брои нешто повеќе од 100 членови (по два члена од земјите членки на ЕПО како и од земјите придружни членки на оваа организација). Европскиот Патентен Завод беше претставен од 26 члена делегација на чело со трите потпретседатели д-р Рајмунд Луц, м-р Гилам Миној и м-р Алберто Касадо. Составот на овој комитет е надополнет со по еден претставник на Заводот за Интелектуална Сопственост на ЕУ (ЕУИПО), Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИП) и Европскиот Патентен Институт (ЕПИ).
Од 23-25 Април 2017, во Минхен (Германија) се одржа 82 Генерално собрание на Советот на Европскиот патентен институт, организација на европските патентни застапници, која брои 11.500 членови од 38 европски земји. На Собранието учествуваа 136 делегати, меѓу нив и четворица од Македонија. На местото на Холанѓанецот, Тони Тангена избран е нов претседател, Френсис Лајден од Белгија, чии потпретседатели се д-р Барбара Куниќ, Словенија и д-р Хаике Фогелсанг, Германија. Нов ГСек е Роаж Переира од Португалија.
Основачите на Аганцијата за интелектуална сопственост Берин, дипл. инж. Лилјана Филипова и проф. д-р Ѓорѓи Филипов, амбасадор, македонски и европски патентни застапници, присуствуваа на два настани во Салцбург и тоа на 3ти март на „Симпозиумот за нанотехнологија”, и на 4ти март на „Свечениот Пленум на Европската академија на науките и уметностите”.
Во услови на голема несигурност, со која се соочува економијата во светски рамки, е забележан пораст на глобалната економија на знаење. Имено, во февруари 2017 г. Светската Организација за Интелектуална Сопственост (WIPO) ја објави 3 милионитата патентна пријава во рамки на својот Дoговор за соработка во областа на патентите (PCT).
Пред десетина дена познатата компанија Tesla го промени изгледот на логото за возилата Model 3, така што, наместо досегашните три паралелни ленти, новото лого е со цифрата 3. Од компанијата трвдат дека ваквата промена е стилска промена. Сепак, судските документи укажуваат на фактото дека Adidas имал влијание за ваквата промена.
Нашиот застапник дипл. инж. Богољуб Илиевски учествуваше на Првиот состанок на Постојаното Советодавното Тело пред Европската Патентна Организација (SACEPO), што се одржа на 17 јануари 2017 г. во Минхен (Германија). Оваа нова тело, SACEPO во рамки на Пот-комитетот беше создадено со одлуката на претседателот на Европската Патентна Организација (ЕПО)....
Според статистиката на Заводот за патенти и марки на САД, изминатата 2016 година е одбележана со зголемен пораст на издадени патенти во однос на претходните години. Имено, вкупниот број на издадени патенти во 2016 година изнесува 334.673 што претставува зголемување за 7.793, односно 2,4%, во однос на 2015 година.
Во рамките на тридневната конференција за Мобилни Апликации Mobile App Camp која се одржа од 30.11 до 02.12 во MBC конференцискиот простор на Скопски Саем, во организација на Yes Incubator со учество на над 120 учесници, од кои повеќе од 70, од странство и 20тина меѓународни ментори од оваа област, Агенцијата за Интелектуална Сопственост БЕРИН доо зеде активно учество.1